На многу жени го препорачуваат да го пијат земи си и пченична трева во прав на био космос по едно лајче на сабајле на гладно во цеден сок од лимон и портокал нема грд вкус јас таков пијав и матичен млеч со мед и од него земав по едно лајче на сабајле и навечер нема штета од овие се е природно и плус ќе ти кажи доктор кои други суплементи да ги пијаш омега, коензим q10, витамин е и други тоа со доктор кои треба и смокви во маслино масло 40 дена да седет во тегла по една или две на гладно и тоа е добро за подобрување на квалитетот на јајце клетките и намалување на фсх хормонот.
Извини што се вметнува, дали имаше проблем со некој хормон, па пиеше тоа, може ли во лична порака да ми објасниш и кој витамин Е. Јассо хормоните сум ок, ама и јас сакам да преземам за подобрување на јајце клетката. Ќе може ли да ми објасниш. Благодарам
Правев брисеви за хсг. Ми излезе уреаплазма. Веројатно ќе треба да пролонгирам се до чист брис. Првпат ја имам бактеријата па сакав да прашам, прави ли нешто во однос на (ин)фертилитет? Матичната вели НЕ, интернетот вели друго.
Јас мислам дека можно е да оневозможува зачнување. Било која бактерија може да пречи и подобро е да се излечи пред бременост. Којзнае што ѝ значи тоа на докторката, ама нели велат дека пред бременост е подобро да се чисти брисевите. Е сега види кај партнерот исто така да зема терапија дали треба за во случај да ја има и тој.
И јас имав уреаплазма во мај негде,не смета на забременување ми рече докторката мене,затоа што кога ја откривме веке бев некој ден по овулација и докторката ми рече ке чекаме да добиеш за да почнеш со антибиотик за да не напраиме беља ако во случај се фатило нешто. Значи може да се остане трудна и со нејзе ама се препорачува пред да се почне со обиди да се чисти брисевите. Јас прилично лесно ја излечив фала богу,со доксициклин 7 дена по 1 на ден,вагинални Нео Пенотран 7 дена,и додека пиев антибиотик и ги ставав овие вагиналните пиев Лактогин пробиотик за вагинална флора по две на ден,и следни брисеви по месец дена од испиена терапија чисти ми беа,а ХСГ правев пред една недела. Не се плаши со терапија ке се среди.
За уреаплазма се прима антибиотик обично еритромицин или сумамед. Треба и ти и партнерот да пиете. Тебе би требало и вагиналети да ти дадат. После 1,2 месеци ќе проверите пак дали се исчистила зошто е многу досадна инфекција. Може да се зачне и со инфекција, ама прави таа проблем понатака за задржување на плодот. Влијае врз цервиксот и предвремено прскање на водењак. Затоа и ако се јави во бременост на контролни брисеви, се третира со антибиотик. Не се грижи ќе ја средиш. Земи си и нешто за појачување имунитет и многу течности.
Ми препиша само Еритромицин 4х1. На мене и маж. Не знам зошто не ми даде вагиналети, а очекував. Веројатно можам да си земам на своја рака? И заборавив за односи да ја прашам Не е препорачливо, нели? И јас така читав по нет. Ама еве не морало да значи.
Односи само со кондом можете додека се лечите,без тоа никако. Вагинални после овие што ги ставив нео пенотранот,ми даде и други да ставам 5дена по две на ден сабајле и навечер,Донафил се викаат и мислам дека тие ептен ми помогнаа на крај,на природна база се и ја вракаат нормалната флора директно таму кај што треба. Можеш да си ги земеш нив,секако нема штета,а мене многу ми помогнаа. Иначе маж ми не пиеше терапија со мене,ради други причини несмее да пие антинбиотик и правеше брисеви и он,кај него ја немаше уреаплазмата,жива среќа и така пројдовме.
Влегов случајно во темава не знам како ми отиде неколку страни назад, и го читам ова Се радувам премногу! Со лесно мила и сѐ ќе биде во ред овој пат верувај!
Милички здраво испитано хормони кај другарка ми има 41 година има проблеми со циклусот само што и завршил циклусот т.е крварењето добива одма по 2 недели има едно дете но ете сака да си проба пак и сакав да ги видите хормоните кој ги разбира повеќе да пише или пак влага во менопауза
Здраво на сите! Се решив да се приклучам и јас. Имам 35 год и едно дете. Првиот пат останав бремена при прв обид. Но за второ никако не оди. Неколку години се обидуваме. Дали има некоја членка со случај како мојот? Да размениме мислење
Мила најмила сега гледам нека ти е со лесно и да сте здрави и живи и јас знаеш дека се борев и еве ги уште две очиња ме гледаат се викаат Бисера јуначето само позитивно и убава мисла да те води додека трепнеш ќе помине времето да го гушнеш тоа нај убаво душиче те гушкам и поздравувам од сесрце
Да мила инсулинот предизвикува спонтан јас имав спонтан пред две години и со оваа бременоста пиев гликофаж за заштита од спонтан тоа ми беше под терапија од ендокринолог така да посети си ендокринолог ќе те насочи.