Нема зошто да не им веруваш. Не ја знам лабораторијата, ама со 5% подвижни не е невозможно да се остане природно бремена. Доволно е еден сперматозоид од милиони да стигне до целта.
Вчера правев тест за овулација имаше бледа линија , денес го повторив скоро и да нема втора линија, веќе трет ден го имам оној исцедок како белка од јајце можно е да настанала веќе овулацијата а денес ми е 8 ден од циклус? Претходните два месеци имав позитивни тестови на 9 и 11 ден од циклус.
Едно е што советуваат, а друго што може да се случи во меѓувреме. Шансите иако се минимални сепак постојат. Многу жени забремениле баш во периодот кога се спремале за ивф.
Јас сум слушала и од Њу Борн лоши искуства, на братучетка маж и, му дадоа едно таблети од 8000ден и на крај на клиника излезе дека е сосема во ред спермограм. Иначе може и во Букурешт, ние имавме таму упат од општ матичен ама не го искористивме пошто имавме смртен случај во семејство и не ми беше во ред да го терам сопругот.
Правев тест за овулација, што мислите? По календар утре ми е ден за овулација, пред два дена правев беше ептен бледа линијата. Иако хормоните не се добри ние си пробуваме-Надежта последна умира нели