Zdravo devojki planiram da pijam caj od crven zdravec ovoj mesec deneska mi dojde sega sakam da prasam dali ste pijale i kolKo vreme se pie
Спермограмо е добар само малку ми е покачен пролактино пијам апче по шема па нареден месец ќе одам на контрола мене ми беше страв само тај отпор што го пишува на каналите да не праве проблем
Обично после хсг имате поголеми шанси за забременување во првите 2-3 месеци. Сепак каналите се проодни да имало нешто "пострашно" ке ви кажеле. Доколку е пролактинот со терапија се средува. Без гајле и работете на случајот.
Ништо кај мене овој месец драги дами, се тестирав со лентите имаше благо црвенкаста линија и наеднаш почна да бледее секој нареден пат, плус одев и на фоликулометрија имав фоликул 11мм на лев јајник и подоцна утврдивме дека не расте туку за жал се намалува.. (додека пак Др за ендометриумот кажа дека е одличен и се движел во супер насока како и за епителот само малку по омекнат требал да е) Ако кажам дека не ми е мака навистина ќе лажам, но пробувам да дојдам на себе и со нови сили следен месец, а на сите вас ви ја пуштам целата среќа за две жар цртки месецов Инаку со полицистични јајници сум, но добивам секој месец редовно ама малку измешано времетраење и крварење. Пиев плуморут нор добив на 31.12 и имав до 06.01 сега пијам сиофор и спиронолактон и ќе видиме како ќе биде. За следен циклус Др предлага стимулација со Кломифен, искуство некој да пише? Се извинувам однапред за долгиот пост
Ај и овде да прашам, добар гинеколог за да знае добро да гледа на ехо, Черепналкова (мислам беше) Промедика, добра е? Сакам второ мислење, мојов ми е лабав скроз.
Сум со полуцистични јајници и нередовен циклус бремена сум со инв но минатата година останав природно за жал не излезе се ок но сакав да ти ги препоралам елова кесичките бар кајмене мислам дека делуваа пробај не губиш ништо
Pa mi rekoa za neplodnost nekoja zena mi rece deka nemozela da ostana bremena a se bilo okej i posle 1 mesec pienje odma ostanala bremena
Ти благодарам премногу на одговорот Каде можам да ги најдам елова кесичките, за што се поконкретно, кога и како се пијат, после колку време би имало ефект и која цена се отприлика?
Ги има во аптеките се пијат 2 пати дневно и се за подобрување на квалитот на јајце клетките баш за полуцистични јајници побарај на гугал има за нив околу 800 и некој денар беа
Здраво на сите. Си реков да пишам можи ќе ми олесни малку. Веќе 5 6 месеци се обидуваме за второ бебе. Имам еден спонтан во 4 недела во август и се исчистив природно, докторката ми рече природна селекција. Сега се обидувавме пак ама не пратев ни плодни денови значи само опуштено. Последна мен. Имав на 20 декември. Ми иди на 27 28 дена. Значи досега требаше да имам, а мене ми касни три дена. Правев различни тестови ама бледа сенка денеска што неможев да ја доловам на слика или од голема желба ми се виде црта. Со голем страв од резултатот утре ќе правам преку крв. Да спомнам и дека и со првата бременост имав доцна овулација, па се надевам дека и сега е така. Ви пуштам среќа на сите, да се радуваме на 2 црти