Знаеш, секој е приказна за себе и нели читаме дека и со ТСХ над 3 остануваат бремени, не е дека нема такви случаи. Но сепак ти закажи си и поразговарај со ендокринолог. Мене веќе не ми се губеше време со милион испитувања и пробувања разни шеми за да дојде до успех, ова со ТСХ беше веќе откако ги пробавме со докторот речиси сите други опции. И фала му што ми рече да почнам со терапија ако било проблем токму ТСХ бидејќи ми спаси драгоцено време и останав бремена веднаш и за првото и за второво дете со ТСХ под 2. Исто така, велат дека со прележан ковид првите месеци спермата е со полош квалитет и дека после се подобрува, па можеби е добро да си направи еден спермограм, да попие витамини, движење, да повнимава на исхраната и да повнимава на сè што правиме за подобар спермограм. А и ти придружи му се за да си ги зголемиш шансите, за подобар квалитет на јајце клетки и сл. Не знам како се чувствувате, дали лесно поминавте, дали се осеќате добро после ковидот, дали имате сила, дали функционирате како претходно или ви треба време да се опоравите целосно и да ви се врати силата.
По втор пат беше мм позитивен на ковид, немаше некои силни симптоми, речиси како настинка со тт 2-3 дена го помина. Јас со вознемирен стомак бев неколку дена ама негативен беше мојот тест. И вакцинирани сме ако има некоја врска. После тоа нормално си функционира, нема некои последици освен што забележал косата дека повеќе му паѓа. Можеш ли да ми дадеш насоки за подобар спермограм и што од витамини се пие? Иако сме на мисла да си провери во скоро време. Јас освен фолна треба ли уште нешто да земам? Ајде другарке, да се тешиме од труднички тегоби наскоро
Би било океј да си направите спермограм чисто да знаете на што сте и ако е сè океј, да си продолжите со обиди раат. Нема многу време поминато откако сте прележале и можеби е рано да има подобрување, но можеби си е океј сè. За подобар спермограм јас би го клукала со здрава храна, би му дала да пие витамини (Ц, Е, Б, цинк, селен), мед измешан со микс од измелени јаткасти плодови и да јаде секој ден, физичка активност барем пешачење, намален внес на бел шеќер и бело брашно. Тоа за почеток, па со проверка на спермограмот, ќе се знае дали треба уште нешто да се прави. Фолна да си земеш, тоа секако. Хормони си имаш испитано скоро?
Немам испитувано од пред да останам бремена со бебе бр.1 ( пред 3год) И спомнав на матичната,као ај ќе почекаме уште 3м (вкупно 6м,со оглед на годините-мои 32 на мм 35) па ќе правиме испитувања.
Знам дека е глупо прашањево, ама отпосле ми текна дека не прашав. Па да ме упатите Земавме упат за спремограм за маж ми. Е сеа, таму се остава или се носи ко мокрача од дома?
Најдобро е таму. Спермата е мн специфична и ако ја носите од дома резултатите може да се неверодостојни.
Обично треба таму, но мислам дека во некои лаборатории може да се однесе од дома во рок од 30 мин од прилика, со држење на чашката под пазуви. Каде ќе испитувате?
Најдобро е таму, но не знам какви се условите, кој знае нека пише дали има посебна просторија. Од дома носењето е специфично, може да влијае на резултатот. Ние спремни за излегување бевме, па мм чашката брзински ми ја даваше, под пазуви под јакна ја ставав веднаш, со трчање во кола и во близина ја носевме, да не помине многу време. Сме немале разлика во резултатот кога сме носеле на овој начин и кога оставал таму материјал, но сепак најдобро е таму за секој случај.
Таму ќе остави. Не очекувам да има нешто проблем, ама да исклучиме. По ова што ве читав, може и ковид да има удел (2 пати ковид за 4м). Јас сум со над 2.5 тхц, а ми пишаа во извештај дека нема пречка за бременост. Ова во Систина каде цело испитување на тироида ме чинеше 13.000 без да кажат дека треба да е пониско. Чекам сега термин да се отвори на ендокринологија на клиника да видам, а ако имате препорака за добар ендокринолог на приватно, споделете. @0ли кој ти даде препорака за понискп тхц? Кој доктор?
Трајковски од Њуборн ми рече да го симнам иако е 2,5 после неуспешни темпирани обиди природно, со 4 неуспешни инсеминации, со два неуспешни трансфери и испитувања на матка. Му кажав дека ми се симнува и под 2 понекогаш, но ми рече бидејќи оди и над 2, сепак да почнам да пијам Еутирокс. Дали е случајност што веднаш следниот трансфер останав бремена не знам, но еве и сега од прва имам успешен трансфер за второ дете, со спуштено ТСХ под 2. Не велам дека не е до ембрионите, но верувам дека не е коинциденција и ова со ТСХ. На последнава контрола пред трансфер ми беше 1,2 и ендокринологот ми рече дека е идеална вредноста за бременост. Можеби не е пречка да е 2,5 и жени си остануваат бремени со таа вредност, но некои доктори препорачуваат да е пониско од 2.
Има просторија за оставање примерок. Со фотеља ( што не е баш за седење), пуштен тв со филмчиња хахахах има и чешма со сапунче за миење. Мм таму оставаше. Вика јас си стоев, зашто ми беше гадно да седнам.
Јас кога му пишав дека тсх ми е 2.8 (згрешив 2.58 било) веднаш ме викна ендокринологот на контрола(му објаснив дека планирам бременост). Вчера ми земаа крв ,а во понеделник ќе стигне резултатот со извештај со колку еутирокс да продолжам. Верувам дека ќе ми покачи доза. Во претходната бременост на почетокот и под 1 ми се движеше што за него беше ок. Јас така знам од 1 до 2 дека е пожелно и за бременост и во време на бременост.