Честитки од срце и со лесно до крај! Да си имаш лесна и школска бременост!! Уживај максимално во периодот кој следува
Искрено не знам после колку време препорачуваат, мислам после година ама не ме држи за збор. Мислам и зависно од годините, за да не се губи дополнително време. Ама секако пред да поминат 6 месеци од активни обиди мислам дека ни еден гинеколог не би препорачал.
Да, ама мислев колку време најмалку да помине од една бременост која поминала во ред, за наредно да се испитува? Пример јас сум лапароскопија правена, ради претходна вонматерична, па после тоа по операција забременав природно по две години. Дали би требало д испитувам проодност, ако не успева забременување? Докторот засега ништо не ми спомнува за тоа.
Аа, извини не те сфатив. Стварно не би знаела тоа да ти кажам можеш на следен преглед да му спомнеш, да го прашаш.
Да да, ќе видам баш. Те прашав бидејќи спомна за проодноста зависно колку време е поминато од првата бременост. Затоа реков да не знаеш нешто. Инаку, да се дополнам. По лапароскопијата, останав бремена по 2 години, зашто јас бев упрпана, не се обидував. Откако почнавме со обиди, во рок од 4 до 5 месеци успеавме. Фала ти.
Знам дека може да дојде до промена на проодноста помеѓу две бремености бидејќи таков беше случајот со една бивша колешка. Девојчето немаше проблем со првата бременост, да речам одма забремени, а за вторто дете поминаа неколку години пред да успеат, кај неа се јави проблем со проодноста на едниот канал и ко за беља од таа страна имаше најчесто фоликули. Е сега може проблемот да го имала и од пред тоа, па месецот кога забременила да имала фоликул од другиот јајник. Друго што они почнаа со обиди за второ дете кога малиот им направи 2ипол години, зошто она беше со царски па така им препорачуваа (да поминат 2 години од царскиот) ама они почекаа плус некој месец. Па се обидуваа може година пред да почнат со испитувања. Се на се 3 или 3 ипол години имаа поминато. Сакам да кажам тоа е доста време за да настанат било какви промени во телото, па и промена на проодност.. Кај тебе колку време има поминато од бременоста или од кога се породи?
Шо цена се Флажил таблетите. Ми ги препишаа со мм да ги пиеме. Јас 5 наеднаш а мм 14 дена. Чудно ми е тоа 5 наеднаш. За една недела треба да ми дојде, виде жолто тело ама не се гледа дали има оплодување.
Мм спермограм испитуваше во Систина таму си даваш примерок, околу 3000 ден беше. Има испитувано во Букуреш фондовски од дома си носеше примерок За маживе само тоа, а за нас жениве еден тон прегледи. И ние се обидуваме , но без резултати, Кај да е ќе треба да се зафатиме и ние со прегледи .
Помина година и 9 месеци скоро од породување. А од лапароскопијата се направени 4 години. Мене по операција многу ми беше страв да се обидувам, после ми беше страв да не поминало многу време, па пак истата беља да не ме снајде, ама успешно забременав, фала на Бог. Значи до тогаш бил прооден, е сега не знам. Да видиме со маж ми шо бактерија вирус има во сперма, па ќе решаваме. А дали знаеш ако е отстранет едниот јајцевод дали и од него може да се искористи јајце-клетката? Гинекологот ми кажуваше немало врска што ми е отстранет, можело да се случи оплодување и од таа страна, дека некако јајце-клетката доаѓала зад јајникот, имало празнина, појма немам, не го сфатив добро.
Видов баш и во ценовникот на new born, спермограм 2000, спермокултура 1000ден. Ќе направиме месецов некаде, еве баш сега рачунам само за моите испитувања ќе отиде една плата
Тоа стварно не би знаела да ти кажам Може е подобро прво како што викаш, мт да испита спермограм, бактерија/цирус во сперма, ти испитај хормони, па ова испитување да го оставите за крај. Ако некоја членка е поупатена за отстранет јајцевод нека пише. Само не се секирај, со позитивна мисла и се ќе биде во ред
За грешни дијагнози и со тоа сходно лоша терапија од која нема потреба и е прескапа, досега 3 такви искуства од кои едното ептен на блиска личност.
И мм правеше спермограм и спермокултура во њу борн, од тој дел ние имаме добро искуство таму. Да знаете само дека за мт ќе треба инфективен скрининг (хепатити и ХИВ) шо таму се плаќа уште 2500 мислам, а можи на државно да го направи за 300 ден само со лична карта.
Планот ми е таму да направи спермограм и прва опција ми беше Димитров во Ремедика доколку мојот гинеколог не може да помогне. Ќе разгледам и други опции. Фала
Во Железничар кај Беко, без упат само со лична карта, 300 ден е, резултати за 2-3 часа издаваат. За спермограм и спермокултура, ако не ви се брза ептен, може и на ГАК и Хистологија со упат од општ матичен за 100 ден да си направи. Некаде околу 25 декември има термини.
Можно е да дошло до проблем со царскиот. Ретки се тие случаи, но киретажа, царски, мислам дека се еден од ризик факторите за непрооодност на канали, веројатно ако нешто не се направи како што треба процедурата , ако дојде до некоја компликација. Друга причина може да се одредени бактерии, а некогаш па не може ни точно да се најде причината. Веројатно имало нешто, ама не биле свесни во моментот и за жал се искомплицирало. Нежни се каналчињата. Познавам луѓе кои единствено имале некои уринарни инфекции, немале др ризик фактор, па дошло до запушување. И што велиш може за првото се погодило од другиот јајник да овулира, иако каналите би требало да може да преземат и јајце клетка од другиот јајник. Ти мила те прочитав баш сега, бремена си била Честитки и со лесно до крај @Jana06 мислам дека Димитров е добра опција, иако не сум била кај него.
И мене ми кажаа дека после царски знае проодноста да е проблем и дека ќе морам да испитувам. Ќе одам на ГАК ама прво да средам уролошки проблем.