Верувај не си сама. Сите што сме имале неуспешна бременост барем еднаш сме помислиле на тоа како ќе биде наредната, дали ќе биде се во ред до крај. А твојата наредна ќе биде, мора да биде. Исто и јас бев со спонтан во 9та недела, и цело време бев со помислата дури ми траеа испитувањата господ едно ми зема, но две ќе ми даде. И ми даде, но за кратко. Едното престана да се развива исто во 9та недела како претходната бременост. Истиот страв дали е се во ред, дури да помине прв скрининг, па втор скрининг дали органите се во ред без аномалии. Цело време на штрек, пред секој преглед покачен притисок од страв што ќе биде. Дури кога почнав да ги осеќам движењата што се вели почнав да "дишам" и уживам во бременоста. Штом си покриена со терапија овај пак мора да биде со успех. И само позитивни мисли, дека ќе го имаш стравот ќе го имаш се дури не го земаш во раце.
Фала ти многу на одвоеното време за да ми пишеш и да ме мотивираш да бидам позитивна и најбитното - дека не сум сама. Не ни се двоумев во тоа, ама на моменти забораваш дека не си единствена што размислува така и многу ме радува вака кога ќе прочитам мислења од вас кои завршиле сепак среќно, тоа значи дека има надеж и за нас Да не бевте вие немаше ништо да биде исто дами, нѐ знаете колку ми значи вашата виртуелна поддршка, фала милион пати !
Здраво женски, ми дојде сношти, значи од денес го рачунам прв ден од циклус. Да ве прашам дали знаете во Мартини дали прават Хсг или негде во Струмица. Ако не дали се добри Органџиски за хсг. Скопје ми е многу далеку а и нема да се снајдиме.. И кога се прави и што треба за тоа?! Секако ке се слушнам со матичната.
Pred 2.5 godini prasuvav za vo strumica nikade ne pravat. Prasaj vo stip kaj organdziski moze tamu pravat. Jas togas ja pravev vo sistina.
Ќе се снајдете зошто да не. Не прават ни Органџиски колку што знам, прават хсц што е дијагностичка хистероскопија. Затоа ти препорачувам да одиш директ или во Систина или кај Толовски за хсг.
Се слушнав со матичнава. Значи преку глава ми е од искомплексирани докторки, шо само пари драпаат а не де замарат. Со цел да не одам до нив и се јавив. Да ме упате повеќе за ХСГ,и се што е потребно, и одговорот нејзин беше "АМИ НЕ ЗНАМ.. НЕ знам" буквално се што ја прашав беше НЕ ЗНАМ. Под хитно сакам да се префрлам, во валандово кај Гетов ке одам, дали прима којзнае... Навистина сум толку многу збунета.. Не знам од кај да почнам.
Хормони на трет ден, ехо (убаво 4д ехо), пап и брисеви. Потоа ко ќе ти заврши циклус направи седиментација и закажи хсг. Маж ти спермограм. Од матична можеш упат да земеш и за генетски мутации, за тромбофилија да испиташ. Генерално тоа се испитувањата, па после хсг ако има нешто се оди на хистерископија/лапароскопија.
Кај Органџиски прават Јас мислев дека прават, од муабет со докторката, можеби сум помешала, цело време мислев дека и кај нив може. Сега со новата поликлиника не верувам дека не прават. Јас одев кога беа во старото, значи пред 4,5 месеци, веќе две недели се на нова локација, не верувам толку опремена и нова поликлиника да не прават. Порагај има а тоа да не прават, сепак нека праша нека се јави. До пред 10 тина дена и цените не и беа конечни, сеуште беше околу, најверојатно веќе се средиле па таму најубаво ќе и кажат.
Ако хсг ти е за испитување на проодни канали прават во органџиски. Не сакам да те разочарам ама и новиот доктор каде што сакаш да се префрлиш не е веќе тоа што беше. Органџиски не ги признава од негови некој си лични причини, за такви работи строго систина ја препорачува. За мартини во Струмица можеш да се јавиш да прашаш дали прават, но мислам дека не од тоа што го видов дури одев таму. Инаку со опрема за следење на бременоста се со ново ехо (4д) и во лабараторијата знам дека испитуваат повеќе работи што се потребни во бременоста и во текот на забременување.
Абе не мора да значи. И Ремедика е опремена и пораѓаат па хсг не прават. Затоа нека си праша @Flooora96 убаво. Да не ти направат хсц наместо хсг.
Фала ви женски. Утре од сабајле ке се изнајавувам секаде. А инаку овој крај не ни има за на матичен друг, посалам....
Здраво Имам неколку мачки... Веројатно мислиш на токсоплазмоза, што може да се добие преку паразит. Не се плаши од мачката, штом живее само дома ризикот не е голем, но сепак подобро е некој друг да се справува со тоалетот. На почеток на бременост се прави испитување ТОРЧ, тука има и за овој паразит, но ако си загрижена можеш и претходно да провериш.
Вака сеа. Се јавив у ординацијата на органџиски. Ок тоа шо ми кажа првен два прегледа кај нив по 4500 шо се. Хсг е 8000 ама ехо ми рече ме измотс малце не а разбрав таа. Туку друго е проблемот. Кога правеше спермогам мм, еден гинеколог кажа добри се а друг кажа лоши се. Прашањето ми е, кај да се обрате мм, ај за нас гинеколог има да ме поттурне ама за машки кај да се обратиме? За гевгелија поточно се работи. Мм ми се жале на болка во левиот тестис, башка приметуваме дека спермата му е повеќе како водена. Ни малце како пред тоа шо му беше. Сега се договоривме првен тоа ке го испитаме, но не знам кај да одиме. Сеа гуглав луѓе, за болка за такви работи не пишува добро нешто... Се кршам на парчиња...
Јас стварно би ти препорачала да одиш чекор по чекор и да не паничиш, за се има решение. Прво среди го ти гинекологот, матичен, да ти даде упати за хормони и генетски мутации. Потоа откако ќе добиеш на 3 ден испитај хормони. Понатаму кога ќе добиеш менструација направи седиментација и мој совет, јави се кај Толовски за хсг. Ем е поефтино од кај Органџиски ем со сигурност прават хсг (за овие ко што реков не сум баш сигурна). После тоа (или уште сега ако имаш можност) можеш да направиш и ехо и брисеви. За сопругот, да си направи нов спермограм и да си закаже на уролог. Стварно не паничи за 2 циклуси ако се запнеш можеш сите испитувања да ги направиш. Во меѓувреме подобрете исхрана, земете витамини и двајцата и ќе биде добро се.
Која дијагноза ја има на спермограм за лоша/добра да биде? И за спермограм има решение, не се плаши, за се има решение, со витамини и правилна исхрана ќе се среди ако е лоша. Во темата има многу што се успеале да го подобрат .
Нема дијагноза само има неподвижни тоа е од летото го споделив тука, многу ми кажаа не е толку лош. Туку проблемот е шо не отидовме никој да го прочита резултатот. Значи сега дс направиме нов и директ у државна у гевгелија гледам има урологија, со упут треба нели? @Thinkerbell. Ке се јавам и кај толовски, ке се распрашам и таму... Се осеќам како да незнам кај да фанам некако толку ни е просто здравството треба да а шетам македонија за да стигнам на едно место.. Уфффффффффф