Јас девојчиња,искрено ,никогаш не замислував дека кога ке почнам да праам дете ке бидам толку опседната....и буквално да не застанам до аптека зашо одма тест куоувам....страшно.... Незнам дали ве има како мене...ама не очекував дека ваква ке бидам
Не си сама. Не верував кога другарки беа вака опседнати се додека не дојдов јас на нивно место. Ама ќе биде. Сите ќе си имаме среќа
Девојки прашање... Дали откако почнавте да праите бебе ви се смени циклусот? Веке два месеца откако почнавме, јајниците нонстоп ме пецкаат и болат,половината исто така ....
Да. - Цел живот добивав на 28 ден, првите месеци од обидите ми варираше 29, 30, еден месец и 36. После се стабилизира на 29 дена. - Јако си ја осеќам овулацијата, пред тоа врска немав кога ми беа плодни денови. Нит ме пецкале јајници нит ништо. - Пред добивање почна да ме боли глава и кичма. - Градите и пред тоа ме болеа ама сега плус и како да ми се дуваат пред да добијам.
Денес бев на преглед, ми кажаа фоликул на лев јајник 16мм, па ме интересира колку е отприлика идеалната големина на фоликулот за да пукне и јајце клетката да биде спремна за оплодување (овулацијата). Исто така ми рекоа доколку сакам да почнам со фолна киселина па ако некој има конзумирано да ми сподели искуство...
22-24 мм треба да е за овулација. Во ден по просек од 2мм растат фоликулите, пресметај си кога ќе е овулацијата. Фолна можеш да пиеш слободно, се пие во планирање и во бременост за нормален развој на плодот.
Жени мои ајде кажете искуства со покачен пролактин минатиот месец беше на горна граница денес пак проверив покачен е повеќе, сакаме да имаме второ детенце 2 месеци пробуваме но ништо се плашам да не е тоа проблемот
Па дупло од нормалното, ги оставив резултатите кај докторката не ги зедов да постирам слика, инаку минатиот месец крајна граница беше 900 а мене ми беше 899.9 е во меѓувреме почнав здраво да се хранам и си мислев дека овој месец дека барем малце ке е понизок оно испадна покачен и многу се нервирам искрено
Мораш со ендокринолог за терапија, или со гинеколог. Достинекс или бромергон даваат. Достинексот се појаки и со помалце нуспојави, ама треба правилно да се одреди терапија, зошто знаат и под нула да го спуштат. Јас имав пред да останам за синот пролактин баш дупло покачен, ако беше граница 400 мене ми беше 900. Немав овулации воопшто, циклус или немав по 5 месеци или имав цел месец без престан. Јајниците цели со микроцисти од несозреани фоликули. Со достинексот ми се среди се и за неколку месеци останав трудна. Стресот најмногу влијае на хормонот инаку. Само опуштетно и ќе се среди, има лек.
Ti blagodaram za odgovorot mila ❤️zakazav pregled kaj drug ginekolog bidejki maticnata voopsto ne mi obrati vnimanie na taa tema