Девојки ми текна да ве прашам за хормони испитување во државна дали мора од сабајле да се оди или може и после 14h. ? Фала Ви. И таму колку се плаќа?
Дали ќе ме примат ако отидам после 14h? (Се надевам нема да добијам од понеделник сум прва смена таа недела,нема да можам да отидам затоа што строги ми се на работа и нема да можам да искочам) Па другата ќе сум трета тогаш ќе можам да отидам. Имам некако болки во стомак најверојатно ќе добијам.
Мислам дека толку доцна нема да те примат, а и пролактининот треба да наутро да го измерат за да добоеш реални вредности. Па какп ќе испитуваш хормони а немаш добиено? Тие се прават на 3 ден од циклус.
Мое мислење е да почекаш наред циклус да испиташ хормони ако си имала биохемиска, да се стабилизираш. Во меѓувреме моја препорака е покрај генетските мутации да си направиш и еден торч тест тој не ти е зависен од циклусот и 4д ехо неколку дена пред да добиеш , прашај и за дебелината на ендометриумот кога ќе одиш на ехо ако е многу тенок може и тоа да е причина за биохемиска. Дај боже што побрзо да ти се наполнат рацете со здраво живо бебенце.
Здраво женски .. сакам да споделам едно искуство доколку може и на друга ќе и помогне. Јас имам едно детенце 9год останав со неа за 9 ипол месеци бремена. Сакавме одма и второ но залудно 8 год никаков резултат а резултатите сите добри. Случајно видов по сајтовите чај од вирак и го нарачав на да не верував дека ке биде нешто од него нели од премногу разочарувања. Го пиев месец ипол, и за среќа што да видам конечно ||. Еве сега сум 7ми месец.
Спермиограм во ред. Понеделник ваљда ќе одам за хормони. Што понатаму? Не сум в Мк да знам да барам упат фала
Женски дали пиете некои дополнителни витамини сега пред бременост дури ви се обидите? Сакав да земам за мене и мм, има едни на прегнакер во комбинација за 2цата, ама незнам дали ги има кај нас..
Фолна и вит Е ми имаат кажано во аптека за зголемување на плодноста. Покрај ова ја зимам и Вит Д, В12, Селен и Цинк.
Со лесно мила. Фала ти за споделеното, може само да ми кажеш по колку чај пиеше дневно, шолја-две или повеќе? И дали го пиеше свежо приготвен или може и ладен? ☺️
Леле како се разочарав сега Мм веќе не е достапен (замина по работа далекуу ) Јас симптоми на овулација имав 4,5 април при што правев тест ама не беа вакви На истиве датуми и имавме односи ама сме промашиле очигледно А баш се понадевав месецов
Благодарам душо. Пиев две шољи дневно, сабајле и навечер свежо варен без шеќер и плус чајот обавезно во денот три лажици мед. Пробај не губиш ништо со среќа