I jas mislam kako bela da napravis dijagnosticka histeroskopija i ako ima septum odma ke ti go odstranat.
Прашањето го поставив и во друга тема, оваа е повеќе посетена. Ќе ве замолам за доктор, за повторувачка неуспешна бременост. Доктор кој упатува, и навистина се труди. Јас од Систина не наидов на таков реално, ама ако некој сум пропуштила слободно кажете ми искуство. Се мислам во Ремедика да се префрлам, само не знам за доктор. Владимир во Ремедика е? Од кој имате добро искуство да насочува што да се испита? Благодарам
Јас не знам за гинеколог ама мој совет е паралелно да консултираш и некој имунолог за да те насочи дали е потребно да се испита нешто од имунолошки аспект.
Па затоа и лутам вака, бремености ми ги води докторка за неплодност доста стручна од тој аспект се испитано и е супер, ама последните две бремености не се успешни. Првата бременост како по книга. На 35 години ваљда не сум премногу, докторката вели матка имаш уште за 3 деца да родиш, ама ете не оди. А забременување од прва, и затоа лутам, барам доктор за друга проблематика да ме насочи. Од Систина некако сите по реакциите ми беа меех ништо не е, а и не се замараат искрено или пак кај мене само така е не знам.
Во Ремедика прод. Димитров е голем стручњак за неплодност, баш и погоре на една членка и пишував за него. Исконсултирај го него, а во исто време консултирај се со проф. Петличковски од имунологија па види што ќе ти кажат за да ја фатиш работата од корен да ја решаваш.
10 години сум помлада од тебе и забременив природно со истото АМХ надежта последна умира! Работи на подобрување на квалитетот на јајце клетките зимај Q10, вит Е , б комплекс , провери си состојба со тироидната жлезда, скриен шеќер , вит Д. Стави смокви во 2 тегли и наполни ги со маслиново масло едната почни ја веднаш другата откако ќе ја завршиш првата зимај по една смоква секое сабајле. Ова се суплементите јас што ги земав. Ти посакувам што поскоро II .
Здраво сакам да го споделам со вас моето искуство и да прашам дали има некоја со слично. Денес требаше да правам пункција на природен циклус веднаш после неуспешно инвитро. Во понеделникот сабајле примив овитрел(стоп инекција ), денес пред пункцијата на ехо во сала фоликулот беше пукнат(пред 2 3 саати проценка на др.) и се реши за инсеминација. Ми даде терапија за подршка и рече дека има шанси да успееме на овој начин, имал примери од искуство на пациентки со успешна бременост на ист начин. Чисто ми треба подршка дали некоја од вас имала исто искуство и резултат од истото, знам дека секој си е пример за себе но сепак....
Јас бев во Ремедика кај Димитров, првично беше за отстранување на полипи, па излезе и септум дека сум имала. Мојата матична тогаш ништо не ни биде на ехо. Живеам во странство сега и каде што одам на гинеколог ми рекоа се е толку убаво направено што никој не би претпоставил дека имало интервенција (веројатно тоа треба така да е и со други доктори). Се жалат од Димитров дека некогаш бил груб кога зборел, но јас имам многу убаво искуство.
Не успеав да направам ХСГ, останав бремена и не се вратив на контрола кај Димитров. Инаку кај него кога закажав носев резултати од хормони само.
Честитки мила од срце! Толку се израдував, како за себе! Ќе биде се во ред овој пат и твоето виножитце ќе си го држиш во прегратки! Те гушкам најсилно!
На 23ти закажав зошто тогаш се враќаме од одмор. Се мислевме дали воопшто да одиме, ама докторката ме искара. Вика бремена си, не си болна, да си одиш на море и да си уживаш. Решив да ја послушам. Здравје тогаш би била 7+1, па се надевам и срценце ќе чуеме..
Женски дали имате идеја како влијаат вирусиве на овулација? Ме фати вчера стомачниот, повраќање и дијареа. До вечерта качив и темперарура некоја, највеќе 38, инаку 37 со 5 отприлика ми беше. Еве денес веќе сум добра. Правам тестови за овулација од неделата, недела и понеделник ми беа негативни, а вчера не се тестирав. Денес сабајле правев, пак негативен. По претходни тестирања, би требало утре да ми биде овулацијата, ама може ли на пример од грипов да немам овулација месецов? Очекував малце потемна линија да видам денес, ама таа исто ко вчера..