Кој ден од циклусот го правеше испитувањето и колку е долг во просек? Оти едно испитување нема значај и не се утврдува така дали циклусот е ановулаторен. Прогестерон се испитува 7 дена по утврдена овулација, освен тоа многу варира во текот на денот и затоа не се обесхрабрувај пред време. Можеби нема поминато толку дена или тек ќе овулираш или за кратко ќе добиеш. Ќе следите и понатаму, па макар и да си немала овулација овој, не значи дека и другиот циклус ќе биде таков, освен тоа, има решение за ова ако воопшто е проблем кај тебе.
Факт е дека не секој циклус е овулаторен. Секоја жена, просечно земено, годишно има 9 овулаторни циклуси од вкупно 13 циклуси. И така е нормално. Се согласувам со Saba08 и мислам дека прерано е дојдено до дијагноза (дека немало овулација). Но, особено почитувам мислење и констатација од доктор! Така да, и да не се случила овулација, нормално е ако трае само еден циклус тоа. Ако и понатаму во наредните циклуси нема овулација (скраја да е), тогаш се зема терапија, се провоцира овулација. Т.е. велам дека има начин како да се реши проблемот (ако се испостави дека е проблем) и дека нема простор за паника. За нивото на прогестерон Saba08 многу убаво ти објаснила, а јас потполно се согласувам. Инаку, додека да доиспиташ се', вие во меѓувреме ќе си се обидувате за бебе, така? Оти, јас додека испитував (немам којзнае што многу испитано, но ете ќе споделам искуство), секогаш гинекологот ми напоменуваше да не престанувам со обиди. Со ова сакам да ти кажам да не си губиш безпотребно време во чекање, ако има простор за обиди
Zdravo, ispitano e progesteron na 21 den i vrednosta e 13.23. Me interesira dali e vo red t.e dali imalo ovulacija ako moze da mi kazat poupatenite vo ova..
Да, се смета дека ако е над 10 имало овулација, барем јас така знам. Може долната граница да беше и под 10, ама да, 13 значи дека имало.
Прекраснии вести, многу ме израдува Чувај се периодов и се ќе биде како што треба, те чекаме и во труднички муабети да си споделуваме искуства ❤
@*Лаванда* да да секако дека ќе пробваме и јас почитувам то што ете барем конечно некој се нафати да почнам со испитувања а не да оставам на времето... Исто и тој ми рече дека секако од едно следење неможи да кажи ништо конкертно па затоа ќе продолжиме со контроли па ќе видиме што ќе биди . @Saba08 можи малку ќе звучам неупатено со оглед на то шо ме ми е баш стабилна менст... последно ми дојде на 13 окт и ми траеше скоро 6 дена ( од секогаш ми траело толку последниот ден скоро и да немам) во Петокот на 29 имав прва консултација со докторот и ми виде еден фоликул од 15мм, а вчера испитав прогрестерон ( нз кој ден од циклус иди тоа) Одма ми даде почетни упати што да испитам . Ми рече да не кревам паника пред време. Сега чекам да ми дојди па да испитам хормони. Понатаму шо и како треба се со ред. Се извинувам на малку подолгиот пост.
Лунерба мене ми се покажа како ефикасна, ја земав прво таа лунерба плус ама ме успиваше и затоа продолжив со обичната. На природна база е иначе.
Јас конкретно ја користам мака во прав на Foodin, желатизирана, но кај нас ја нема оваа фирма конкретно. Ја зедов бидејќи е органска тука каде што живеам надвор од мк. Но гледај тоа да е што попроверана во смисла на органска. Можеш и како таблети јас во моментот инаку пијам од сите три вида на корен мака таков е мешан составот, црвен црн и златен корен мака. Секој има различно дејство но некои и се поклопуваат како и да е штета нема. Само луѓето со висок притисок и тироидна не смеат.
Ти благодарам многу, инаку не знаев дека треба желатизирана, на среќа ја зедов таква од радозналост. Инаку по пола лажича ја земам. Знам треба да се паузира една недела во месецот. Не те разбрав околу мака капсули на Now дали тие ти беа подобри од маката во прав?
Мене хормоните ми се испитувани 3 пати до сега и секогаш различни вредности имам, доктотите ми кажуваа дека тоа се сличува затоа што немам редовен виклус најверојатно и немам редовна овулација или па е слаба овулацијата. Ми викаа малку како низок прогесгеронот (последно беше 0.540) ама и еднометриумот ми е многу тенок ајде на др доктор тој вика нема врска се е во ред. Единствена работа што се поклопи со сите доктори беше дека треба хистероскопија да правам. Иначе и мене не ми дадоа терапија за прогестеронот. Да напоменам мене ми го испитуваа прогестеронот на 21ви ден од циклус.
Здраво девојки На кратко би сакала да ја споделам мојата приказна со Вас. Останав бремена во март месец по природен пат но бременоста ми заврши во 16та недела со пукање на водењакот. После сите испитувања дознавме дека имам аномалија на матката. Се работи за еднорога матка со еден лев функционален рог со кавум утери 2.1цм, и десен рудиментиран рог кој не е поврзан со левиот и е само како мускул. Од испитани мутации имам хетерозигот на МТХФР (и на двата). Од хормоните пролактинот ми е покачен, 41 е (на 3 ден од циклус направен). Треба уште еднаш да го проверам пролактинот да се види дали е уште висок за да се даде терапија. Брисеви и се останато е во ред. Добив зелено светло да почнеме да се обидуваме пак и препишана ми е само метилирана фолна за сега. Многу би ми значело ваше некое искуство за ситуацијава. Гледам да одам со позитивна мисла дека ќе биде пак и овој пат знаејќи го проблемот ќе може поинаку и повнимателно да се реагира, но секое искуство би ми било од помош. Исто така би сакала и некоја суплементација дополнителна да земам, витамини, храна, мака, па нешто да ми препорачате од кое сте задоволни.
Јас го направив со литар, некаде прочитав да се засечат смоквите за да навлезе маслиновото али овој пат ги стаив цели
Капсулите содржат сурова мака и немав намера да ги пијам, ама во моментот немаше желатинизирана и ги земав само по отприлика пола капсула на ден и со таа доза немав тегоби.
На преглед си била 17-ти ден од циклусот, на 20-ти си мерела прогестерон. Можеби продолжил да расте во наредните денови, па пукнал подоцна, во секој случај, прогестеронот не е мерен соодветно. И, арно ти кажал докторот само без паника. Ете, ќе испитувате, ќе следите и ќе биде.