Од симптоми имав: Запек,често ждригање а другите беа исто како пмс освен што пред да добијам јас обавезно сакав да јадам благо овој пат ниту благо ми се јадеше ниту да грицнам нешто што не е типично за мене
Ти благодарам многу дај боже и ти да си ги видиш 2те цртки што побрзо ( иначе ако осеќате менструални болки немора да значи дека ќе добиете јас така осеќав како во секој момент ќе ми пробие ама ете Господ имал друг план ни ги ислуша молитвите )
Оххх душааа Биди силна, следниот месец е твој. Јас мислам да направиш сепак бета хцг за да потврдиш дека била биохемиска, дефинитивно имаше линија на тестовите. Те гушкам
Имаше и на првиот сеуште стои појака линија. Здравје нареден месец идеме на трета инсеменација. Наеднаш почна многу обилно да ми тече, никогаш вака не ми било.
Не може сега веќе да се потврди. Чим добила бетата е падната. Јас сум сигурна дека постоеше бременост. Добра работа е што после таков случај има поголеми шанси за успешна бременост. Ти посакувам тоа да се случи следен циклус
Ќе пробуваме и природно и инсеменација. Ако не бива ни тоа идеме на ивф. Со Господ напред. Баш периодов праев и пап, брисеви, пред 6,7 месеци хсг, хормони се беше супер само што јас сум со хашимото. Идам редовно на патофиза и ме води главната докторка. Она ми напиша мислење дека хашимотото не е пречка за бременост. Пијам терапија веќе две години а може и повеќе. Малку имаме проблеми со подвижност на сперматозоиди.
Девојчиња, ги имате ли користено тестовите за овулација Oview? И ако да, дали се добри? И дали ако се тестирам секој ден во 12h сабајле е во ред? Или треба порано?
Мила, јас ги имам користено,мене ми се покажаа супер, тестирањето гледај да не ти е со прва утринска, ама барем да немаш отидено два саата по мала нужда, јас ги правев најчесто околу 10 сабајле(многу ретко) и накај 8-9 навечер ,и секогаш точно покажуваше