Не се обесхрабрувај, ако контрастот врвел низ десна туба не е страшно што не поминал низ левата, една туба е доволна за да забремениш природно. Одмарај и чекаме убави новости
Ќе биде се добро, познавам многу што после хсг одма природно си остануваат бремени, имаше и такви искуства овде на форумов, мисли позитивно и ќе биде се како што треба
Почекај да слушнеш што ќе каже докторот. Си се испаничила пред време, на нечуено. Не донесувај сама заклучоци. Што и да испадне, не заборавај, за сѐ има решение.
И да е така, после хсг најчесто знаат да се отпушат тубите така да не губи надеж веднаш. И како што кажа, постои надеж за секоја од нас
Ајде сега не мисли одма така. Лежи си и чекај го докторот да видиш што ќе каже. Те чекаме со убави вести
Знам дека е одамна постов ама случајно налетав баш на ова мислење и искрено се израдував и баш ми е мило зошто те имам повеќе пати читано. Со лесно бременоста
Женски мои, да се објаснам сега како беше. Процедурата е минимално болна, поточно непријатна. За следните што сакате да правите, можете да размислите за без анестезија. Болката е скоро ко менструална. Се чувствува минувањето на течноста. Наместо Таше, се консултирав со Христијан. Го гледа резултатот вика имате опции или лапаро па да видиме во каква состојба е, или директно инвитро се изрази како чиста работа дека е инвитрото или пак природно да пробаме, бидејќи рече дали гинеколог ме ѕирнал, ако имало оштетување или хидросалпингс, ќе видел мојот гинеколог. Јас последно декември бев, ништо докторот не ми кажа. А ново му беше ехото И Христијан рече можно е да има опструкција мала во горниот дел на каналот. А велам болка ич не осетив. По муабетот нѝ рече пробувајте и природно, ништо не се знае, можно е и природно да бидне. Му кажав и дека после вонматерична забременав природно и вика паа пробувајтр бе луѓе. И сега сум збунета. Слика подолу ќе ви пратам. Сега ако се фати и пак се заглави. Мака ми е само на помисла. А да одам директ на лапаро можам. А за инвитро да почекаме ако не, зашто и маж ми ќе има обврски работни, а треба да патуваме. Инаку каналите не се гледале со обично ехо, ама ако имало хидросалпингс ќе се видело. А што значи хидросалпингс, како изгледа тоа на ехо? Ќе пишам ако имам пак прашања, уште размислувам за опции. Во меѓувреме рече ако пробајте природно...е ако, ама ако е затнат? Еве видете како гласи на резултатот
А со лапаро ќе го направат прооден каналот? Ако си во можност оди, па ќе видите што понатака природно или ин витро. Вака мене би ми било страв да пробувам природно, искрено.
Мила воопшто не се стресирај, ќе ти дадам лично искуство од скоро. Јас правев хсг и испадна дека двата јајцевода ми биле запушени. Десниот воопшто не пропушти контраст и се водеше како непрооден додека левиот успеа малку да пропушти. Првиот месец после хсг одмаравме, вториот месец си продолживме да си пробуваме и останав бремена за жал заврши вонматерично, но замисли бременоста беше на десниот (воопшто непрооден). Ми кажаа дека после хсг каналите се отпуштале. Не губи надеж, еве и јас сега го отстранив десниот бидејќи бременоста ми ја оштетила таа туба и се согласив да се отстрани за да не завршам повторно со истиот случај. Само опуштисе и позитивни мисли и јас сум ист случај како тебе и затоа идеме сега со уште поголема желба и сила ❤️ Ти посакувам од се срце да не израдуваш побрзо
Како да се читам себеси... Имаше и кај мене претпоставка дека можно е да постои хидросалпингс на левиот канал поради тоа и правев лапараскопија. Меѓутоа за среќа била само малечка безначајна циста која ми ја отстранија со лапараскопијата, а левиот канал успеале да ми го отпуштат и сега ќе си пробуваме природно со едната туба. Хидросалпингс доколку постои тоа испуштало некаква си токсична течност што не дозволува да дојде до формирање на ембрион и доколку постои тоа се препорачува отстранување на јајцеводот и инвитро. Доколку не постои со лапараскопија ќе ти го отпуштат каналот и ќе си имате шанса за природна бременост. Доколку имаш некое прашање слободно пиши ми ❤️
Јас би ти кажала да си одиш на посигурна варијанта. Доколку си во мижност направи си прво лапароскопија да се види убави тубата. Може е проодна па ке ск пробувате природно без страв. Вака се ризикува за вонматерично.
