@Звездичка30 достинекс ако пиеш немој и овие со нив. Достинексот се многу ефикасни, кај мене одма се среди со правилна доза.
Мила во понеделник имам закажано кај др Маџункова најверојатно ќе ми даде да ги пијам нив, секако ако почнам со Достинекс нема да земам од овие.
Кажете ми, дали сте осетиле имплантациски болки, кога се случуваат, дали се исти болки како менструални и колку траат. Мене требаше на 21 да ми дојди, никаква болка неам у гради, пред то ми беше редовна барем овие месеци ама сеа еве ми касне, плус иам болки доле десен јајник, сношти и влошка си ставив од толку шо ме болеше и ко станав ништо..
@fana ме научија у аптекава, секој месец тест земам, сите ке разберат со шо се борам а мало место.. Месецов не ни имавме доволно односи, свадба организираме и реновираме и дуеи вчера ми текна дека треба да ми дојде, дека немам болки у гради а ме болат чат пат јајници. Не знам некоја да кажала фека нема болки у гради а била бремена..
Да не те потпалувам, ама со маж тој месец кога забременив имавме еден единствен секс цел месец, спремавме роденден за дете, правевме нешто по дома, он завршни извештаи баш тој месец, се нешто обврски и знам само фатив исцедок како белка еден ден и толку!
Забременив баш у месецот кога почнавме со реновирање и воопшто не ни мислев на тоа . Без никакви симптоми на еден ден доцнење направив тест и одма излезе втора цртичка.
Имам неколку мутации кои не се страшни, на имунологија антитела еден куп испитував и сите се негативни што е одлично. Уште кариотипот да биде вака добар и идемо даље. А да, наодот од киретажата уште не е готов, како во NASA да го пратив Ти добра си? Кажи ми на тоа малото дека многу ги нервираше тетките од фемина што го немаше до сега Маж ми вика кога ќе го родам нашетето ќе го плеснел по газето и ќе му речел "кај си ти до сега"?
Сори што ќе се умешам . Каде ти е пратено за киретажата ? Ако е на патологија барај врски иначе можеш и без извештај да останеш.
Ваљда таму е, на ГАК правев. Врските ги пренасочив за кариотипот да ми биде побрзо готов, тоа ми е поважно ама чим е таква работата од понеделник ќе барам чаре.
Барај , моето со врски беше готово за 5 дена преку телефон добив информација, за писмено чекав точно еден месец. На девојчето што беше со мене во соба пред два месеци кога зборувавме уште не и беше земено , а поминати се девет месеци . Докторка од ГАК ми кажа "а штом не го земала до сега нема ни да го земе , ги забаталуваат. "
Ништо. Негативен. Само ваков тест имаше у аптекава, ама како и да е ми касне и би покажало. Повеќе среќа следен месец. Значи сите можни симптоми сум ги поминала од коа се трудиме. Фала ви шо ме мислевте