Ама не мора да добие за да затрудни. После сбортус прво има процес на овулација па циклус и реално, може да се забремени. Колку е во ред, не знам, тој ризик не го зема секој
Природно ми излезе се. Само знам дека кога ја прашав на последната контрола дали можам да имам секс со маж ми сега, рече можеш, ама пошто и реков пред тоа дека не сакам сегада забременам, ми рече ама ако не сакаш да забремениш со кондом само. Не знам искрено дали да и се јавам да ја прашам дали е ок ама се случи тоа..
Види, мене кога ме убедуваше докторот за медикаментозен, ми рече поубаво со апчиња и одма можеш нареден месец да почнеш со обиди, сега не потенцираше дали е битно да се добие бар еден циклус па после тоа, зошто јас се одлучив за киретажа. Затоа, најубаво да и се јавиш, сепак она е доктор, може треба терапија да даде и слично.
Можеш да забремениш. Јас имав биохемиска и за 2 недели овулација и останав пак трудна и еве сега терам. Предходно кога имав мисед и правев киретажа ми кажаа после 3 месеци можеш со обиди ама јас зошто сакав одма да останам не се ни фаќаше до 3ти месец
Јас ги пиев, немав ефект, што не значи дека и другите ќе немаат. Не штетат, пробајте. Јас што не пиев, и мацина трева, и други тревки по препорака на Науме треварот од Ресен, и вирак чајот, од него многу ме болеше желудникот и го прекинав.
Колку време ги пиеше? Јас пиев скоро цел месец и сега имам симптоми за добивање ( многу отечени гради и болка скоро една недела) а се обидуваме и за бебче. Докторката ми кажа да пробаме со овие па ако не делуваат да пробаме со други
Неколку месеци, јас имам редовен циклус, и ние се обидуваме и незнам што не пробав, се што ќе прочитав пиев, и вирак чајот, многу ме болеше желудникот од вирак, да пробате со мацина трева, јас ја купив лани од една бабичка на Битпазар.
Сакав да кажам дека не и касни. 20 дена има поминато. Обично циклусот после спонтан е подолг, па со тоа и покасна овулација. Инаку секако дека може да затрудни.
Ама ти после првиот период? Јас немам сеуште добиено прв период после крварењто од спонтан. Затоа прашувам дали може да се забремени / овулира пред тоа. Ама јас како го познавам телото свое мислам дека овулирам овие дена. А да направам тест за овулација?
Овулација си има редовно. Јас после првата киретажа кога отидов на контрола докторката ми кажа пази што правиш сега во овулација си немој да останеш трудна. Види со докторот