Резултатот се чита најкасно после 3 до 5 минути, зависи од тестот. Пола саат е многу, така да невалиден е. Рано ти е направен, повтори го за некој ден и дај Боже одма да блесне втора цртка!
Не е валиден тестот по пола саат, направи нов. Овие како касетки некаде читав биле подобри, навистина? Рано ми е, имам уште 4 дена, ама некако чуден пмс, не сум нервозна, немам болки, немам апетит (толку многу) само подуен стомак и болни натечени гради. И јас си праам стрес знам, сега само тоа ќе мислам, ама па бесплатно е да се надеваш Јас кажав, не знам како е тоа да не мислиш на бебе, од сега до 12ти само на тоа ќе мислам, а знам дека единствениот пат кога не мислев навистина бев трудна, ама тоа е.
Касетките се фантазија срц @Lady...S невалиден тест. Повтори го утре со прва урина и резултатот читај го до 5 мин.
Честитки ! Со лесно нека ти е, Да се бутнам во разговор. Каде ги има овие тестови? И јас чекам да не добијам и сакам да земам еден после.
Јас навистина нз го правев со прва утринска бидејќи пишува дека најдобро е со прва утринска ,кога се исуши стана ваков и уште поубава црвена линија си се направи ќе почекам неколку дена па ке направам преку крв ќе испитам бидејќи во овие две години од кога се обидуваме сум правела мн тестови но ни еденаш вака не ми се направил ми е страв да се радувам можно е да е невалиден во зегин ги има 50 денари
Ама после пола саат е невалиден, направи нов, може ќе си биде позитивен. Ќе ве замолам од мое име и од име на сите што се обидуваме да забремениме, ако не читате се не давајте совети. После пола саат тест за бременост не се чита, џабе и честитате сега, не значи дека е негативен, таман работа, ама не значи ни дека е позитивен. Без љутиш!
Во темата Вонтелесно може да прочиташ искуства од жени борци кои што со години прават ИВФ а успех нема. Не сакам тука да раглабам и да обесхрабрувам, ама процесот при ИВФ, е најтешкиот пат што го одат партнерите за да добијат потомство, а пак на крај може да завршат со празни раце. Така што не си врзувајте во крпче дека ќе направите инсеминација или ИВФ и готово имате бебе во меше… Дај боже така да беше! Никој не гарантира успех при тие процедури, експериментални “глувци” сме пациентите дека додека да се погоди точната терапија што ќе доведе со успех може да поминат и години. Илјадници терапии, анализи, болни интервенции итн се само дел од работите што ги минуваме тие што МОРАМЕ да го одиме овој пат. Така што тие што немате никаква индикација да одите по овој пат, ве советувам да бидете потрпеливи и да се радувате што имате можност да зачнете природно без да знаете што се треба да се случи за да имате мало чудо во себе! А тие што сме ИВФ борци, сме благодарни што и за нас има некаков начин иако на многу тежок пат, може да станеме родители… еден ден!
Ти стискам палци и ти ја пуштам цела среќа да си бремена. И ти и сите овде и комплет да идеме од темава.
Како го кажа ова, да направиме по едно ивф - како ќе идеме на по едно пиво. Ивф не ти гарантира дека ќе оствариш бременост. Треба да знаеш дека тоа е сепак еден долг, нималку лесен, исцрпувачки процес. Кошта многу, пред се нерви и пари. Кошта и здравје. Ќешки инвитрото да беше решение за секој да си ги наполни рацете. Но, за жал Не е. Јас конкретно имав 10 неуспешни. По 5-6 год борба 11 тото ми успеа. Има парови кои се борат и подолго. Ова чисто како инфо да си го имаш. Ќешки никогаш да не тргнеш по тие врати
Мислам дека имаш премногу урина ставено , тестот ми изгледа како позитивен ама сепак е разлеан повтори го утре со прва утринска и резултатот за 10 минути прочитај го па и помалку , доста е добар тестов мене ми детектираше бременост 3 дена пред датумот за добивање.
@Lady...S На секој тест пишува да не се читаат резултатите покасно ама јас сепак мислам дека втората линија не може да се појави од никаде. Повтори го утре пак ама најверојатно тоа е тоа