Знаев дека нешто се случува штом видов повеќе испишани страни @Звездичка30 честитки,нека биде се како што треба до последен ден, опушти се и уживај го моментот чуда се случуваат кога најмлаку очекуваме,ете уште еден доказ за тоа Преубава вест бравоооо
Точно така мила човек кога најмалку се надева тогаш се случуваат убави работи, ти благодарам од се срце за преубавите желби, Господ да ви дарува само убавини на сите ❤️❤️❤️
Пишав и на другата тема, ама многу сум возбудена ќе прашам и тука. Нели тестот што го направив вечерва беше негативен, ама сега кога проверив има една бледа линија. Ги чувам тестовите од претходните месеци (негативните) и немаат ваква линија… што мислите????
Мила ова е после неколку саати затоа ми е малце шубе. Ама од друга страна од прошлиот месец уште ми стојат така тестовите, немаат никаква линија. Значи се тресам!!!!! Леле дај Божееееее
Јас бев иста денес кога го направив тестот бледа беше ептен линијата ама се познаваше дека има нешто, почнав да се тресам целата
Тестовите не се читаат после 5 мин, сите така знаеме нели. Ама пред некој ден маж ми баш ми кажуваше за негов колега. Жена му правела тест и излегол негативен и го фрлила во канта без да му го покаже. Кога ја прашал рекла негативен беше го фрлив. Овој бркање во канта го нашол и тестот имал скроз бледа цртка. Дај Боже и ти да си таков случај, девојката е стварно бремена, 8 - 9та недела била сега веќе.
И јас знам за ваков случај. А и во првата бременост, мојот прво беше негативен, и по некое време се појави бледа црта. Ама јас и 3 4 дена унапред го направив.
Мојот тест беше ваков, го направив почекав кратко и налутена си заминав од тоалет зашто мислев дека е негативен. По саат и пол влегов да се туширам и и сакав да го фрлам па видов цртка слична на твојата. Следниот ден правев од истиот и излезе позитивен. Еве го мојот прв тест
Да и јас и го пратив во порака мојот тест од вчера првиот шур чек што го правев колку малку се познава втората цртка на 3 дена доцнење а нејзе сеуште не и доцни така да големи се шансите да е бремена
Па да овој другиот 3 пати поефтин а жар црвени цртки ми покажа вчера така да дефинитивно шур чек не се баш добри...
Да да. Сите членки од форумов се согласивме дека овие се најточни иако се најефтини. И селф клиар не се добри (а се најскапи) тие па лажно позитивни даваат. Колку членки се "изгореа" со лажна надеж од нив ....
да. Сите членки од форумов се согласивме дека овие се најточни иако се најефтини. И селф клиар не се добри (а се најскапи) тие па лажно позитивни даваат. Колку членки се "изгореа" со лажна надеж од нив .... [/QUOTE] Уф тоа пак уште потешко да се израдуваш и на крај да ти падне се во вода за многу работи не мора да значи ако нешто е скапо дека е квалитетно и добро...
Си направив друг тест денес од сабајле и немаше ништо. Е сега не знам пошо беше еден турски бренд тестот (дома ми беше не знам од каде ми е), не сум имала искуство со тој, мада пишуваше дека детектира од 10 хцг. Останува да видам дали ќе добијам, не правам веќе тестови!