Може одма по престанок на крварењето. Некои лекари советуваат да се чека прва менструација, но ова не е заради медицинска причина, туку заради полесно датирање на бременост. https://www.mayoclinic.org/healthy-...epth/pregnancy-after-miscarriage/art-20044134
Јас ги пиев од октомври до ноември, кога требаше да купам втора кутија добив позитивен тест... Сега сум крај на 4ти/почеток на 5ти месец (покасно сум останала бремена). Индивидуално е, ама не штети да се проба, нели Заборавив да напоменам, најчесто се препорачуваат кај жени со ПЦОС, средуваат овулација.
Баш ми е жал за твоето искуството со коренот од мака. Јас решив да му дадам шанса, ќе пишам резултати за некоја недела се надевам
На преглед кај докторка што не ми матична кога бев ми рече имам кандида. После еден месец останав бремена, сега на контрола миркобиолошки направив ништо нема. Исцедокот ако нема мирис и е бел е нормално. Може и од намален имунитет да ти се појави или х други фактори.
После 7 недели, чекав 3 месеци. Докторката ми рече добро е да се почека за да се средат хормоните, никакви испитувања ми рече само опушти се… и така отидовме на одмор и бидна еве сега 5 месец.
Здраво девојки, не знам дали баш за тука ми е прашањето. Во брак сум 4 години и не сме имале обиди за дете, не се осеќавме спремни. Пред две недели решивме да не чекаме и да почнеме. После колкав прериод се прави тест за бременост? Читам тука и некои си испитувања за бактерии и слично дека прават. Воопшто не сум упатена во ова па сакам да ве замолам ако не е проблем некоја да ми каже ) Фала ви на разбирање.
Ако си правела редовни гинеколошки контроли не се замарај со испитувања. Тест најубаво е направиш кога ќе ти доцни неколку дена. Со среќа
Ти благодарам. Последните 7-8 години редовна сум била на прегледи на гинеколог и не сум имала никаков проблем до сега, се било во ред. Исто така редовни контроли на крв правам на секои 2-3 месеци
Здраво бев на гинеколошки преглед и во резултатите ми пишува АПД 36мм и здебелена ендометриум од 8мм а треба да добијам на 03.03
Од денес се од почеток испитувања, зашто оставив надовршени минатиот пат. Сменив и докторка и сум презадоволна и од пристап, објаснување и се. Па се надеваме на добар резултат и среќичка во раце.
Девојки...јас денес бев кај Парталовски првпат. Задоволна сум ,темелен е и ми кажа некои работи што никој до сега не ми ги кажал. Сум имала старо воспаление на едниот јајник и тоа ми рече правело да немам овулација секој месец. Ке пијам антибиотик и ке правиме стимулација што реално ме исплаши али боље така... Ве молам некој искуство со ова....
Направи си редовен преглед кај матичниот гинеколог и он/а најдобро ќе те упати и ќе те посоветува. Јас правев брис,па пап тест,се е во ред,па ми даде фолна киселина да пијам додека се обидуваме за да го спремам телото за бременост,да намалам со кофеин,да внесувам што е можно повеќе овошје и зеленчук,течности,што помалку стрес и нервози..па се надевам ќе се случи Со среќа нека ви е и што побрзо со позитивни вести Најдобро е да се консултираш со матичниот гинеколог.Ние сите ќе ти дадеме совет од наше лично искуство,но сепак доктор си е доктор според мене. Кај мене се случи да останам бремена,да имам кандида,да ја третирам со вагиналетки и во 7 недела го испуштив плодот...
Ve molam koja se razbira kazete mi dali e FSH dobro? Doktorot mi rece deka za zabremenuvanje ne se bas najdobri...
Одамна ме интересира ова со кофеинот и забременување но не ми текнало да го прашам мојот гинеколог. Ме интересира подетално што ти рече, на пример колку шољи максимум да се пијат? Јас сум кафеџивка, ги пијам по 4 во денот, или нескафе класик или 2 во 1.
Здраво девојки мои.. Имам пишувано на темава , но овај пат сум со позитивни вести и да ви дадам сила , поддршка на сите што се обидувате долго време за бебче .. Се обидувавме со мм две ипол, три години и никако, секакви испитувања , досега немавме пробано ни со инсеминација ни со ифв. Последен пат кога бевме за хормони ни рече докторката да пробаме со инсеминација, и одолговлекувавме ние ајде овај месец, ајде другиот и на крајот бидна природно. Пресреќни сме, господ на сите да ви дај ваква радост од срце ви посакувам , дај боже сите да ве повлечам ! Ја прашав матичната за дали да направам бета ми рече нема потреба доколку се гледа сакус, го видовме пресмета дека сум 5та недела. Е сега наредна недела сум да видиме дали има срцева акција, се надевам дека се ќе биди во ред , малку се плашам, во оваа недела какви симптоми имавте вие? Вчера малку чуствував пецкање на јајници, денес не .. Морав да ја споделам оваа радосна вест со вас , бидете упорни во тоа што го сакате не се откажувајте, тоа што е ваше ќе си дојди ! ❤️