Поддршка за сите оние што сакаат да забременат

Дискусија во 'Бременост' започната од bik23, 29 октомври 2010.

  1. Бебе25

    Бебе25 Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @Thinkerbell. Здраво
    Јас имам слично искуство, после две години обиди останав бремена по природен пат, но за жал бременоста ми заврши во 10та недела во декември. Од тогаш ги направив потребните испитувања, ми дадоа метилирана фолна пиев, но мислењата од различни доктори беа да не чекам да правам инсеминации. Направив 2 со растојание помеѓу нив, пред третата на прегледот ми открија полип на матката на кој што се сомневаат дека е причина за неплодност од абортусот и ми предложија хистероскопија да направам следниот месец, а овој месец ја направив третата инсеминација која што мислам дека ќе биде без успех, бидејки полипот е пречка од едната страна каде што имав фоликули.
    Започнуваме сега од почеток, ама верувам дека еден ден на сите ќе ни се исполни најголемата желба ќе бидеме родители
    Моментално пијам обична фолна
     
    На kikikikirika и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  2. TheDogLover

    TheDogLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Женски, сакам да порачам од али ленти за овулација, гледам има неколку различни. Кои ви се покажале како најточни и од кои сте задоволни?
     
  3. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    14.345
    Пол:
    Женски
    Најубаво од аптека да си купиш според мене.
     
  4. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Јас пијам Овунорум капсули, Метилирана фолна од 1000,мултилак (пробиотик) и метилирана б12, ова ми беше дадено од докторот. Пиев и аспирин ама требаше умници да вадам и ми го прекинаа, па има едно 2 месеци не го пијам, ама сега повторно ми го рекоа да продолжам со него.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Еве мало известување од мене. Бев кај матичната, направив бета хцг вредноста е 1982. 0 испитувана во авицена. Докторката кажа дека е одлична бројката. Ме гледаше на ехо кажа дека сакусот е добро оформен меѓутоа нема сеуште ништо празен е и е мнооогу ниско поставен, доле до грлото на матката, а требало да биде горе. Препорача да ме боцнат инекција прогестерон зашто големи биле шансите за спонтан ако е ниско. Ми беше малку шубе да го примам, дали страв незнам... незнам... избезумена бев. Инсистираше докторката, се согласив,ми кажа дека само корист можам да имам од него штета не. Ми даде и Добростон да пијам и некој вагинален гел на база на прогестерон што во аптека неможат да го дешифрираат ракописот. Да примам исто треба клексани и кардиопирин(што мислам дека е и многу, незнам) или да сум почнела со аспирин па ќе видиме понатамо. Спомнав за телесната температура и ми кажа дека на почеток е нормално, меѓутоа после веќе не е во ред. (Јас ја имав телесната темпертура и во првата бременост до 21ва недела истата беше) Ако продолжи да е така ќе морам да правам испитувања за автоимуни болести, еднокринолошки или др испитувања, друга опција е телото да не го прифаќа плодот да мисли дека е страно тело и да сака да го исфрли. И да Ви кажам си излегов од ординација и се тресев како трески да ме тресат како страв некој неможам да објаснам,дали премногу сум напната што ќе се случува или ми ствара страв целата ситоација незнам.
     
  6. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    14.345
    Пол:
    Женски
    Те читам цело време ама мора да сфатиш дека сега со вакви мисли можеш само да си наштетиш на себе и на своето бебе не дозволувај до доаѓаш до степен на тресење од неисчекуваното. Терапијата што докторката ти ја дава може само добро да ти направи лошо не! Слушај се што треба пи и малку поопуштено со мислите :hug:
     
    На Freckles., IRBBB и демотивирана им се допаѓа ова.
  7. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ти Благодарам, а богами да ти кажам и по твојот коментар и муабет со сопругот одлучив да се опуштам и да оставам сами да имаат тек работите јас само да слушам и правам се што ми се кажува. Ќе се придржувам до тоа pinky promise. :hug:
     
    На stsmua05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    21.167
    Пол:
    Женски
    Можам да замислам колкав товар и страв имаш, ама пробај барем малку да се смириш за да одат работите во добар правец и на тоа мало душиче што расте внатре да му пружиш најдобра средина. Ако мислиш дека ќе се смириш оди и на трето мислење, па ќе си извадиш Нзс од сите тројца доктори.

    Мораш да имаш верба дека овој пат сѐ ќе испадне добро. Бог е со вас, моли се да бидете добро и ќе се наредат работите. Ти посакувам многу среќа и живо и здраво бебенце!
     
