Се сеќавам дека пиша ПАП чист.. Алое вера да си земеш од форевер ливинг знам колешка го пиеше за некој хпв што и излезе на пап.
ти благодарам многу според мене мислам дека беше на 5, мн имав исцедок и болки во јајници, ама како и да е ќе видиме.
Каде се прави типизација за мажи? Мислам те читав еднаш. Мене ми се случува неколку пати по ред, еднаш па чист, нареден позитивен. Или премногу стрес имав последен период што пак ми излезе позитивен или мм не го чисти убаво па повторно ми го пренесува.
Обавезно алое гелот жолт и се што е поврзано со јачање на имунитет смутиња од цвекло колку можеш повеќе , сега ти покажало нешто на пап пошто ти е слаб имунитет .. без грижи само се се решава со нервози повеќе беља ќе си направиш.
Немој да се грижиш повеќе стрес, полошо, јас не се ни сеќавам кои два типа ги имав, Пиев за имунитет бета глукан, и секогаш кога ги пиев немав ни кандида ни ништо мене многу ми помагаа за имунитетот. Исто така примав и вагиналети - флуороурацил, по некоја шема, и ми се среди состојбата
И јас минатиот месец добив поз резултат од селф клеар, го имам и постирано тука и добив. Кога ми заврши бев кај матичната за да ми даде упат за инсеменација и ми кажа дека по се изгледа било биохемиска. Денес сум 9ти ден од инсеменација па ќе видиме.
Маж ми го правеше во Охрид на приватно, во една лабораторија. Инаку за друго место знам дека го има во Плодност, со некоја специјална техника, од Италија.
Сакам да прашам колку време после неуспешни обиди за бременост се јавува на лекар и се вршат испитувања? И со кои испитувања најпрвин се започнува?
Зависно од возраста, во принцип после 6-12 месеци. Од испитувања за тебе: хормони, пап, брисеви, проодност на канали, за партнер: спермограм/спермокултура.
Фала ти 30 години, трет месец со неуспешни обиди, знам дека не е многу ама веќе почнува да те фаќа страв и паника... Ме интересираше чисто колку време се чека... Здравје што поскоро да се израдуваме сите со две цртки!
Прерано ти е да паничиш. Опушти се. И јас имам 30год и се обидувавме 1 година. Кога поминуваше точно една година од обиди тргнав да правам испитувања и баш тој месец останав бремена. Ќе биде сè во ред
Дај Боже да не ти ни требаат испитувањата. Опуштено колку се може, тек сте почнале. Ќе се склопат коцките и ќе дојде бебе.
Дај Боже кај сите што поскоро да биде! Фала ви девојки за поддршката и информациите Само напред и со убави и позитивни мисли