Димчев ми го правеше скринингот он се посомнева во неразвиен залисток, што би се средил со мала интервенција, тоа беше некаде 19та недела. Ова е преглед што се прави подоцна 23-25 недела за како е развиено срцето. Овде прочитав за прегледот Драшко ми го правеше. Препорачувам сите прегледи задолжително да се прават кај искусни доктори. Не сите можат да го видат тоа.
Не е генетска, ме гледаше на ехо и доктор од аџибадем турција за точна дијагноза, дека немало случај да се повтори пак за следна бременост. Како во сон ми е се што помина, мора да бидеме силни и да имаме верба Господ е голем да се молиме да не награди со здрави дечиња.
епа сега ти посакувам убава и здрава бременост до крај! не се плаши за кариотип мислам дека ќе ти испадне во ред. сподели резултати кога ќе тии стаса кариотипот.
@Bejb15 мила немој да се грижиш. Нашиот кариотип е во ред, правевме со сопругот лани брзо после загубата. Не се плаши.
Девојки, добив на 31 август последна менструација и сега сакаме бебе. Имавме незаштитен на 8ми, 13ти и 15ти септември. Пред неколку месеци пробувавме два месеци и ништо. Сега ќе почнам пак да се замарам, знам дека е рано ама ете таква сум. Кога најбрзо можам тест?
Иако бил голем плодот? Не правеше киретажа?? Кај мене мораше со киретажа и после уште една интервенција дека голем плод со коски формирани... Скоро сите ми рекоа дека поодмината бременост била да чекам 6 мес... Ти пробуваш или остана после тоа трудна?
Да ве прашам вас поискусните дали ова да го рачунам како менструација? Кои испитувања треба да ги направам? Ќе одам утре пак на доктор да видиме дали се исчистило само или ќе треба да ме чистат... Сакам да прочитам и ваши мислења Премногу ми е тешко, му кажувам на син ми дека немавеќе бебе, он ми вика има тука е у мешето и тргнува да го бацува.... солзи сами си течат, ноќе се будам и плачам Пишав и во темата спонтан абортус ама оваа е поактивна
Jas bev vo 12 nedela i ne sakaa da mi pravat kiretaza za toa sto imav prethodno 3 i za toa mi predlozija prirodno da isfrlam,pocnsv posle 1 mesec da probuvam ama eve 1 godina ne uspeva,iako napraviv pregledi i se e vo red
Се прави на ГАК со оставање крв од двата партнери. Кариотип е хромозомската структура кај еден организам и правилниот број кај човекот е 46. Генетско испитување е, не е променлив бројот на хромозоми, со него се раѓаме.
Само на Гак ли може, на приватно некаде има ли за испитување? Ремедика нема, уште Систина ми остана да прашам. Државно маж ми не може поради мал милион причини, тој додека се среди ќе помине цела година, не ми се чека толку. Или еве и на државно да е без упат за него, ќе платиме колку треба, така може?
Единствено на ГАК да прашаш, приватно, без упат ако има шанси. За другите испитувања знам дека може на приватно ама за кариотип не знам.
Не сум информирана за на приватно. На државно за тебе упат вадиш од матичен гинеколог, маж ти од општ матичен. Ако нема здравствено осигурување јави се на бројов и ако имаш среќа некој да ти крене прашај си. Обично повеќето услуги и на државно можат да се направат и да си доплатиш ако не си осигурен, ама за ова не знам.