Здраво девојки Бев кај матичната за фоликулометрија, 13ти ден- 21мм на десен јајник. И кажав имам малку пецнање долу вика ќе ти земам брисеви,ми зема брисеви и малку имаше крв, сега само мислам да не ми повреди нешто што ме раскрвари и мислам не се земаат брисеви во овулација или грешка сум?
Жени, ај дајте ми памет...имам упат од интернист, е сеа, гледам има пишано и за тироидната, а тоа нели е за 3 ден од циклус, и како сега да направам, да одам ли на 3ти ден, ќе има врска добиеното ако оставам урина? И дали упатов 1 месец ми важи?
Здраво девојки, може малку помош околу толкување на резултатите пред да одам на преглед. FSH 4,6 LH 7,4 Prolactin 37,70 Estradiol <20 Testosteron 0,59
А за машки хормони, витамин Д и за шеќер кој ви дава упат? Мене не сакаше да ми даде, морало ендокринолог..јас имам разбрано дека може и интернист!?
Па веројатно ти ја даваат да ја испиташ кога испитуваш и други хормони кои се зависни од циклусот, за да не се боцкаш два пати. Инаку, тироидата не зависи од циклусот.
Ти зела брисеви бидејќи си се пожалила, а во тој случај не чекаат после циклус или дали е или не е овулација. А крв има секогаш скоро кога се зима брис, ништо страшно. Се испитува во секое време тироидната хормони, на 3 ден се кога се репродуктивните сите хормони поради другите што се испитуваат. За витД може и интернист.
Уште имам пецкање и кафеаво а синоќа не ме печеше толку. Ми кажа бидете си вредни денес, утре, ќе настапи овулација а страв ми е малку, рече осетливо грло.
Не ми е јасно кој дава упат за машки хормони и шеќер, докторкава не сакаше за ништо од тоа да ми даде, ни за вит.Д..ќе чекам да кажат искуства девојкиве...
Упат за машки хормони дава матичен гинеколог, заедно со сите други хормони што се испитуваат на трет ден се испитуваат и машките, андростендион, тестостерон итн. Витамин Д на приватно сум испитувала во Авицена, 800 ден беше мислам. А за другото не знам што точно ти треба. Инсулинска резистенција, тримесечен шеќер, обичен шеќер? Ако е за обичен пишан ти е во упатот. Тироидни хормони се даваат заедно со другите репродуктивни на трет ден, ама можеш и било кој друг ден да ги испиташ.
1800 За шеќер може гинеколог до Ендокринологија или Дијабет центар да даде упат за некој доктор. Така фатив ред и таму ми испитуваат Д, шеќер, инсулин, тримесечен, липиди, тироидни хормони со антитела и чуда, некои репродуктивни хормони, коскени маркери.
И тогаш беше толку, можеби си заборавила. Јас во 2018-2019 испитував толку беше, а лани ова време на малиот му проверувавме и исто беше 1800. Сега можеби е и повеќе со поскапувањава. Скапо е на приватно. На државно, конкретно на Ендокринологија, за сите испитувања што ги правам плаќам 800-900. А сега па во бременост и бесплатно ќе ми биде.