Можи уште не ти се средени пост партум. И мене ме фатија такви паники ко ги видов резултатите ама си велам ако умираа фсх до плафон ќе беше Матичен гинеколог шо вика?
Ми рече да одам на контрола кога бебето ќе биде 6 месеци со резултати од хормони, веројатно зашто спомнав дека сакам контрацепција да пијам. Ми каснеше два месеци и еве конечно добив, па ќе одам тек после празниците. Не ме држи место до тогаш.
Луѓе, јас нешто овие денови се мислам а и се изнагуглав.. Ни препишаа и на двајцата флажил 7 дена. И тоа терапијава ке ни ја дава два месеца рече со флажилот. Гуглав дека не е убав флажил и тоа шо го содрже за машките. И се наврсќам назад, у јануар лани примавме флажил и двајцата порсди трихомонас шо ми ја најдоа(веќе ја немам). Мм од оваа година почна да вели декс приметува му е воденаста спермата. Се мислам да не е до флажилот...да не напрајме уште поголем проблем сеа со земањето пак
Колку му е концентрацијата од спермограмот? Ако е > 20мил/мил е добро. Се трудите за бременост, па претпоставувам сте често сексуално активни, тоа исто така може да е причината за по проѕирна сперма.
Направи спермограм астенозооспермија. Само ми е муабетот дали е можно флажилот да направи лани да му е водена. Оти нема добри коментари на гугл за флажил и мажите.
Јас мислам да ја зема терапијата оти бенефитот е поголем од можната штета шо може да ја направи. Поголема штета можат бактериите да направат отколку еднократна терапија. Ова е само мое мислење.
Здраво девојки. Еве веќе наврши една година како пробуваме за бебе, мажми направи спермограм,јас хормони, тоа е во ред. Мене ми најдоа септум, немам димензии но ми кажаа дека е бааѓи голем и циста на едниот јајник. Цисти сум имала и порано но ми исчезнувале. Димитров во Систина вика септумот мора да се скрати, тој може да е пречка за забременување, но ми вика дека е исто проблем е и цистата бидејќи влијае на функционалноста на јајникот. Ми вика да не брзам, да почекам 3 месеци па ако не пукне сама ќе правиме лапаро со хистеро заедно, а ако пукне само хистеро. Некој искуство да сподели? Малку ми е нејасно, како сите хормони се во ред, а имам циста, но Димитров вика тоа може да е бидејќи тој месец кога се појавила цистата не сум овулирала. Исто така хормоните ги правев по препорака на матичниот, но тој не ги ни погледа иако му кажав дека имам правено, единствено што ми побара е спермограмот.
Cistata moze da e vodena i cesto se pojavuva i puka,ist slucaj sum i jas,histeroskopija mi pravea nekna vo sredata mi vadea polip pa nemam nekoe iskustvo so toa
Јас правев хистеро кај Димитров, прекрасен стручен доктор. Влева доверба, зборува секогаш издржани работи и ја знае работата 200%. Ништо страшно, те успиваат остануваш до вечерта само и те пуштаат (може кај тебе ако е посериозен зафатот и лапарохистероскопија да останеш 1 ден) но тоа е најмал проблем. Важно ако рекол треба операција направи. Инаку за цистата има едни природни капки и од србија и во македонија (две различни) едните се од вирак и многу се фалат жени за ваков проблем. Па додека чекаш 2 3 месеци не штети да си ги порачаш. За овие од вирак знам позитивно искуство од жена која ги користела за цисти и миом и помогнале да ги исчисти. Другиве од србија Фемина капки јас ги користам не баш редовно 2 месеци но еве не сум добила уште позитивен тест со помош на нив иако викаат помагале за забременување а првите 2 бремености фаќаа од прв обид па ќе ви кажам во мај дали има резултати од нив. Со среќа нека ти е и дај боже да се израдуваш по хистероскопијата
Фемисан А ги пиев скоро пола година, ако не и повеќе, два пати на ден по две капки. Мене не ми помогнаа воопшто, менструацијата ми остана исто од 30-35 дена дури еве после нивно пиење имам циста, а претходно исто одев на гинеколог 2 пати годишно циста немав. Циста имав пред 4-5 години, баш го најдов извештајот и тоа на другиот јајник. Внимавам на храна, вежбам, пиев долг период и фолна, но едноставно не бива. Сега веќе кренав раце, ќе го слушам Димитров и тоа е тоа. Иначе моја блиска особа после 3 години пробување, само 2 месеци ги пиеше Фемисан и забремени, но изгледа кај секој различно. Фала ти за објаснувањето за хистероскопија, малце ми звучи страшно дека со успивање, но што мора ќе се издржи, дај боже двете да си се израдуваме за брзо
Не знам дали зборуваме за истите капки јас од овде ги зимам 3пати по 30 се пијат https://instagram.com/herbamedicanatural_?igshid=YmMyMTA2M2Y= Ќе биде добро, кај тебе нашле бар потенцијален проблем, кај нас сите испитувања добри, хистеро,хсг добро и не износувам до крај, едноставно немаат одговор и причина зошто. Не се грижи напредната е медицината ќе ти направат детална анкета ќе заспиеш и си се будиш после во соба, јас немав за чудо никакви потешкотии одпосле.
