Ќе ти ја кажам мојата приказна, се надевам дека на некој начин ќе ти помогнам. Прв обид за бебе, од одма се фати, бременост ко песна, лепотица најубава. Втора бременост, само гестациска кеса, плод не се разви. Ме акна од земја. Киретажа. Трета бременост, период на корона, страв од корона, втор скрининг нешто со срценцето, трчање по доктори, 28–29 абортус. Повторно ме акна од земја. Едвај кренав глава. Четврта бременост, стравови еден куп. Ама реков ќе биде добро, ќе мислам позитивно. Морав. Не сакав да мислам на лоши работи. Ја истерав бременоста. Лепотан најубав. На крај само ќе кажам, ние сме жени лавици. Да ми кажеше некој дека можам да го издржам тоа лошо што ми се случи и дека можам толкава болка да издржам, ќе речев нема шанси. Ама сум можела. Му благодарам на Господ за овие две најубави дечиња што живот значат. Знам дека ти е тешко. Ќе плачеш, ќе се плашиш. Ама и ќе кажеш дека си силна и дека ќе идржиш. Ќе издржиш за две очиња кои бескрајно ќе те сакаат. Ќе си најдеш доктор на кој му веруваш, тој ќе те води низ бременоста. Покриена си и со терапија, ќе одиш и редовно на трансфузиолог. Верувам дека следната бременост ќе биде успешна. Ти посакувам за брзо две цртки. А потоа и бебче најубаво
Стравот е нормална работа, но за жал само си отежнуваме. Еве и јас исто имам страв, прво исто тешко забременив после година и 3-4 месеци обиди и со терапија за пореметени хормони. За жал ми се случи скратен цервикс крајот на 6ти месец, каде веќе е касно за серклаж, шок огромен, 8 недели врзана за кревет, броење ден за ден, плачење, препотување... па иако се роди при крајот на 8ми месец фала богу се е во ред. Е сега за втора бременост исто се плашам бидејќи веќе имам мало дете дома кое сака да си по него цело време, а скратен цервикс може да се повтори, па си велам како ќе биде ако треба повторно да лежам, да не можам да станам за детево... ама дур не биде не можеме ништо да знаеме. Мора да се опуштиме па кога ќе дојде време секако ќе се соочиме со тоа што треба.
@QweenSM ти ја сфаќам загриженоста и болката. Мене ми се случи прва бременост, од прв обид останав бремена, 12та недела испадна плод со тешка аномалија. Абортирав и при киретажата ми открија септум на матка за кој докторката ми рече не мора да значи, но може и да биде пречка за бременост да се доноси до крај. Ама веќе кога го знаев тоа, отидов го отстранив хистероскопски, да не го мислам. Некако не ми се брзаше ич за обиди па направивме скоро година дена пауза. Сакав мутации да испитам на своја рака иако докторите ми викаа нема потреба, и тогаш баш останав трудна, а и почна короната. Превентивно пиев метил фолна, наместо обична. Втора бременост, прв триместар во неизвесност поминат и исчекување дека нешто лошо ќе се случи. Си викав да помине прв скрининг и ќе се опуштам. Ама не…Помина супер прв скрининг, неизвесност како ќе биде на втор. Помина втор, пак не бев раат, иако се обидував да мислам само позитивно. Среќа имав многу позитивна докторка што многу ме опушташе и кога и да влезев на преглед, стравот исчезнуваше. Така е тоа еднаш откако ќе се “изгориш” ти мисли мозокот повеќе следен пат. Нормално е тоа. И на крај, бременост како по книга имав, во која не уживав целосно од што бев под стрес да не се случи нешто лошо, иако максимално се трудев да не мислам така, тие 9 месеци седење дома за време ковид и читање разни глупости на гугл, си го направија своето. Се породив. Мислев е крај на грижите. И тогаш ме удри од земја-дали цица доволно, зошто плаче, дали правилно се развива и така натаму. Па нервозна, ненаспана. Ама сѐ е тоа нормално, мајка си од прв момент кога ќе видиш 2 црти. Баш како @0ли што ти кажа, плус и покриена ќе си со терапија. Искористи си го периодов здраво да се храниш, многу прошетки во природа, читање книги и филмчиња што ќе те опуштат, прави работи што те исполнуваат, и не мисли многу што ќе биде и како ќе биде уште сега. А бебе здраво и живо ќе си дојде кога треба
Никако нема да можеш да се опуштиш се додека не почне да го осеќаш,јас со два спонтани сум сега трета бременост фала му на бога се е во ред терам 8 месец при крај сум,додека не осетив бев под стрес.
Здраво со мм планираме да имаме бебе, ме интересира дали некоја трудница има искуство со чување на домашен миленик(мачка) во бременоста. Дали е опасно и дали постојат некои ризици?Бидејќи од други сме слушнале како има ризик од некоја бакрерија доколку се чува мачка за време на бременоста(ја чуваме дома)која може да му наштети на плодот. Ке ве молам ако некоја има искуство да сподели..
Провери си ТОРЧ пред бременост штом чуваш мачка. И во бременост мислам дека не се препорачува изметот да го чистиш ти.
Јас чувам мачка и се советував со педијатар баш ради влакна итн. Рече доколку се чува само дома и влакното не е инфицирано нема потреба за грижа. Зошто искрено малиот мој ептен ја сака ја гушка се и прави фала богу и двајцата сме живи здрави и немаме токсоплазмоза. без гајле
Devojki iskustvo so kratok ciklus,obicno dobivav na 28-29dena,a posledni dva meseci dobivam na 22-24dena,sto moze da e pricinata?
Дами мои Ќе ми извините, вчера не успеав да вратам на вашите пораки. Сакам само да ви кажам фала ви од срце што малку ме смиривте со вашите искуства на моменти заборавам дека не сум единствена која минува низ тој пат сѐ додека не прочитам слично искуство како моето, фала ви за сѐ ! Верувам дека оваа година ќе биди полна со мешковци и нови бебенца, не сме заборавени од Бога, само ете сеуште не е тоа наше време - барем јас имам такво сфаќање !
Во консултација со Доктор или на своја рака. Бидејќи јас минатиот месец бев на преглед и реков дека сакаме да правиме бебе затоа сакам да ми направи преглед..тој ми зимаше брисеви, ехо, вагинално ехо..и после резултати ми рече се е ок само работете на случајот друго ништо. И сега не знам дали да одам кај друг и да прашам или можам на своја рака да си земам.
На своја рака ги пиев, можеш и ти слободно нема штета, за првото дете ја пиев 1 месец и одма се фати. За второ исто пиев 1 месец фолна на алкалоид од 4мг и одма се фати, за жал заврши со спонтан. Сега ја пијам веќе 3 месеци откако пробуваме па ќе видиме здравје.
Како што ти рекоа и другите сите пиј си слободно фолна пиев и јас 3 месеци пред да останам трудна на Алкалоид 0.4мг едно апченце дневно