Да, да, само не знам кај деца, мислам не се користи. Јас го пијам постојано, пауза се прави само кога имаш циклус, кога ќе ти заврши крварењето, продолжуваш. Јас мислам дека ми помогна да останам бремена, иако не сум репер за забременување зш од прв обид за дете останав трудна, ама и психички не се замарав, одев на картата, ехх од прва нема да фати
Јас ќе бидам најсреќна кога ке олабавам стресот. За се сум под стрес. И на работа имавме таков период лудило беше.
Фала на инфо. Баш од Ресен да го нарачам или го има во аптекиве? Инаку, јас пак бев со мисла дека од однос-два одма ќе ми се фати. И се фати вонматерично после па тро со чекање ама бидна. Сега пак со чекање, па останатиот јајцевод ми е затворен, така покажа хсг во Плодност. Можно ли е да е грешка? Мојот гинеколог вели пробувајте можеби се згрчил мускулот, Христијан рече пробувајте, а каналот не ја пропушти течноста. Можда можеа да пробаат да го отворат каналот, ама јас немав нит седација ништо. Сега и јас барам алтернативни начини на отпушување. Ми текна дека може со масажа, па барав инфо на интернет, најдов на некоја англиска страница, некојси тим што прави такви масажи за плодност. Сакам да им пишам, како да ги правам да кажат ако сакаат. Друго, гледав преку исхрана, витамин Ц, куркума, ѓумбир и такви работи помагале, ама за сѐ пишуваше не е докажано. ам нормално, шо врска има витамин Ц со јајцеводот хахах. И ондак тох
Да ви кажам лично искуство со ентерокока и бременост. Маж ми ја доби бактеријава после операција на бубрег и тоа со присуство над 1.000.000. Не знам каков се антибиотик пиеше, природно ја лечевме со што и да слушневме единствено падна на 500.000 а дури по некој месец на 300.000. Јас сум бремена 6ти месец, природно зачнато буквално од прва што се вели (претходно 2 спонтани и генетски мутации) ... не се секирајте, не влијае на забременување . Ве очекувам со II наскоро и ви посакувам многу среќа од се' срце
го има во зегин 1 кутија 250 ден. јас одам често ресен, па од таму си земам од лице место, се знаат со мајка ми. Ај пиши ми ЛП зш јас не можам, сакав да ти кажам нешто за ХСГ
Trombofilija na genetskite mutacii osven vi ramus lab,vo koja druga privatna labaratorija ste pravele?
Во Авицена. Ги однесов резултатите на трансфузиолог, и ми рече не се веродостојни од приватниве лаборатории бла бла, само од МАНУ биле веродостојни. Па напривив и во МАНУ испитувања. На крај резултатот беше ист.
@Bebence29 ако матичниот ти дава упут направи го испитувањето во МАНУ или на трансфузиологија во Скопје. Резултатот е тој дали на приватно или на државно само што не сите ги прифаќаат резултатите од приватните лаборатории. Пример мојот матичен прво не сакаше да ми даде упат за ова испитување јас го испитав во приватна лабораторија. Му ги покажав резултатите ги призна за веродостојни. Наредно одење кај него не ги признава резултатите бидејќи не се направени на институтот за трансфузиологија во Скопје или во МАНУ.
Дали се плаќа во МАНУ ? Доколку да која цена е? Инаку за сите што ме мислевте бременоста испадна биохемиска, крварење веќе немам значи треба да добијам деновиве? И што значи ако не добијам воопшто овој месец? Немам никакви симтоми како за пред добивање ... И треба да испитам хормони, да идам во МАНУ и во Државна на уште едно испитување. Ова ми се случува веќе трети пат,(биохемиска). Еднаш летоска, пред два месеци и сега пак биохемиска. И сакам да ве прашам нешто за мислење. Дали да паузираме со правењето на бебче додека не испитам се и додека не земам соодветна терапија да го решам проблемот? Затоа што ми е страв да не останам повторно бремена и пак да не биде биохемиска, затоа што и ѕидот на матката ми е многу тенок можно е и затоа да ги губам. (Не ми даде гинекологот ништо да пијам се додека не ги направам испитувањата и во вторник повторно ќе правам бета). Доколку не правиме ништо барем ќе знам нема и готово. А вака секој месец ќе се плашам. Ајде мислења ве молам? Што сте правеле Вие во ваков случај? Психички сега сум ок, но не би сакала и не би можела да издржам вака да ми е секој месец. Голем поздрав до сите и фала на сите за советите.
Сум за тоа да не се паузира многу со обиди ама во твојов случај би рекла да почекаш додека не испиташ тоа што ти рекле. Очигледно немаш проблем со зачнување, ама негде кочи работава. После одма ќе бидне, не му ја мисли за тоа
Не се плаќаат големи суми на државно доколку си имаш осигурување. Мое мислење е да си паузирате од обиди, прво за да си ја одмориш психата, второ за да се поштедиш од разочарувања. Ќе си ги направиш испитувањата и ќе ги видиш резултатите, ќе си консултираш лекари и ќе знаеш како да постапиш, така ќе ти биде полесно и тебе. Совет од мене е да си консултираш и постручни лекари, а не само матичен. Екстра доктор ти е Димитров во Ремедика, навистина ќе ти помогне. Со среќа и ти посакувам што побрзо здрава бременост
За испитувања за тромбофилија во МАНУ платив 490 ден, а во Авицена 2900. Исто како девојките што ти пишаа, мислам да си паузирате малку, да си ги направиш потребните испитувања. Ти посакувам што по поскоро лесна, школска бременост