Девојки ве молам некоја нека ми обрне внимание пишав ппгоре ама ништо.. Вчера кај Парталовски ми рече дека имам воспаление на јајник. И ми даде антибиотик ама и ми рече овој месец сум немала овулација и ке треба да почнемр со стимулации и тоа така од прва...дали е нормално некогаш да немаш овулации зашо се паничам... Иначе циклус редовен хормони добри
Нормално е, се случува и без никаков проблем некои циклуси да се без овулација. Кај тебе може и од воспалението да е, а тој јајник да ти е доминантен. Јас скоро секогаш од десниот овулирам. Каква стимулација ќе примаш, кломифен? Дали имаш хсг правено? Обично се проверува прво дали се проодни каналите па се почнува со кломифен или друга стимулација. Јас пред да останам за синот имав 3 циклуси со кломифен и прегнил инекција за да пукнат фоликулите, останав трудна четвртиот месец, имаат продолжен ефект кај овулацијата.
Фала ти.. Иначе не ништо не сум правела...ова е прв месец како пробуваме за бебе иначе до сега се било во ред на прегледи ...а и првпат одам кај него...
Не знам тогаш зошто после еден месец ти дава стимулација. Оди и на второ мислење ако можеш, јас после година од неуспешни обиди почнав со стимулациите. Прво испитајте се што треба.
Жени кои брзо забременале и/или непланирано, обично повеќе делат совети од типот опушти се. А ним им биднало баш глатко, пример. Тоа е
А ти се за нив се фаќаш. Трн во око ти се. Жената си ја пишала сторијата, ич не е од тие што ги кажуваш кај стигнеш.
@elenaklasik Ако ова се однесуваше за мене грешиш. Скоро година две се обидувавме,останав трудна,па го изгубив во 7та недела. Сега се обидуваме повторно,веќе 2 мес неуспешно. И да пробувам да не мислам и успева како што кажав и погоре со медитација,јога,разговор со психолог. И јас бев скептична и мислев дека е тешко,но сепак успеав.Не сум стручно лице,само кажав што мене ми помогна по советите со гинекологот.И знам дека секоја жена може што и да посака.Не е дека не мислам,најчесто е навечер кога ќе си легнам,но не е секојдневно. Како и првиот пат останав кога најмалку очекував,кога кренав раце и си реков кога биде нека биде,така мислам и овој пат ќе се случи.
Не се однесуваше на тебе, туку се надоврзав дека најчесто сум го слушала од девојки од моја околина кои даваат таков совет. Сум го слушала и јас, и некогаш може да те задума во смисла што плус треба да направи жена за да се опушти. Дали забегуваме на моменти? Знаеш, најчесто таквите ќе кажеле во тој стил, ама не кажуваат како изгледа тоа. Убаво пиша и ти, дека со некои техники можеме да се смириме. И може има влијание, но зависи и од анксиозноста кај една личност. Сепак вреди да се проба, дали со медитација, дали со ароматерапија, дефинитивно. Ама мислам ко ќе ја исцрпиш психата и се откажеш (читај: опуштиш), тогаш биднува. Само кој за колку време ја троши психата, тоа е индивидуално. Некој не се дава, па ќе мисли мисли, ќе ја здроби секоја мисла. А некој полесно ја пушта некоја идеја, мисла. И така, маѓичен круг.
Мислам дека барем овде советов е најдобронамерен. И верувам дека повеќето од нас тука се жени што виделе мака и не им одело се баш така лесно. Сигурно од страна сме слушнале сите вакви коментари од луѓе кои воопшто не знаат како е и низ што се човек поминува и тоа најмногу нервира. Но, се согласувам дека постојат начини, не секогаш и кај секого успешни, за тоа како може да се опуштиме малку. Нормално е и да го помисли човек и да се стресува пред термин за добивање ама вреди да се обиде човек малку посмирено да поминува низ тие работи. Јас од искуство можам да кажам дека дур се свестам во каков круг западнав само со такви мисли, ме поминаа многу работи кои не стигнав целосно да ги уживам и да им се израдувам. Затоа и се трудам да го сменам тоа и малку да се олабавам иако нормално не секогаш е тоа успешно.
Ми треба миселење.Вчера имавме односи со сопругот секако со желба да имаме бебе.При бришење кај него се појавува многу мала количина бледа розева крв.Јас бев на гинеколог и ми кажаа дека понеделник и вторник ми се плодни денови.Секако си работевме на случајот и претходните денови,на гинеколошки преглед имам се проверено и се е во ред.Дали има некој вакво искуство или мислење.Дали е од овулација или дај боже од имплементација,би сакалда слушнам ваше мислење или искуство?
Имплантација не може да имаш истиот ден на односот. Тоа се случува обично околу терминот за добивање. Треба време да помине, а може да ти е од овулација.
Ако ти рекол дека понеделник и вторник ти се плодни, вчера беше вторник значи во овулација си била, не е крварењето од имплантација.
Многу убаво кажано. Без да осетиме запаѓаме во еден магичен круг и така ги пропуштаме секојдневните убави моменти. А на крај, верувам дека сè ќе биде како што треба иако во овој момент тоа ни изгледа невозможно.
Не знам на кој ден од циклус си била и зошто. Ако прашуваш за овулација, не си блиску до овулација. Ендометриумот треба да е подебел од 5мм и да има водечки фоликул.