    На siaSweet, Freckles., Ani93 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Точно, свесна сум на се тоа, само стравот мислам дека ме изигра пред разумот. Неможам да помогнам со грижите што си ги стварам самата, можам само да одмогнам, што во случајов не ми е во прилог...така да полека се ќе дојде на свое место. Немам потреба да трчам и режирам филмови пред било што. Само ќе му дадам време на времето. Ти благодарам на поддршката и советот:hug:
     
    На Bella_Stella, stsmua05 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @демотивирана сите на форумот ти праќаме среќа, надеж, верба и сила сè да биде во ред и ќе биде, верувај! Знам што значи да страв и знам колку тој страв знае да го надвладее разумот и да те избезуми, но мораш да си силна и стабилна, бидејќи една надеж расне во тебе:f:

    Те гушкам и ти посакувам здраво и живо бебенце:hug::l::inlove:
     
    На Freckles., Bella_Stella и Ani93 им се допаѓа ова.
  11. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Не знам за тие од Aliexpress оти не ми се чека два месеци, ама порачував од ebay и точни се, нема промашување со нив и стигаат брзо:
    https://www.ebay.com/itm/100-X-ULTR...2-47f2-4d49-8d7e-7e4df62cb60e&redirect=mobile
    Тестовите за бременост од овде и општо од интернет се за никаде, често даваат лажно позитивни или лажно негативни, ама тестовите за овулација се точни, досега немало промашување со нив.
     
  12. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки .. еве ме мене после милион неуспешни обиди и две неуспешни инсеминации и после 3 години борба..
    Ми треба ваша помош :l:
    ... Минатата недела од 24.10 па се до 29.10, имавме секој ден незаштитени односи (и пред и потоа со по еден ден пауза )со намера да ги погодиме плодните денови.. од тогаш си имам благи болки и грчеви во долниот дел на стомакот,боцкање во десен јајник но не обрнав внимание на тоа бидејќи во последниве месеци го имам редовно.. но денес на 7 дена пред да очекувам да НЕ добијам, сабајле при прво мокрење при бришење гледам ептен бледо розеникаво на хартијата.. симптоми други како болни гради и болки пред добивање немам,а ги имам секој месец.. Што мислите дали е можно да е имплантациско крварење? Дали да си дадам надеж дека можеби сме успеале?
    Читав за имплантациското крварење знам дека не се јавува кај секој..можеби само залудно се надевам но пуста желба за бебче абе влакно во јајцето барам секој месец само да најдам нешто за што да се понадевам дека сум успеала.. :(
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    21.167
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога се пробува има шанси, така да имаш право да се надеваш. :) Кога треба да не добиеш?
     
  14. A.a.gj

    A.a.gj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Некаде на 10ти -11ти треба да не добијам .. јас се надевам дека сме успеале.. дај Боже :(
    Несакам па и премногу надеж да си давам, 3 години секој месец стрес и разочарување .. тешко е,многу е тешко :(
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    @демотивирана ти праќам безброј гушки и многу позитивна енергија! Пробај максимално што можеш да се опуштиш, фокусирај се на здрав начин на исхрана, читај книги, слушај музика, било што што ќе те оттргне од тоа да размислуваш премногу.

    Папот и брисевите ми се во ред. Според апликацијата сега запазив дека уствари само 3 обиди ми биле во рамката на плодни денови.
    Пијам овунорм по препорака, Хаемавит плус ради анемијата, меѓутоа не знам каква фолна киселина има во составот. Некаде прочитав дека треба да се пие и метилиран Б-12, па може ли некој да ми објасни зашто е битен?
     
    На siaSweet и демотивирана им се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Секако дека е можно, само насочи ги мислите кон нешто друго, не се опседнувај многу мислејќи што е и како е. Мене симптоми како болни гради и грчеви ми се појавија дури по доцнењето на мензисот. Денови пред да добијам бев поспана и ждригав многу, е дури 1 недела по доцнење почнаа полека грчеви и отечени и болни гради, а болката во градите веќе во 6та недела ми беше како да ми горат брадавиците, како гнило да ми е под пазуви. Секако тоа е индивидуално кај секого, ама еве едно искуство +
     
    На A.a.gj му/ѝ се допаѓа ова.
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Јас да си прашам, дали некоја од вас имала ановулаторен циклус? Мислам така дека беше точниот термин.
    Последен циклус имав на 4.10 и навистина оскуден. На 20.10 бев на гинеколог и матичната ме погледна на ехо и рече дека изгледа како туку што да ми завршила овулацијата, а јас секогаш ја забележувам ама овој пат ништо, и рече дека за 2 недели треба да добијам.
    Е сега 2 недели поминуваат денес, а ние и пред прегледот и после прегледот сме си активни. Знаци за добивање немам.
    Дали постои некоја веројатност да се фати нешто при ваков циклус или јас само си се филамам :)
     
    На демотивирана му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ановулаторен циклус значи дека воопшто немало овулација, а тоа значи дека не може ниту да има оплодување. А штом докторката ти кажала дека изгледа како да ти завршила овулацијата, значи дека си ја имала, иако не си ја почувствувала.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    15.026
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на брзиот одговор Iris-1234, според описот на циклисот ми рече најверојатно е ановулаторен, а според изгледот на матката вајда како да поминала овулацијата. И јас не сум на чисто, ај ако не ќе си почекам уште некој ден
     
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Околу два циклуси во годината се ановулаторни, тогаш јајниците одмараат. Не се грижи, нормално е. Продолжете со обиди и понатаму:hug:
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.