Ти благодарам мила Господ да ти даде само убавини,па најмалку 3 месеци да ги пиеш така знам јас,тоа се прашоци кој се стават дирекно во уста и се голтаат,ке проверам точно колку пакетчиња се и ке ти напишам ,на нив пишува едно сабајле едно навечер ама јас пиев само навечер бидејки насабајле пиев обична фолна па се плашев да не претерам
И ја сум истата не знам од овулација додека не добијам тестови праев ужас мислам психички се пореметив, дури коа ќе добијам глупо ми е н мм да му кажам
Еден најдобронамерен совет од мене. Убаво е сѐ тоа што сакате да пиете суплементи за квалитет на јајце клетки итн. Ама имајте во обзир дека и партнерите треба да се позанимаваат со репродуктивното здравје. Не е секогаш во прашање женски фактор кога не се случува бременост.
Членките ми ја пишаа, прв пат ја слушнав. Не планирав да ја земам секако. Се што правам и пијам е во консултација со доктори. Фала ти
Не таман работа да те сватам погрешно, овде сме да си размениме искуства и секој совет е добродојден. Искрено и приватно не знам кај кого да одам, со Систина имам лошо искуство и таму не би.. Докторите не ги знам.Почнав да одам кај Тофовски, он ми даде да испитам хормони, после мензис ми рече ХСГ да правам. Мислев ми закажал на клиника но вчера го прочитав пак извештајот пишал да направам па да одам кај него со резултати. Некако тој ми дава надеж
Провери си генетски мутации. Барај сама да ти ги испитаат. Мене гинекологот ми викаше немаш мутации имаш родено дете здраво право, без никаков проблем. Но ете сепак имам, не е нешто страшно се средува со фолна, б12, аспирин и може ако забременам ке треба клексани затоа што така ми пошал трансфузиолог но тоа ке се види отпосле.. Грешка сум била, пишал ХСГ и со резултати на контрола. Што значи немам закажано ниту знам кај се прави. Денес ќе се распрашам каде и како се прави.
Мислам дека треба упат од матичен и мислам дека треба да се јавиш на прв ден од циклус да ти отворат историја и да ти кажат кога да одиш. Јас немам правено ама другарка правеше па од таму ми се информациите. Можеби најдобро да си прашаш на ГАК за да си добиеш најточно инфо.
Пред 6м кога сакав да правам на ГАК не им работеше апаратот, проверете сега. Јас чекав да добијам и да одам кај Толовски ама не добив.
Приватно, се јавуваш да закажеш, кога ќе добиеш се прави седиментација, јавуваш резултати и ти кажуваат точен термин, одиш и тоа е тоа. Цена 4200 ми кажаа и мене сега кога се јавував пред 6м.
Јас пред 1-2 месеци платив 4200 денари. Докторот беше пријатен и приступачен и ми посвети внимание на крај. Ми кажа што тој гледа на снимката и дали смета дека ќе се одрази на потешкотии при бременост. Присутен беше и мојот гинеколог за да ми дообјасни.
Koja ludost. Samo edno ke kazam ne deka ne im raboti aparatot, odmori se sega i ne sakaat da se optovaruvaat. Sekoe leto e ista pesna. Makedonska rabota.
Може да ми кажеш како успеа да закажеш кај Тофоски? Термини нема на мој термин, повеќе членки имам читано дека го фалат, би сакала да отидам