И јас мислам ако си во можност да направиш лапаро. Ќе видат што е проблемот. Штом воопшто не поминала течност, веројатно е опструиран, јас така мислам. Кај хидросалпинкс има вреќесто проширување на јајцеводот, при што тој губи функција-не прави доволно движења за да ја исфрли оплодената јајце клетка во матката и затоа е ризик за вонматерична и истовремено не ја апсорбира течноста шо се создава, па затоа се смета дека таа е токсична и може да ги уништува оплодените јајце клетки-ова е само претпоставка. Хидросалпинксот зависи од степенот на проширување, исто и опструкцијата, па прираслици и шо и да е, доколку ги има-во колку помал степен се, толку е поголема веројатноста да се корегира и да можеш природно да забремениш. Опцијата за ивф ја имаш и вака и така. Инаку убаво ти кажал докторот, хидросалпинксот се гледа на ехо, ама кај добар дијагностичар.
Да, ќе биде лапараскопија опцијата. Да одредиме датум само. Реално, се надевав барем дека ќе биде прооден, со по некоја минимална пречка, ама кога рече радиологистот "ајде, давај уште контраст, не се појавува", другиов вели "па ставив максимум" аха велам запушен е. Христијан вика "и да те стимулирам за инсеминација, ако овулираш на десна страна, џабе само". Јас пак, се чудам како после вонматерична забременав на природно, ама сепак и левиот јајник ми овулира, можеби помалку, ама сепак е активен. Ми рече дека може и да ми го затвори контактот меѓу тубата и матката, ама тогаш сум дефинитивно за инвитро. А рече дека доколку степенот на оштетеност е помал, ќе ја спасат тубата, ако не ќе ја отстранат и пак инвитро. Тогаш и фондот може да ми даде зелено светло за инвитро. Ама сѐ уште се прашувам зошто не ме болеше, нели требаше да биде болно ако е затворена? Или дека не ни помина течноста И Христијан рече дека ако има проширување на тубата, се гледа на ехо, ама инаку во подобра состојба, не се гледаат. Да одам и кај мојот гинеколог на ехо, што мислите? @1RedLipss , и мене ми ја извадија десната, во 2017та, и преку левата туба си забременав. И тоа брзо беше, сметано од почеток на обиди. Ќе биде и кај тебе, штом ти е среден другиот канал. А инаку, после лапаро, за колку време ти рекоа обиди? Во која болница правеше? Фала ви на сите, друшки, ми значи поддршката!
Cestitki, miruvanje i se ke bide vo najdobar red. Pa se nadevam i nie vo skoro vreme ke ti se pridruzime vo trudnicki muabeti
Сакав да прашам на тие што ви рекоа строго мирување со лежење на каков начин лежите? Мора строго на грб или како што ви е удобно? Јас вчера вечерта искрварив малку повеќе од обично ( не беше обилно ама мене ми се чинеше готово ) појдов на болница одма ме видоа на обично ехо исто рекоа ептен рана бременост неможи ништо конкретно да се кажи. Освен да се чека до следниот петок. Терапија примам крварењето е намалено ама сепак го има...станувам само за до вц и да јадам. Деновиве сакам да одам до кај матичниот да ме види неможам да издржам. Се надевам ќе заврши ова шо побрзо и да функционирам колку толку нормално... Неможам убо да се радувам за бременоста многу сум исплашена