Јас имам хипотироидизам и хашимото. Пред да забременам првиот пат не ни знаев дека го имам проблемот, а никако не забременував. Откако ми се постави дијагноза и почнав да пијам терапија забременив за 4-5 месеци. Сега повторно сум бремена, си ја проверувам месечно тироидната, си пијам терапија и тоа е тоа. Знам дека на прва ти има дојдено ко трагична веста зошто и мене ми беше така, мислев готово, крај на свет е. Ама не е така. Верувај дека е подобро што се открило, ќе те следат, ќе си пиеш терапија и ќе немаш никаква пречка за бременост. На нашево поднебје за жал секој трет има проблем со тироидната.
Пикозитол не може да направи проблем, нема никаква штетна состојка во него, се што содржи е дозволено и во бременост. Прочитај си го составот за да знаеш што пиеш. И јас го пиев пред да забременам и нормално си го пиев месеци уназад без да го прекинувам. Откако ќе имаш позитивен тест тогаш престануваш да го пиеш.
Сакаш да кажиш дека пикоситол ти помогна или можеби е случајно. Јас од скоро го дознав, ми кажаа дека многу помагало. Па ајде си реков не губам ништо.Само овие два дена како тахикардија чувствувам, некако како без здив остснувам. Знам има Л аргинин и треба да сум поактивна физички и глеам тоа да го правам.
Нормално дека не можам да кажам дека Пикозитолот конкретно ми помогнал. Си пиев терапија за хормоните и плус него и успеав, се погодил моментот. Јас не сум имала нус појави од него, провери да не ти е од нешто друго тахикардијата.
Терапијата трае 18-24 месеци. Зависи од докторот. Првите неколку месеци од лекувањето никако не смееш да забремениш. Хипертироидизам е потешко за лекување од хипотироидизам, но има надеж. Да си најдеш добар доктор што ќе те води за тироидата. Жан митрев или систина. И јас имам хипертироидизам и мене ми е тазе дијагностицирано. Во најубавите години сум, а со тироидава заглавив. И јас сакам да имам дете, но изгледа ќе чекам година, две додека не ми се среди. Ти посакувам што побрзо да се излечиш и да си родиш детенце.
Ти благодарам мила Моментално живеам во Германија и тука ме водат, за добар доктор незнам да кажам претпоставувам дека сите се добри Моментално од терапија примам Thiamazol 20mg и Bisoprolol 5mh по едно на ден. За 10 дена сум на контрола за крвна слика да видиме дали хормоните се намалени.... Незнам што да кажам дури и потешко ми е што знам дека сум далеку од семејството и пријателите и немам на кого да се искажам бидејќи и сопругот мислам дека го полудев више. А баш бевме убедени дека ќе ја добиеме борбата за бебче сега далеку од сите стресови ама еве незнам со што му погрешив на Бога
Исповед на сите гревови што си ги направила во животот кај поп/монах и он натака ќе те упати што да правеш најдобар лек е вербата во господ
Мила, кога ќе ти се среди тироидата ќе забремениш. Почекај година-две и ќе се среди. Секоја втора жена има тироида. Муабетот ми беше најди си добар доктор што ќе биде со тебе постојано да те води со тироидата. Ич да не се сеќираш, ќе ти се среди.
Nemoj taka da razmisluvas. Imaj verba vo boga. I veruvaj deka koga najmalku ocekuvas ke se desi. Jas koga najmalku mislev na toa cak i ne veruvav koga pravev test deka ke vidam dve crticki. Mislite mi bea sto si pravis filmovi sigurno nema nisto. I op sok od ubav poubav. Samo bidi istrajna i ke se desi
Зошто не смееш никако да забремениш? Аргументирајте си ги исказите. На некого ова му е ново и не се кажува сѐ и сешто баш така лесно и едноставно. Треба да се има на ум дека изјавата некого уште толку ќе извади од памет. Не сме доктори, си постојат специјалисти, ние до утре може паметни да се правиме.
Пошто не смее. Баш на почетокот на терапијата не смееш. Прашај било кој доктор. На ризик од спонтан си, предвремено породување, абнормалии кај бебето. Треба некое време да помине да се стабилизираат хормоните. Барем неколку месеци. Точно и јас не сум доктор, но знам некои работи пошто окапав со мојата тироида. Докторот ми кажа никако, првите неколку месеци, после веројатно може. Волку знам. Ако те интересира повеќе, прашај си доктор.
Си имам доктор јас и тироидната ми е под контрола со години. Зборев за членката на која што и даваш совет.
Не се разочарувај. Имам проблеми со тироидна повеќе од 10 години. Хипо-хашимото сум. Сум одела и во хипер. По болници околу тироиднава се акам од девојче. Многу добро се сеќавам кога во државна бев најмлада пациентка, па на секое одење имаше плус уште некоја, па плус уште некое машко, за на крај ходниците да бидат преполни и од мажи и од жени и од стари и од млади. Нели првично беше "женска болест". Зборот ми е во ниеден момент не ми кажале дека ќе е проблем за забременување, само ме советуваа да информирам кога ќе планирам бременост за да качат доза. У perfect world се случува бременост кога планираш . Во април бев отидена во хипер, прашав дали да се воздржам од праење бебе, докторката ми рече "работете си на случајот, ќе се средиш за кратко". Се фатив за тоа како слеп за стап и не паузиравме со обиди и во јули се фати бебе со ТСХ нешто ситно под долна граница. Не можам да знам во кој правец ќе ми оди бременоста, само ти го споделувам моето искуство. Нормално, на крајот од денот ќе си го послушаш твојот доктор, како што ја одлучив да ја слушам мојата.
Душо, не е исто со години под контрола и тазе дијагностицирано. Мило ми е за тебе што си нашла лек. Но, кај некого треба време да се среди.
Здраво сакам да прашам збунета сум пред две недели тоест на 10ти и на 11ти имав колку мали крв и тоа само наутро преку ден и навечер ништо после 1 недела направив тест за бременост испадна негативен се распрашував бидејќи сакаме бебенце сите ми кажаа дека тоа значи дека зачнало направив до сега 3 теста и сите три се негативни почнав да се плашам дали има некоја такво искуство се плашам незнам што може да е а не сум финансиски добра за да одам на лекар ве молам за помош
На форумов имаме читано мал милион приказни каде што членки само што почнале со терапија забремениле, нема потреба од демотивирање кога најмалку ќе очекувате тогаш ќе се случи.
Не мора да значи дека се зачнало, може да е овулациско. Ако не ти доцни сеуште почекај и направи уште еден тест, но ако ти доцни оди на лекар, не можеш без преглед. Пронајди матичен кој не наплаќа или оди на клиника, ваљда е поефтино, не знам искрено.