Спермограм, хормони, пап, ехо, брисеви, проодност на канали (хсг) ти се основните испитувања, за понатака доктор специјалист ќе си најдеш и ќе си тераш. Нема одговор како се си е во ред опушти се, не постои такво нешто, не можеш да се опуштиш од лично искуство ти кажувам. Најди добар доктор, ако треба во друг град ако во твојот нема избор и барај што е причината. Ако не постои инсеминација, ин витро... Ама одговор мора да има прво. Заборавив да спомнам ќе се едитирам. Кај нас исто се во ред, ама осетив немам овулација секој месец, се помалку имам, почнав да ја ловам, да ја следам, ја уловил последната и сменивме поза, она најбејзик ја на грб легната, се фати 8м ловење овулација и следење.
Jas iskomentirav da se opusti ako e se vo red od druga gledna tocka, psihata e mnogu jaka rabota. Ke spomnam prijatelka na majka mi site mozni ispituvanja gi napravija i se bese ok a so godini nemaa deca i koga krena race od se i se pomiri so sidbinata... Velese mene ne mi e pisano da imam deca toa e... I op posle toa mesec dena ostana bremena. Znam kolku e tesko da se opustis i jas go znam toa ama nekogas precka ni e samata psiha, samiot pritisok i od okolinata.
Не постои такво нешто како пречка психа, нема, секогаш има нешто. Макар и идиопатски стерилитет да е, има начин и тој да се среди. Психата може ќе ти го кине срцето, ама во матката не прави никаква разлика, не ги грчи јајниците. Е има врска само во фактот дали ќе уживаш ти и сопруг повеќе, ништо друго. Нема научни докази дека психата смета за бременост, ако беше така немаше да се прават испитувања воопшто, само ќе се оставеше на Ќе биде!
Пах не би рекла дека нема психа. Има психички напнувања, притисок да биде сега и веднаш, нервоза, ментални блокади. Можеби ти повеќе веруваш во тоа дека нешто мора да има реална физичка пречка, од материјална страна, за што и некогаш а и во повеќето случаи има врска. Ама сигурно постои нешто што не дава и од психичка страна. А како немаше овулација? Немаше симптоми, исцедок?
И јас верувам дека психата игра многу голема улога. Прочитав тука, а сум слушнала и многу искуства кога се откажале или кога не мислеле на забременување, тогаш настапила бременост, сосема неочекувано. Психата знае да има многу голема улога и во напредување на болест или оздравување. И да, лесно е да се каже опушти се, ќе биде, ама во пракса е многу тешко. Мислите сепак одат натаму.
Сакале или не, стресот знае да направи хормонален дисбаланс. При стрес се зголемува нивото на стрес хормоните, меѓу кои и прогестеронот што е директна пречка за бременост. Не дека стресот е фактор број 1 за неплодност, ама има влијание.
Така е. Само што тој совет е доста непрактичен, бидејќи не сите знаеме како да се опуштиме. Прашањето е како? И кога од страна ќе речат #опуштисе, уште толку некои се нервираат да откријат како, бидејќи желбата за бебе е преголема, ги притиска, а психата им е згрчена. Па во згрчена психа, многу веројатно и јајници и матка да се грчат. Да, сите испитувања основни жената ќе ги направи, чисто за сигурност дека вагината и матката се чисти, ама ако тргнеме по секое испитување каде крајна точка? И кога некоја ќе ги направи баш тие основни анализи, и мажот, потоа останува на чекање. И не доаѓа. Некој месец може да биде без овулација, некој ќе има стресен период, некој не се погодува да се најдат пливач и јајце, и така поминува време и не бидува. Мислам дека како што внимаваме на исхрана, да му дадеме на телото добра хранливост, постои и духовна хранливост. Јога, музика, шетање, пронаоѓање нешто што ти прави ќеф. Е сега некои повеќе се по материјалниот вид на нештата, за нив тоа духовност не важи многу. Значи, опуштањето е таа "точка на топење", да научи човек да го олабави мозокот.
И те како постои таква пречка. Многу истражувања има на таа тема. Стресот менува многу работи во организмот. Како се средува идиопатски стерилитет? Како би објаснила што некои луѓе добиваат деца по природен пат откако едно добиле по пат на ин витро, дури и некои посвоиле па добиче свое?
