Денес го истеравме денот, не добив , ќе видиме што ќе донесе утрешниот ден , иако имам некое претчувство дека ќе добијам зошто имам многу јаки предменструални болки
Лориииииии со тебе сум мила..не си сама ќе успееме и ние....Слими срцка ти честитам (ако прочиташ тука) исто и на Гјул и Ики....Бацки женски се читкаме
Добро Утрооооо Ај јас сега да си кажам нешто а и да прашам Гонаправив лекот со ренот и од денес требаше да почнам да го пијам мегутоа кога пробав значии ми се слоши згади се препотив и сега не се осмелувам пак да го прфобам па дали знае некој да ми каже до толку трееба да е лут и горцлив и веќе незнам каков или не ми енаправен како што треба.
Многу ти благодарам Лале да си доечакш и ти многу брзо Секако дека прочитам овде оваа сеуште е мојата омилена тема, овде секогаш најдов утеха кога ми беше најтешко.Затоа многу ви благодарам за подршката и вие да си дочеката многу брзо сите Поздрав
Душо јас го имам пиено тој лек и многу е лут и грд.Само немој чашката да ја пиеш на наеднаш ептен гори.Јас пиев една голтка о лекот една голтка мед со вода растворено.Кај мене немаше ефект бременост се надевам кајтебе ке успее.Биди упорна и со Господ напред.
девојки само да ве поздравам...јас добив за жал ама тоа е... три дена ми доцнеше и таман кога си реков да купам тест...ете... ајде со нови сили следниот месец... ви пуштам среќа на сите што чекате
Јас и овој пат ја изгубив битката , денес добив, знаев дека ја немам таа среќа , ама сепак се надевав Ама сега решив нема повеќе одење на гинеколог (освен редовните контроли) нема пиење никакви бабини лекови и секако никакви хормони повеќе . Ќе оставам на Господ ако некогаш се смилува и ми подари уште едно дете ќе му бидам вечно благодарна, иако и сега му благодарам за ангелот кој го имам.Поздрав
2 месеци по ред си купувам тест 1недела пред термин за добивање и знам дека ќе биде негативен ама не ме држи место и после само си седам со тестот тажна и така... Мм се чуди што правам и јас се чудам што правам ама посилно е од мене ...
Да се вклучам во муабетов за рецепт за рен...??? Враќав наназад, ама не стигнав да прочитам за каков рецепт станува збор? Ако сака некој да ми прати линк да прочитам, по што не знам да барам -СЕ ЧИТАМ со ред, па се губам Фалаааа...
Девојки, јас во саботата видов две цртки Пресреќна сум и на сите ви посакувам да ги видите што побрзо
здраво девојки,еве и јас после 2 абортуса да ви се јавам и прасам за помос и подрска ...првиот абортус бесе пред 8 месеци (бев 2,5 месеци бремена),а вториот пред една недела (бев 6 недела бремена),миссед абортион беа и двата...и сега гинеколог се сомнева дека е мозно да постоји некоја преграда во матката...ми препорацува да направам хистероскопија...дали некој има искуство со тоа,сто е тоа,како се прави,и дали е пресудно тоа да го направам...а гинекологот ми реце да не размислувам за трета бременост додека не го направам тоа (( а мене многу ми е страв од прегледи и едноставно не сакам да ми прават нисто доле...помосссссссссс (((((((((((
мајки, сегашни и идни сакам на сите да ви ј честитам Новата година, и сите кои сакаат господ да ги израдува со едно ангелче... да ни се насмевне среќата и нам Инаку јас правев 3та инсеминација, околу божиќ ке знам каков е резултатот, ма да со 2 претходни неуспешни надежта ми е минимална, ама мора да се направи, за инвитро се потребни 4 неуспешни поздрав на сите, убав помин и се најдобро во Новата год
