Хистероскопија ти ја острануваат преградата,јас ја правев во Чаир др.Зоран Илиевски и сум презадоволна,болки немав никакви после операција супер поминав.Мене ми остранија преграда од 2.5 сантими после неколку месеци останав бремена при крај сум немав никакви проблеми со бременоста оавен што пиев за подршка и повеќе одмор ама јас сум со предходни спонтани останував бремена. Направи си брисеви треба да ти бидат чисти и закажи си одма тоа ти е причина за да не остануваш бремена.
Здраво девојки ❤️ После долга пауза еве ме повторно. Помина една година од мојата вонматерична бременост, следен успех сеуште нема за жал... Имам едно прашање кое ме мачи. Ми беше отстранета едната туба поради таа бременост, правев лапараскопија и другата туба ми е прпоодна и се надеваме на бременост од таа страна, но во јануари правев контрола и се сомневаат на хидросалпингс баш на таа страна. Прашањето ми е дали е можно да постои хидросалпингс бидејќи кога правев лапараскопија немаше, била некоја циста позади јајникот што воопшто не пречела. Искрено се плашам бидејќи доколку постои тоа ќе мора и таа туба да ми биде отстранета. Немам солзи повеќе во мене
Јас имав хидросалпинг на една туба. Целата беше проширена и полна со течност. Др Тофовски ми ја отстрани, со образложение дека во случај на бременост, течноста ќе се излие и ќе се прекине бременоста. Топло ти го препорачувам, направи си консултација со него.
Како знаеше дека преградата ти е од 2.5 цм или тоа се гледа при самата хистероскопија? Викаш операција, значи тоа е со целосна анестезија?
Па кога ме направија хистероскопија ми кажа докторот дека е толку голема.Да бев со целосна анестезија,ама мислам и со локална дека прават кај мене анестезиологот одлучи целосна да бидам.
Ти благодарам мила. Се прашувам дали е можно за време на операцијата да не се види дека има хидросалпингс. Тогаш ми кажаа дека нема, бидејќи на ехо претпоставуваа дека има, но не било хифросалпингс. Сега повторно на контрола на ехо ми викаат можно е да постои и незнам веќе што да мислам. Има или нема... доколку ја изгубам и таа туба бременост можам да сонувам само преку инвитро искрено многу се плашам
Зависи колкава доза стоп инј имаш примено дали од 5000 единици или од 10000 . Јас примив кога правев иуи 5000 и веќе на 9от ден после иуи имав бледа сенка линија која на 10 ден веќе беше бледа линија и еве ја до мене има 3год Ако си примила 10000единици тогаш тестирање дури 14 ден оти претходно ќе добиеш бледа линија и од хормонот од инјекцијата . Со среќа
Jas dobiv isto bleda linija i na 15 den dobib ciklus na mene od inekcijata bese, pocekaj da pomina 15 dena posle se testiri
зошто требаше да паузирате 6 месеци. После лапараскопија мене ми рекоа ма вториот нормален циклус веќе може да се пробува
На ехо ти видоа дека имаш хидросалпинкс? Направи хсг. Јас сум со хидросалпинкс на едниот јајцевод и мене на гак д-р Милка Трајанова ми се чини се презиваше ми рече под итно да го отстранам јајцеводот, дека тој е пречка за бременост. Наводно течноста во него била токсична и не дозволувала оплодување, а ако има оплодување течноста ќе се излеела во матка и ќе го уништела ембрионот. Ме ставија на програм и додека чекав да ми се јават за лапаро, бев на консултација кај д-р Глигор Димитров во Ремедика тогаш беше таму. Тој ја виде снимката од хсг-то, ми рече јас можам да ти го извадам јајцеводот од одма, ама шо добиваме? Течноста е стерилна, ништо не прави, ризик е кај ивф. Единствено, со зголемен ризик за вонматерична си, ако настани оплодувањето од таа страна. Оди си и ако не забремениш за 6 месеци, врати се. Забременив точно по 6 месеци, од другиот јајник. Родив дете. Сега сум пак бремена. И двата пати спонтана бременост. Од моето искуство, најтопла препорака да направиш хсг и да се консултираш со Димитров. Дај Боже да си забремениш што поскоро и ти и секоја една што сака, да ви се наполнат рацете!
Дечки здраво. Веќе некое време не можам да забременам. Не би сакала да оставам на времето затоа што имам 31 година. Ми ја пофалија Њу борн клиниката, може ли некој да ми каже искуство и што би ме посоветувале да направам? Со сопругот ќе одиме во април во Скопје и ќе имам 3 дена само па ако можете да ми дадете некои препораки и упатства од типот што да испитам, што да направам, што да прашам по докторите..? Ви благодарам
Мене ми рекоа 6 месеци, сепак ми беше отстранета туба и самото место треба да заздрави и мислам дека е правилно. Да прашам и јас нешто дури сум тука: пијам капки Вирак еве веќе три месеци и циклусот ми доаѓа два дена порано, дали имате некоја искуство со нив?
Прво ти треба добар доктор да најдеш кој ќе те води низ процесот и ќе те советува што да правиш. Тука сите ќе ти кажеме лично искуство, што не значи дека и тебе ќе ти користи… Еве јас прво бев на ехо обично, испитав хормони, маж направи спермограм и ехо на тестиси… Се установи варикоцела, кај мене некои вредности покачени некои намалени, лутање по ендокринолози, гинеколози, уролози… Ти го препорачувам Димитров беше Ремедика сега мислам Систина.. Нејсе ние имавме среќа кога престанав со се и си дадов пауза останав бремена.. Маж имаше закажано операција значи пред тоа и јас немав почнато со ниеден лек од ендокринолог (според хормонитњ заклучи дека сум имала полицистични јајници), ниеден гинеколог не го виде тоа ама ок… И да не те замарам со глупости, само добар гинеколог, со доктори од Њу борн немам лично искуство. Среќно.
Незнам колку време пробувате ама почни со стандарните направи ехо 4д да ја видат добро формата на матката,брисеви,хормони на 3 ден циклус и види да те пратат на ехо кога имаш овулација,мажот ти може спермограм да направи па ќе видете што понатаму.Само најбитно е добар доктор да си најдеш што ќе те води.
Јас се од тоа напрабив сега во јануари кога бев во Скопје и се беше во ред. Проблемот е што тука каде што живеам е потешко да се најде добар гинеколог, прескапо е и за термини се чека предолго…