Не, не се истите. Јас за овие зборував https://24apteka.mk/product/femisan-a-kapki-30-ml/ Проблемот ми го кажа мојот прв гинеколог уште на 22 години, дека имам септум и треба да го имам на ум кога ќе пробувам да забременам. Кога почнавме да пробуваме за бебе бев во систина кај Палчевски, тој ми кажа дека септумот нема никаква врска(патем не го ни примети, јас му го кажав) и да се опуштам (моја грешка е што одма не побарав уште едно мислење), потоа морав да најдам матичен гинеколог кој од прво гледање на ехо ми го потенцира септумот па по читање на форум стигнав до Димитров кој одма ми кажа дека септумот е голем и те како може да е пречка за забременување и за спонтани. Други какви испитувања имаш правено?
- Пап Тест ( Гинеколог) - Микробиолошки Брисеви (Гинеколог) - ТОРЧ (Инфекции кои ги има мајката, а може да се пренесат на плодот, Упат од Гинеколог) - TSH Испитување (Испитување на тироидната жлезда и тироидни хормони) - Хормонален Статус (FSH, LH-25, Prolaktin,Estradiol, Progesteron,Testosteron) - Хемостаза Пакет (целосно испитување, вклучува и тромбофилија, димери и сл.) го прават на имунологија и на институт за трансфузиона медицина – Упат од Општ Матичен или Гинеколог - Генски испитувања ( Се прават и на МАНУ и на Имунологија – Гинекологот Дава Упат) - Кариотип ( Ги прават и таткото и мајката) – Упат од Матичен Гинеколог (Ги има на државно, тешко даваат упат и многу се чека за резултати и термин) - Витамин Д – Општ Лекар / Може и приватно во која било лабароторија -ХСГ -Хистероскопија - Спермограм - маж ми Но, Димитров штом смета дека септумот е проблем гледај тоа да го средиш, кај мене друга беше маката затоа испитувањава ги правев
Не знам за Имунологија дали прават, ама генетските испитувања (мутации) е всушност панелот на тромбофилија. Јас ги правев на трансфузиологија вклучително сосе хемостаза. И антитела на имунологија обавезно да се испитаат, 1200 денари чини а има многу панели. П.с Тромбофилија да се испита во Ману е поефтино, 450 денари до упат од гинеколог.
Да и антитела заборавив да допишам. Инаку јас ги правев сите испитувања барајќи по форумов со помош од една членка па затоа ги ископирав како такви, не знам каде е поевтино искрено
Познавам личност што во 6ти месец го изгуби бебето, праваше еден тон испитувања и се испадна во ред, втората бременост се боцкаше превентивно со клексани по препорака на трансфузиолог и роди здраво дете. Мислам дека Јани Ангеловски беше трансфузиологот.
Да, мене Димитров ми кажа дека следна успешно зачната бременост ќе одиме со клексан од позитивен тест, за жал сеуште не сум видела две црти