@Bubish26 Ти благодарам за споделеното мислење и совет. Секако постои ризик и свесна сум за тоа, секој е различен, иако околу мене познавам многу примери што немале никакви компликации не значи дека и кај мене ќе биде така. Но искрејно спремна сум да го прифатам тој ризик. Бидејќи реално шансите да останам бремна, кај мене вака сама препуштена без никакви терапии ни од гинеколог ни ендокринолог, се многу мали. Затоа немам нешто надеж дека за брзо ќе биде, имам предолги циклуси ако нормална девојка има 12 овулации и 12 можности за бременост, кај мене се дупло помалку, а да не зборам дека може да имам и ановулаторни циклуси. Малава сега има 19 месеци, додека наполни 2 години значи имам простор за 2 обиди по некои мои рачуници. И баш тие два да бидат успешни што знам тешко за верување ми е. Дајбоже да сум грешка, никогаш не се знае, ама свесно би го прифатила ризикот доколу дојде до бременост. Што секако не препорачувам на никој секој за себе си одговара. Ама познавајќи си го телото, знам дека ќе ми треба помош од гинеколог и ендокринолог, а еве не се нафаќаат од старт да помогнат, сакам што побрзо да почнам со обидите, бидејќи после година дена неуспех подруго ќе биде, поангажирани ќе бидат. Вака сега сите оставаат прво простор прородно да бидне што се согласувам, нема потреба одма стимулации и оптеретувања на организмот. Ама сакам што побрзо да почнам и сп обидите за да не губам премногу време.
Мајка не се секирај , проблеми може секако да настанат и пет години да чекаме за бебе нема правила само позитивна мисла. Колку жени ете и без план остануваат брзо бремени па се е во ред, па и на трет царски се нафаќаат, познавам такви. Баш памтам една членка тука на пет месеци по царски остана бремена па има здраво право детенце. Јас останав по година и три месеци тотално без план и ниту еден доктор не ми кажа негативна мисла,терам 19 та недела. Докторка на клиника на другарка и кажа почекај една година а ако останеш и пред тоа без секирации ќе пратиме ситуација. Само редовни контроли и мисли позитивно ако остананеш скоро бремена, ти пуштам среќичка.
Здраво девојки...Испитав хормони на 3 ден од менструација и ми покажа тестостеронот многу низок..Некој искуство да не има што и како..
Здраво девојки, еве резултати од Хормони 4 ден од циклус. Шо ке кажите некако на прв поглед лошо ми изгледаат.хм..
Здраво девојки, би сакала да ве замолам доколку некоја од вас има вишок LETROZOLE да ги купам од неа, мене ми недостасуваат 5 неможам никаде да ги најдам, јас сум од Велес секое инфо е добредојдено. Ви благодарам.
Мене не ми изгледаат лошо, добри си се генерално. Може Лх убаво е да е малку пониско, ама ич не е страшно. И мене тука негде ми се движеше на последни хормони.
@Bella_Stella викаш не се лоши? Дека тестостеронот 54.9 е а до 56 е гледам.. И естрадиолот не ми беше јасен. И пуштив на докторката чекам да видам шо ке каже, а и вас ви верувам и за тоа првен тука.
Добри ти се хормоните и естрадиолот ти е супер. Може тестостеронот ближи до горна граници ама се си е нормално, ништо страшно нема.
Нели Фсх треба да е пониско за да дојде до бременост? И до сеа не ми кажале за полицистични на сигурнп дека имам, ама читав ако е висок тестостеронот тоа укажувало на пцос
Како што ти кажа и Ирис, тестостеронот ти е блиску до горна граница, ама не е над. Терапија се дава само ако е над и кај ПЦОС е многу над ова, кај мене пример бил секогаш скоро дупло од горна граница и сум го спуштала со терапија. Лх школски треба да е пониско од Фсх, ама сите сме различни. Јас останувам два пати бремена со Фсх пониско од Лх. Не си ја мачи главата непотребно, добри ти се хормоните. Пиши што ти кажала матичната.
Знам дека прашањево не е за овде но итно ми треба па може некоја од вас има информација Ми треба број од др Зорица Трајковска Антевска на хематологија И го имав бројот 4 години но се преселивме сменив број и и го немам сега Некоја ако има нека ми пише ми треба хитно
Zdravo Elena, probuvam da ti pisam privatna poraka no ne dava. Sakam da te prasam nesto za jajovodite, ako dobro pamtam te citav imase zatnati na hsg pa zatrudne...aj pls pisi mi ti❤️
Здраво, Минатата недела испитав хормони и сите беа во ред освен TSH, беше 0.25 од референтна вредност 0.35-5.50. Во јуни когс испитував имунолошка статус истото TSH беше 1.26. Така што ќе почекам некој период па ќе го испитам повторно. Е сега докторката ми даде Кломифен која почнав да ја пијам од денот кога ги испитав хормоните. Отидов на преглед се ок, сега ми препиша естрадиол и од денес почнав да ги пијам. Дали некој ги има користено, бидејќи е хормонска терапија и шубе ми е кога ја пијам? Вака инаку се е ок..
Оф девојки, ми се вреска. Бев кај матичната, ги виде резултатите, убави у нормала се, ама за бременост лоши, многу. Ми закажа за на ендокринолог. Рече ништо не може она да направе за подобрување. Може ке ми дадат контрацептивна терапија, и после неа кломифен. Не можам да разберам, лани ми беа супер, сеа катсстрофа. Вика не очекувај со овие резултати да останиш бремена. Толку јас се исклучив,се разочарав од себе,од се.
Ендокринологот си ја знае работата, ќе ти се средат хормоните. Нормално е да се менуваат, но не значи дека нема да се средат со правилна терапија. И нема што толку да те плаши матичната, хормоните ти се далеку од ужасни. Не се разочарувај, се ќе си дојде на место
И мене така ми кажа докторката за пролактинот кога ми беше покачен тешко со таков пролактин ќе останеш ,а јас веќе сум била бремена, а ендокринологот тогаш рече не е страшен овој пролактин.
Не знам, на мене ништо убаво не ми кажа, ништо. Буквално, не ми рече оти некогаш ке сум мајка. Многу лошо се лошп, нема шанси бременост у овој случаај, никако. Не ме ни смири а виде дека се запрепастив...
a da si ja smenis maticnata? ehhh sto mrzam takvi maticni ''ko demek mnogu direktni se'' bez cuvstva ccccc
Најдобро консултирај си се со ендокринолог и не се разочарувај бидејќи тука има жени со многу поголеми проблеми па не се откажуваат,а некои се веќе и бремени или остварени како мајки. Се ќе биде во ред