Ве има многу задоволни од кај него? Специјалист за неплодност е или што? Специјалист за пцос? Ми треба некој шо ќе ми каже што да правам чекор по чекор и да ме води низ процесот, изгубив многу време лутајќи. Ни нерви имам ни одговори ни напредок. Тој да ми прави ХСГ, тоа предлагаш? За шо е добар тој?
Не ХСГ, туку дијагностичка хистероскопија. Со неа и да има септум можат во една постапка да го отстранат. Инаку многу има врска колкава е и каде е преградата. Мене докторката на рутински преглед после пораѓајот ми виде преграда на 4д ехо, ама рече дека праксата не им е по секоја цена да ја отстрануваат. Конкретно во мојот случај вика имаш износено големо бебе до напредна недела и септумот не направил проблем, во смисла спонтан и слично, така да јас не би чепкала ништо.
Истото ќе ти го пишев како @Iris-1234 . Јас сум со еднорога матка и претходни гинеколози ми викале дека е како од учебник. Прво одење во Ремедика кај Котларова и Димитров на 4д ехо видоа дека нешто не е во ред и се потврди само со хсг. Така што прво преглед би ти препорачала кај некој од нив па ќе те упатат што понатака. И да има септум ништо страшно не е.
Епа коа гледаат на еднодимензионално ехо. Па свесни ли се колку време, нерви, пари (ај да се збие на нив) не кошта, не еден туку 10 несоодветни прегледи. Значи ако направам хистероскопија, еве пример кај др Димитров, ќе го увиде проблемот и при процедурата ќе интервенира ако има потреба? А со ХСГ само се дијагностицира, така? За ХСГ знам чини околу 8000 денари, плус минус, а ова хистероскопијата дијагностичка колку чини?
Специјалист е за неплодност ама и врвен дијагностичар и хирург. Во Ремедика не прават ХСГ ама можеби тој ќе ти предложи дијагностичка хистероскопија и ќе се увиди најточно што е проблемот. Ама и без тоа, кога тој ќе те погледне на ехо да знаеш дека си прегледана како што треба. Врвен стручњак е! Јас имам познаничка на која секаде и велеа дека нема надеж за нејзе, а со помош на Димитров сега има две златни дечиња. Пак ќе ти речам, не си губи драгоцено време и закажи си кај него.
Тој ќе ти каже дали треба хистероскопија или не и ќе те упати што понатаму. Јави се во Ремедика за цена на дијагностичка хистероскопија ама сигурно е околу 20-30.000ден.
Тој ќе ти каже од што има потреба. Ако му е нешто сомнително и не може да се утврди што е проблемот со ХСГ тогаш ќе препорача хистероскопија. Ама ако смета дека нештото може да се види на ХСГ ќе ти каже. Мене ми имаше предложено ХСГ ама јас баш тој месец забременив. И да знаеш, не е човек што ќе инсистира одма на операции за да ти ги земе парите. Мене ми велеше, најлесно е да те ставижме под нож ама не е тоа поентата, претходно треба да се испроба сè што е неинвазивно, е после ако нема успех се предлага некаков вид на поинвазивна интервенција. Имај на ум дека кај него за да закажеш треба 2-3 недели унапред.
ХСГ е постапка за проверка на проодност на каналите, нема врска со состојбата на матката. Не мора да значи дека мораш да правиш Хистероскопија, прво направи преглед кај стручен доктор како што те советуваат, а он ќе ти каже дали треба или не. Ако ти е скапо на приватно можеш и на државно да правиш.
Хсг не е само постапка за проодност на канали, хсг дава слика и од структурата на матката. Јас на пример прво правев дијагностичка хистероскопија со која апсолутно ништо не се виде или потврди од тоа што ми требаше, па затоа бев препратена на ХСГ каде се виде каква е структурата на матката и што е проблемот. Нареден чекор беше лапароскопија која кај мене проценија дека нема потреба да се прави. Така што и да правев само ХСГ како прво испитување ќе беше сосема доволно во мојот случај. @DaisyDoo јас се согласувам со @Iris-1234 и ти препорачувам да си направиш преглед кај што имаат убаво 4д ехо и убаво да ти кажат и објаснат каква е структурата на матката од тоа што го гледаат и дали има потреба понатака да се прави било какво друго испитување и кое би било тоа.
Да, со ХСГ се гледа и формата и структура на матката и евебтуални малформации (септуми, цисти, миоми, полипи...).
Не знаев за ова, мислев со Хсг само се пушта контраст за да се види дали се проодни каналите. Како и да е @DaisyDoo убави совети ти дадоа девојките. Не чекај и закажи си кај Димитров, не паничи може и да не си за зафат, а и да си не е ништо страшно.
И јас не знаев Бела ама кога бев кај Димитров тој ми го обајсни ова. Како полесна интервенција инсистираат прво на ХСГ па ако има потреба после тоа се препорачува хистеро ама сепак многу е индивидуално.
Учиме низ процесот. Тоа е. Само да се исплати на крајот, другото небитно. Фала женски шо ми разјаснивте некои работи. Се надевам дека од кај еден доктор ќе излезам барем малку насмеана.
Нормално дека ќе се исплати и ќе излезеш насмеана. Во тоа не треба ни да се сомневаш. На денешно време и со оваа современа медицина за сите има лек
Прочитав за Фертимилин тукс, тој само на рецепта е? И лошо ке е ако си го зеам и тоа да го пијам? Пиам фолна, омега 3 витсмим ц и селен
Јас пијам Фертилимин,без рецепта се зема јас најчесто во Зегин го наогам. Не е лошо да го пиеш и него покрај другиве витамини зашто не ги содржи он тие,освен фолна што содржи. Мене докторката ми препиша две на сабајле две навечер да пијам. Па ке видиме,веке три месеца го пијам
Фертилимин пијам јас, ко ги почнав пиев 2х2 една недела, а потоа 2х1 цело време. Не знам од кај таа доза ми ја кажа матичната, глеам членките тука цело време пијат 2х2, а мислам дека и на проспектот пишува 2х2. Јас го пијам за ПЦОС оти не ми растат фоликули, наводно за 3-4 месеци ќе имало ефект. Препишан од матичен, може и без рецепта да го земеш. Не знам шо проблем имаш и зошто сакаш да го пиеш, ама ако си овулираш нормално, зошто?
Јас имам пцос мене ми растат и фоликули и уредно овулација си имам се,ама ендокринологот ми го даде да го пијам ваљда за да ја поправи малку инверзијата на фсх и лх,што знам.