Мила оти си правиш стрес? Послушај совети, од искуство ти кажувам,рано е за ваков тест, нема шанса да ти покаже точно на 4 дена пред добивање. Ти кажав кој може, а и за него е прашање.
И јас не гледам дека има. Почекај уште ден-два и гледај да направиш со прва утринска мокрача. Мене ми покажа бледа црта на 5-6 дена пред датумот за добивање. Бетата истиот ден ми беше 10-11.
Ама не е кај сите така, пребрзо некој може да се разочара, а на крај да испадне бремена, на некој покажува 1 ден каснење ептен бледа линија. Само си прави стрес, еве кај се уште 3 дена. Прошлиот месец со тест за рано одкривање 3 дена пред да добијам правев и беше негативно, погодија, овој месец ден пред менс беше жар црвена ама предходниот месец само на тоа мислев, лажен е, не е лажен, мозокот ми прсна од прашања. Притоа ако имала касна овулација и да е бремена ќе кажува негативен.
Дечки еве ме пак мене, ми треба итно ваш совет Како што веќе имам пишано и претходно, јас се спремам за лапаро-хистероскопија во октомври кај Тофоски поради затнати канали утврдено на хсг. На претходниот преглед кај Тофоски ми кажа да дојдам сред циклус во септември за да ме види дали овулирам. Отидов денес и додека ме прегледуваше ми вика спремна си за правење бебе, на сестрата и вика дај и инекција Овитреле и утре нека дојде со маж и за инсеминација.... и ми избега, не успеав да го прашам ништо. Сестрата ме боцна и јас целата шокирана излегов од клиника. Јас моментално пошо нели се спремам за лапароскопија и хистероскопија, почнав со испитувањата, меѓутоа сеуште немам направено нов пап и брисеви, планирав да ги направам во четврток (не очекував дека на докторот ќе му текне нешто вакво) Доколку ми направат утре инсеминација, дали можам во четврток да направам пап и брисеви?? Пошто, доколку не е успешна инсеминацијата (дај Боже да е, ама не очекувам), кога ќе направам пап и брисеви за да бидам спремна за операцијата. Не знам дали ме разбравте пошто ни самата себеси не можам да се разберам. Ве молам за совет како да постапам.
Како се справувате со анемија? неможам никако да го подигнам железото еве 7 месеци после абортусот поминаа.пијам сок од калинка со портокал,мед со семе од коприва и лимон,малтофер но ништо
Јас на 3 дена доцнење имав ептен бледа линија на Шур Чек потоа зедов labo quick и на тој ептен се познаваше иако е најефтин.И јас мислам дека ти е рано и јас така си правев стресови и разочарувања кога правев тестови пред да ми задоцни.
Sekoe sabajle kakao pij mnogu pomaga za zelezoto... Em prirodno em efikasno. Jas po prelezana korona imav mnogu nisko zelezo i nikako ne uspeav da go podobram i mi kazaa za kakao da pijam i se podobri.
апдејт на мојот случај - хепатитот го излечив единствено нешто добро. останав пак трудна по четврти пат и за жал пак неуспешно му престана срцето пак. во мај беше киретажата. немам сила веќе жени мои. нека ми е жива о здрава ќерками само. поминаа три месеци од киретажата. и на мажми му викам ако се решиме пак да пробаме кога ќе свршиш да не ми кажеш да не мислам на бебе. да сум опуштена. имавме односи и он си решил сега септември и сврши во мене без да ми каже. наредните односи цело време свршуваше во мене и веќе не се замарав ладна камен како ништо да не било. опуштена максимално едноставно уживав и не мислев на бебе , дури несакам да се фати се молам ако се фаќа нека е здраво ако не ич нека не се фаќа неможам пак да одам на киретажа толку ми е стресно веќе. сега треба да добијам-недобијам на 19 месецов. и ме фаќа паника и страв пак. ако се правам јака .
Кога најрано ке покажи на бета бременост? 9 дпо ми е денес, пијам нолпаза за желудник, ми е страв ќе треба да ги преќинам ако сум бремена.
Почекај барем уште некој ден, ама нолпазата во моментов, односно до имплантација не може ништо да наштети мислам. Подобро да почекаш.
Здраво на сите. После неколку месеци пауза почнавме повторно да се обидуваме за бебенце со маж ми. Сакам да прашам зошто откако почнавме после неколку дена почнав често да мокрам но и имам убаво чуство буквално не ми се станува од шоља. А и при односи многу поосетлива сум доле, поинтезивно ми е чуството. И имам благо пецкање во горниот дел на стомакот во средина. Дали може да е ова од спремата? Истово чуство го имав и претходно кога останав бремена но доживеав спонтан. (Само тогаш пецкањето ми беше долниот дел на стомакот.) Мислење?
Требало да го побараш докторот и да ти објасни. Кога веќе имаш запушени канали и се спремаш за лапаро-хистеро многу е нелогично сега да правиш инсеминација. Он може и се нема сетено која си и зошто си таму чим така набрзинка те поминал. Многу ме нервира тоа кај некои доктори значи. Знам дека важи за ептен стручен доктор, ама малце непрофесионално ми е понашањево. Ако не се 100% запушени каналите прескокни пап и брисеви месецов. И дај Боже да е успешна инсеминацијата. Многу е битно кој канал каков е, на кој јајник е фоликулот итн.
Бидна и мојата прва инсеминација на спонтан циклус денес. За левиот кога направив тогаш хсг ми имаа кажано дека успеале да го отворат, ама од тогаш до сега јас не успеав да затруднам, и затоа немам надеж дека тој е ок, сепак одлучив да му верувам на докторот. Го побарав покасно (и јас мислев дека ме има промешано со некоја друга) и ми кажа дека знае што прави и да ја пробаме среќата. Иначе доминантен фоликул имав од лев овариум овој месец. Држете ми среќа