Се испитав за хормони. Ок ми се резултатите освен пролактинот ми е мн висок-75, s-Lh е 9.94 и прогестеронот 2.35. Бев на ендокринологот кај др. Танер, ми рекоа се е во ред освен пролактинот и тироидна демек малце ми е висок а како што гледам ми е нормално инаку ми е 3.824 и ft4-12.33. За сега треба да пијам апчиња за пролактин-Достинекс и за тироидна-Еутирокс 25 за 6 7 дена. Ради ова ме буни многу а и не сум сигурна за да пијам да не зафркавам ептен. А за прогестеронот ништо не ми рече демек нормално а висок ми е. Планираме да имаме дете.
A што да правам со прогестеронот? Да одам кај второ мислење? Како што читав на нет дека е битен на бременост.
Абе види овде има и со тироксин висок и со прогестерон да останале бремени. Оди на второ, за секој случај.
Да така мене ми кажа докторот, дека идеално за бременост е 2.5 и со синко голем кога падна на 2.5 останав бремена, дали беше случајно не знам, ама се поклопи. Иако границата е поголема, за бременост е таа бројка најидеална.
Мене ТСХ ми беше 2,5 и ме ставија на Еутирокс, и гинекологот и ендокринологот мислеа дека треба да пијам, дека ТСХ за бременост најдобро е да е под 2. После два месеци останав бремена, првпат. Дотогаш проблеми со имплантација и никако да останам бремена. Верувам дека имаше удел и ТСХ за успешните трансфери.
Пред 3 години гинекологот пред трансфер ми рече да земам Еутирокс 25 мг за да се симне и си закажав и кај ендокринолог. Со ништо друго немав проблем. На Клиника одам кај д-р Шубевска. Цело време ми го одржува ТСХ на 2,2-2,5 со 25 мг Еутирокс и супер се чувствувам. Но пред трансфер ми ја зголемува дозата за 1/4, па пак проверка и ако падне под 2, на таа доза останувам. Ако не, почнувам да пијам 1,5 апче од 25 мг. Пред првата бременост имав 1,7 ТСХ, а пред вторава 1,2.
Ние од јули имаме неуспешни обиди за бебе. Во август мм беше позитивен на ковид,претпоставувам сум имала и јас, тогаш испитав тсх беше околу 3ипол. Следниот месец-септември проверив пак околу 2ипол ми беше. И јас мислев дека до 2ипол е ок за бременост, ама штом велите дека границата е 2 ќе си закажам кај ендокринологот. Пред некој ден бев за пап и ехо кај матичната,воедно спомнав дека 3м нема ништо од посакувана бременост. Ми рече да си пијам фолна и преку еден ден аспирин?! И да почекаме уште 3м па најпрво мм да направи микробиолошки анализи па после ќе види што друго треба. Во меѓувреме да си направам конторла кај ендокринологот бидејќи напоменав дека пијам терапија за тиоридна. Да ве запознаам подобро, 9м првиот пат правевме бебе,останав бремена имав биохемиска и следниот месец со 1-2 односи останав бремена. Синчето има 3год. Сега кога почнавме во јули одма почнав да запишувам во календар ,да барам плодни денови,да се оптеретувам. Готово уште првиот однос си реков сигурно сум бремена Потоа си реков кочи малце, сигурно нема да се фати. Август ништо,септември неколку односи и баш ради кариера не сакав да испадне + тест тогаш,но сепак ништо. Некако немам многу доверба во матичнава, се надевам нема да пропуштам некое испитување..
Кај мене на 146 бета имаше сакус... дури и сликичка имам. . ама за жал бетата падна после два дена...
Прашањето ми е погрешно изгледа . Зборот ми е дали е решлива ситуацијата и дали има некој со ваков случај ? Докторот ми вели дека има овулација ,но не се знае кога . Добивам на 3-4 месеци . Ми рече да не се секирам и дека се ќе се среди со терапија.