Срцка, според ова што го прочитав во твоите постови, слична е ситуацијата како мојата. Имав и јас еден спонтан некаде 9-та недела, после 10-11 месеци забременив пак и не се гледаше ништо на ехо. Бев 7 недели и неколку дена според последна менструација и ништо не се гледаше, да беше се во ред тогаш требаше да се види и срцева акција, а кај мене не се гледаше ништо. Бев на конзилијарно мислење со 3 доктори на кое се востануви дека станува збор за вонматерична. Примив 3 инекции метатрексат и ми рекоа и мене да направам хистероскопија или лапараскопија и хистероскопија заедно. Тоа се прави со целосна анестезија, и нема потреба да се плашиш, што и да се прави за арно се прави, подобро тоа отколку да ризикуваш за следна бременост. И мене исто ми рекоа, да не размислувам за следна бременост пред да направам ова. Сега сум во друга земја, овде ми рекоа за да избегнеме анестезии и операции, да ми направат хистеросонографија или скратено ХСГ. Тоа е рендген со вбризгување на течност и се гледа како се распространува течноста низ матката и јајоводите. Така може да се види дали има некои нерамнини во матката и проодноста на јајоводите. Јас ова ќе правам во февруар здравје, дека и онака чекам да поминат 6 месеци од инекциите. Ти примаше ли инекции? Ако си примала, ти кажаа ли дека не смеете да се обидувате за бременост додека не поминат 6 месеци? Јас да ти кажам едвај чекам да направам што треба, со летање има да отидам, за бебушко се ќе направам, нема несакам Ајде со лесно
и мене исто ми се слуци со втората бременост,нисто не се гледасе на ехото,а BHCG растесе,и мислеа дека мозеби е вон материцно,лезев 3 дена во GAK под обсервација за да видат дали ке се смени несто или пак ако не се смени несто требасе да ми ги даваат тие инекциите метатракс,но 3 ден кога ме гледаа на ехо ,ми рекоа дека плодот е спустен во матката,се е во ред и мозам да си одам дома,така да не ги примав инекциите...после една недела кога отидов кај мојот гинеколог,ми реце дека плодот е многу мал и не се развива,ама да поцекаме усте една недела да видиме сто ке биде,по една недела кога отидов пак,тогас веке требасе да бидам 7 недела и требасе да има веке срцева акција,ама немасе,таа реце дека бебето за таа недела сто сме цекале не се развило ниту малку,и дека мора да го абортирам...ми правеа киретаза...и сега вика да не размислувам за трето додека не направам хистероскопија....а јас пак се сомневам дека овој пат мозеби плодот го нападнале вируси,оти додека бев во GAK настинав и многу каслав,носот ми тецесе,имав грип,па мислев дека ради тоа плодот бесе мртов,ама гинекологот вика,вирусите се најмал проблем,нема врска со тоа... веке незнам ни сто да мисла,ама ке поцекам мозеби усте 2-3 месеци па ке видам да направам хистероскопија...дај бозе се да се среди...
еј здраво девојки... ај еден совет ќе ве молам! имав односи со сопругот за време на плодните денови но само 3 пати за време на овие денови! дали тоа е доволно? знам дека е ова индивидуално но сепак ако мозе совет од ваше искуство бидејки немам трпение да дочекам. исто и да прашам дали игра улога тоа во кој дел од денот е..бидејки имам слишнато дека сперматозоидите биле по малобројни откако момчето ке има 2-3 оргазми?? фала ви многу...се најдоброооо
ДРАГИ мои феминки пријателки, Ви посакувам СРЕќНА нова година, да ни биде бериќетна на сите сто останавме безнадезни во претходната 2013, и на сите многу љубов , здравје, мир, радости, исполнети срца и да ни се исполни најголемиот сон да станеме мамички, засто навистина заслузуваме после толку чекање!!! Па со Господ напред Ве сакам сите
Драги Феминки, од сакам да ви ја честитам новата година со најискрени желби за добро здравје, многу среќа и успех, посебно на проектот "Бебе 2014"