Жени испитував хормони на трет и 14 ден од циклус дефинитивно пробелмот ми е во естрогенот( Премногу ми е низок околу 20-22) затоа и ми доцни и немам овулации фсх и лх се покачуваат што е добро. Ве молам искуство како да го покачам докторката ми даде Инозитол и фолна… Јас на своја рака пијам чај од црвена детелина и анасон,ама ништо друго конкретно не најдов на нет за оваа проблематика. Строго одбивам хормонална терапија
Причини за намален естроген може да има повеќе. Од искуство на моја блиска особа да знаеш само дека покрај другото естрадиолот може да се намали и од недоволно јадење (или опседнатост со храна и следствено исклучување на цела група на хранливи материи), интензивно вежбање, ако имаш мн малку масно ткиво, мн ниска телесна тежина итн. А циклус имаш редовен? Си пишала дека ти доцни. На колку време во просек ти доаѓа?
@MarijaMi90 Па во просек на два месеци ми доаѓа и мислам дека ќе експлодирам може да ми е од интензивното вежбање последнава година го сменив начинот на исхрана и живот. Ама јас и секако страдам од пцос… Само не ми е јасно како од сите хормонални пореметувања.баш овој сега ми е низок мислев е тестостеронот правев и глукоза толеранс се е во ред. Неможам да најдам алтернативи други ако има некоја со сличен статус нека сподели.
Хормоните се мн комплексна работа и се ова се само претпоставки, се разбира дека не мора тука да лежи проблемот. Но, со сигурност еден од факторите за намалување на естроген може да биде претераното вежбање и рестрикцијата на исхрана. Малку е контрадикторно, зошто за Пцос се препорачува намалување на тежината, ако имап вишок килограми, одбегнување на благо и тестенини, но гледај што и да правиш да биде без претерување. Немаше да ти го кажувам ова да не се уверев сама преку пример на блиска личност. Сепак 20 и не е така малку, може е моментална состојба. Само припази си на ова што ти го спомнав. Подобро некои полесни вежби, јога или пешачење итн. И мене ако ме слушаш не исклучувај целосно јаглехидрати и скроб, внесувај ги преку некои поздрави варијанти како пример манџи, кафеав ориз итн
Се мислев дали да го пишам ова ... За тие што планирате прва бременост превентивно за да не доживеете на прв преглед докторката да ви каже ова ќе биде убава бременост и на 2 скрининг да ви кажат жал ми е бебето не е живо покрај нели микробиолошки брисеви и пап направете си 4Д ехо неколку дена пред да добиете за да се исклучи можноста за постоење на септум (преграда) на матката и генетски мутации. 4Д ехо јас правев пред еден месец во Ремедика кај Петановски платив 5700 ден, генетски мутации се испитуваат на Трансфузија со упат од матичен е 1250 ден , во МАНУ е 450 ден се прават и на институт за имунологија таму не ја знам цената. Подобро дајте ги овие пари однапред и елиминирајте ги шансите за абортус однапред отколку ја доживеете болката за изгубено дете.
Не си во право и покрај сите испитувања кај незнам колку доктори посетено,правено хсг не покажа дека имам септум на матка од 2,5см и имав два спонтани,тек кога се одлучив за хистероскопија увидоа дека имам септум,колку сакаш прави испитувања се направи не мора да значи дека нема да имаш спонтан.
ХСГ може и да не покаже затоа пишав 4Д ехо, секако дека секогаш ќе постојат можности за абортус јас ги пишав овие 2 можности да се елиминираат затоа што нашиве доктори бараат да се испитаат откако ќе доживееш повеќе абортуси
Уште еден месец у канта, тоа е. Не успеавме ни терминот за спермограм да го фатиме, на мм татко му почина и не сакав да го притискам. Добив со 3 дена доцнење, никад досега не ми се десило волку доцнење освен еднаш после пораѓај кога 2 недели ми доцнеше. ВО стомак се надув, апетит еден за кисело, абе страшно, гасови, гасови... Ај не си напрај филм да те видам и не мисли. Како успевате да не мислите на тоа кога идат деновите? Како? Ќе пукнам. Еве овој месец, како да не мислам, не ми е јасно. Кога ќе ми речат Ќе биде, само опушти се ти, ќе биде. Како оди тоа опуштањето? Како да го исклучам мозокот да не мисли на таа тема. Не знам начин ете, може јас претерувам ама не успевам да не мислам на тоа. На ум сум и доктор да сменам, ама сакам некој што ќе ми објасни убаво, да не го прашувам за секое едно, сакам кога одам да ме гледа да ми каже што видел а не од пред 8г да имам слепен јајник и да не знам за тоа, он видел и тогаш се обидувавме 2ипол години и ниеднаш не ми спомнал. Не знам, може се потресувам и јас многу. Нека поминат празниците ќе одам и кај урологот и тоа да го средам, средив скоро се што би можело да е пречка, почнувајќи од губење 25 кила па до ете да ги средам проблемите со бешиката.
На кратко, маката е зеленчук, адаптоген, ги регулира хормоните во организмот, без самата да содржи хормони. Најдобро е да се користи желатинизирана мака и да се почне со мала доза, која постепено се зголемува до постигнување на саканите ефекти. За поподробно кликни на линкот од претходниот пост.
Треба амоксиклав да пијам 10 дена, а мм ништо. Колку што сфатив не е сексуално пренослива ама ни рече да паузираме со правење дете за да се излечи прво.
Жени, со оглед на тоа дека пиевме со мм Флажил, и бидејќи е антибиотик, дали може да претставува проблем за овулација овој месец, 9ти ден од циклус ми е и се мислам..
Некаде низ темата сретнав дека за хсг не треба упат од матичен. Може ли само со чисти брисеви да одам на гак?