А бе гадови! Ве читам и еден револт ми се создава, преголем! Што треба да се случи за да луѓето си ја затнат муцката??! Колку интимна работа е имање деца! Треба ли во постела да ги викнеме да видат што правиме?? Серизно, така би им викала. Сакате да дојдете, да помогнете в кревет? Гадови безмозочни! Кога ќе слушнат дека имам едно дете, велат со еден понизен тон (особено повозрасна генерација) "ајдеее, ќе даде Господ" па еве ми даде господ тикво една низаедна. Една друга пак, низ муабет ми вели: " колку има твоето" ѝ велам година и 9 месеци. "Кога второ?" Ѝ велам не знам, тоа не се планира. "Е па ајде таман е сега, нели гледаш дека сестра ти има 3 деца, колку е поинаку сигурно кај неа, бучно, а кај тебе е тивко со едно". И кај мене е бучно, ѝ велам, слушаме музика, играме. Упорна продолжува, "а бе да, ама друго е со 3. Кога ќе порасне тоа, ќе ти бара" Ѝ велам: ќе бара зш ќе слуша од околината дека го боцкаат, иначе нема. И се заќуте. Многу смирено го примив муабетов, ама после кога ми текна колку бедно звучи... Дајте, кажувајте како да се справуваме со вакви луѓе, не се трпат. Коментираат сите и блиски, далечни, непобарани мислења. Нивното не е арогатно, така, а ако им се втурам, тогаш јас ќе бидам некултурна.
Жени, еве го резултатот за FSH немаа реагенси.. И пратив на докторката чекам да ми врате.. Шо ке кажете вие?
Тсх ти е малце повисок, докторите го сакаат до 2.5 за забременување, се средува со терапија. Останатите ти се ок, ама без фсх не може да се види целата слика.
Мислам дека до 13ч земаат крв. Резултатите за два три саати се готови. Два пати сум била ептен се фини и брзо сум завршувала работа.
Ти благодарам многу Maтичната ме препраќа во Јавно здравје , а знам дека тука сум читала дека имаат правено и во Железничар. Ми треба за ИВФ. Ќе ми го сметаат за валидно од таму , така?
Да да, и ја за ивф правев. Најбрза варијанта ти е таму. На втори на шалтер плаќаш со лк, и после со потврдата се спушташ на први и ве боцкаат. Ајде нека е со лесно постапката!
Знам дека не му е правото место али не најдов соодветна тема . Некој ако ја знае процедурата за поврат на фраксипарини да ми каже. На првиот извештај од трансфузиолог наведено е дека треба да примам 7 али на вториот само да продолжам со терапија ,а не е наведено колку и за тоа да не прават проблем да одам да ми допише.
Јас имав ситуација една на работа од колешка на возраст околу 45 години. Имено јас сум голем љубител на животни и често волонтирам, помагам згрижувам и со еден од колегиве почнавме да дискутираме каде ќе одиме на планина тој викенд со кучињата кога "госпожава" ми се обраќа со ајде ма доста идеш шеташ кучиња оди раѓај деца!! Само и се обратив со нагласок прв и последен пат да ми каже такво нешто, а дури не чуствуваше ни вина па не се ни извини. Тие се фази во животот ајде кога ќе те мажиме, и кога ќе се омажиш ајде кога деца
Ауу кучиња им се болна точка Имам 4 мои кучиња и обавезно уште едно од улица згрижено до вдомување. Ги шетаме со мајка ми и една комшика и вика за мене "Абре нека се батали од кучињава, деца нека раѓа" и мајка ми и вика ти на ќерка ти и кажа кога да роди или она кога сакаше. И оваа хехехе кисело
Да обично тоа се луѓе гневни кон светот се им смета од животни до луѓе, па успеа од нигде никаде и мене да ме нападне дека повеќе сум мислела на животни него на деца За жал ова е Македонија се поретко се гледа во сопственикот двор почесто во туѓиот.
Што се тиче таа тема и прашања, секогаш идам со подпрашање за нив: Ќе ви се смени ли на вас нешто во животот кога јас ќе имам деца и ако добиете одговор зошто до сега немам? Пали увек На безобразни прашања само ист Feedback!
Zdravo devojki denes mi e 18 den od ciklus imam mnogy akni na bradada izlezeno do sega ne sum imala tolku mnogu a kalendarorot pokazuva ovulacuja dali znaete sto znacat aknite vo sredina na ciklus inaky na 32 dena mi doagja
Штом си со хормони хаос најпрвин да си отидеш на ендокринолог. Јас со тие хормони водам битка 5 години, ти препорачувам да си отидеш до кај Др. Бранкица Крстевска во Срце ( приватно) или на клиника ендокринологија
Веќе 10 години сум на ендокринологија. Прв пат кога гинекологот ми дијагностицирање ПЦОС. Редовно земам терапија а овулации скоро и да немам. Кај Ивица Смоковски сум пред тоа бев кај Перцан.
Јас сите ги прошетав со патофиза почнав на ендо завршив. Само жалам што порано не отидов кај Бранкица, таа докторка кај мене го откри проблемот сега сум кај Катерина Адамова и она за мене е врв од доктор... Единствената докторка што ми рече ( ти додека не останеш бремена јас не те пуштам ) а тоа многу ми значи.