Во медицината 2 и 2 не се секогаш 4. Не може да речеш опушти се ќе биде. Не бидува. Пријатели на моите кои не веруваат во медицина, испитувања и инвитро останаа без деца, другите кои отидоа на инсеминација добија прекрасна ќерка која сега има 22г. Значи пред 22г, кога ретко кој правел инсеминација. Кај вториве "се беше во ред", кај првите никогаш не дознаа бидејќи кај мажот се било во ред, немало што он да оди на испитувања, а жената од пап и брисеви подалеку не отишла. И толку. Ако после 1г, 2г, не бива, нема да чекам да биде, да се опуштам, некој не може да се опушти едноставно, ќе одам на инсеминација, инвитро, ќе направам нешто. Макар било да побарам и помош з да се опуштам, да најдам начин. Сакам да кажам не можеш да кажеш само треба да се опуштиш и се ќе биде добро, бе бива!
Епа да де, сепак хормоните треба да се средат, ако е последица од стрес и тој ќе се среди, ќе посетам психолог, ќе најдам начини... не може да речеш се е во ред, не бива и да кренеш раце. Тоа ми е муабетот, не дека не прави проблем менталната блокада. Ништо немав, ни исцедок ни симптоми. Дури и на ехо немав овулација. Се случуваше по 3 до 4м така. Дури бев убедена дека кај и да е влагам во менопауза, почна и циклусот да ми варира. Може имало нешто, сепак ослабев 25 кила и више, мора да имало нешто.
Најнормална. Ама од пусто што знаев дека немам овулација ми беше мачно. Иначе откако ослабев имам прилично силно либидо.
Што и да е проблемот, каде што има проблем има и решение. Точно е дека тоа 'опушти се и ќе биде' прави најголем притисок, мене барем ми правело поголем притисок од реален проблем шо е вистинска пречка. Како да се опуштам кога секој ден мерам базална температура, одам на фоликулометрија, правам тестови за овулација, темпирам, запишувам симптоми исцедок во 100 апликации, бројам денови, правам тестови за бременост, паѓам во депресија кога ќе добијам, се борам за нови сили и на крај магичните зборови 'опушти се' ќе ме опуштат. Мхм да. Ама првиот пат забременив на патување. Сменив секојдневие, се чувствував релаксирано. Но никако не смеат да се игнорираат другите работи. Џабе е опуштање, патување, медитација, издувни вентили и шо ти ја знам, ако маж ми на пр има лош спермограм, а нема испитано.
Тука пишуваш не постои пречка предизвикана од психа или јас грешка читам? Сама се исплетка, не знаеш што сакаш да кажеш. Никој не кажа одење по лекари. Јас кажав дека има примери каде парови по прво инвитро добиле второ дете природно. Некои дури и посвоиле затоа што сами не успеале а потоа добиле свое биолошко дете. Дали ова е доказ доволен за психата и нејзината моќ или е нешто друго во прашање? Што е идиопатски стерилитет И како некој знае дека ја има? Испитувања во ред а бременост нема, значи има некој проблем ама не е хормон, преграда, квалитет на сперма итн.
Не се исплеткав, точно си кажав тоа што мислам и стојам до ова зошто имам 2 приказни идентични од по неколку години обиди. И не, не постои нешто како опушти се ќе биде. Стресот сам по себе не може да биде пречка, последиците од него да, во случајот хормони. Мора да се работи само на пречките, па макар ете било и стрес во прашање само, класичен стрес, ништо последица од него, мислиш на тоа 24/7, треба во тој случај да работиш на тоа. Не може да кренеш раце и да речеш се е во ред и треба само да не мислам. Кој не прател овулации, кој не мерел тт, кој не правел тестови, кој не се гледал со гинеколог поише од со неговите родители, тој не може да разбере дека да се опуштиш не е баш така лесно. Ко што пиша погоре феминката, како да се опуштиш кога има толку работи кои мора да ги направиш за да си помогнеш, броиш денови, следиш тестови, тт, посети на гинеколог... Факт дека за некои од нас останување бремена не е така лесно и покрај тоа што се е во ред.