И јас пиев толку,сега едно турско кафе наутро и во случај многу да ми се пие да си правам бескофеинско кафе.Така ми препорача ако не можам да се откажам ☺️
Не ми потврдија дали е од кандидата.Само ми кажаа дека плодот не бил доволно оформен за таа недела,телото не ми било спремно,дека ова се случува многу често,да не се секирам за понатаму.
Еее јас денес прв пат кај ќерка му бев, исто претемелна, објаснување, дури и ми црташе. Ми пушти монитор да гледам што прави и се ми објаснуваше. Исто и јас сум имала некое јако воспаление на лев јајник и тој ми е прилепен до матка. Имам и како две прегради и сега ќе пиеме паралелно со мм терапија па ќе видиме поната што како. Најтопла препорака имам за нив.
Ти благодарам мила , јас повеќе симптоми имам болка во гради, мокрење често, по малку вртоглавица, пецкање во јајници, запек ..
Членките како тебе ми се како сонце после бура, ме исполнувате со надеж Честитки од срце и да имаш лесна бременост
Ти благодарам мила,јас верувам дека сите до една ќе си ја исчекате оваа радост , само која порано која подоцна, Господ е голем си има план за секоја од нас , само верба во него❤️
Здраво девојки бев на терапија со кломифен,денес бев на фоликулометрија имам еден доминантен фоликул на левиот јајник од 15 мм.. 11ти ден од циклус ми е денес што мислите дали е добро? И уште едно прашање ми препиша докторката лензето спреј меѓутоа во скоро сите аптеки ги повлекоа од продажба,во некои аптеки беа со поминат рок и не го даваа а касно веќе беше да одам кај докторката за замена,дали има некоја замена за спрејот да ми кажете доколку знаете? Фала однапред
Честиткиии и дај Боже сите од оваа тема да се израдуваат што побрзо како тебе Од симптоми пред да направам тест јас имав болни и осетливи гради и некои мали скоро незабележителни менструални болки. Со лесно да си ја поминеш бременоста
Lenzetto sprejot ke go najdes vo aptekata kaj Broz kafe.(Marija Gala Farm). Nie pred 4 meseci od tamu go kupivme 700 denari vo dr apteki ne go najdovme.
Девојки јас месецов скроз го промашив, почнавме со односи дури откако ми завршија плодните и не ми е криво, овој месец ми фалеше малку растеретување. Следниот маж ќе прави спермограм, јас најверојатно хсг, па што бидне бидне. Стварно некако ми спласна еуфорија и се олабавив, минатиот месец ми беше многу разочарувачки бидејќи и бркавме денови и се и пак ништо. Како биде така, не планирам да се замарам веќе, имам едно дете ако биде уште едно супер, ако не тоа е.
Мене искрено многу ми е тешко кога ги бројам деновите,за кој денови треба да имаме односи,не знам дали и вие се чуствувате така?.Не знам дали воопшто да следам,бројам или едноставно да се опуштам и кога треба да се случи ќе се случи.
опушти се и не број ништо,за да не се изложуваш на стрес и постојано внатрешни мисли кои ти влијаат. ќе се случи кога ќе престанеш да мислиш и ќе се изненадиш. со среќа
Тоа е најтешката работа на цел свет за жени како нас кои се мачат да останат бремени, така да советот опушти се не го давајте повеќе на ниедна жена која се бори со стерилитет. Озбилно, мене страшно ме боли овој совет, ко божем јас сум опседната, ама така иде тоа, не можеш да се опуштиш и крај. Најлесно е да речеш опушти се, не мисли, ама иди да те видам 5 дена пред да добиеш иди у вц без да ја анализираш на крај тоалетната, не иде. Иди да те видам после секс стани одма или опушти се, не иде, нозете стиснати, легната со газот поткренат или бар така во мислите си мислиш... Ве молам, ако имате жени кои се борат со бебе и забременување, не им кажувајте повеќе да се опуштат, не оди тоа така.
Пред да напишам било каков совет за било која тема гледам да сум поминала низ тоа,затоа што не е фер да давам совети и да мудрувам за нешто низ кое не сум поминала. Извини ако те навредив,не ми беше намерата тоа,не реков ниту помислив дека си опседната и да пробаш да не мислиш воопшто. Низ истото поминувам и јас.Советот ми го даде докторката,пробав со јога,медитација секое утро по 1 час пред работа,разговор со психолог два пати во неделата,многу е важна психата и мислите иако не изгледа така и не обрнуваме внимание. Успеав забременив,но го изгубив плодот во 7та недела.И еве сега повторно пробуваме со месеци.Се трудам колку е можно повеќе да не мислам на тоа,да бидам окупирана со обврски преку ден,затоа што ноќта е најтешка и кога ќе легнеш си сам со своите мисли и проблеми.Ти дадов само искрен совет,и ште еднаш извини што се почувствува навредена.
Мене не можеш да ме навредиш кога не е упатено кон мене тоа, да разјасниме, ама косата на глава ми се крева кога ќе прочитам опушти се... Работам фул тајм на работа, попладне дома со дете, вежбање, спремање храна, хобија, обврски, дете по термини, јас на кафе и не успевам да не мислам, позадински тоа си работи. Многу е тешко да му кажеш некому кој со години се бори со тоа Не мисли! Не е возможно. Браво за тебе, ама не има нас што секој збор од доктор го мериме три пати и пишуваме овде, бараме, пребаруваме, не ни е баш лесно да чуеме не мисли на тоа. Ти ја сфатив намерата, и на тебе и на сите што и мене и на сите нас ни викаат Не мисли, ќе биде, колку повеќе мислиш... Алал на сите што не мислите, алал! Ама не кај секој е тоа можно.