Здраво дали би било проблем да се зимаат апчиња ( кломид или летрозол ) за овулација на своја рака има ли некој така што ги пиел? Каналите ми се проверени проодни, циклус секогаш точен, хормони исто, само мислам треба малку да ја "гурнам" овулацијата
Здраво. Би сакала да прашам дали бетадине вагиалитетите имаат некакво влијание врз плодноста. На нив пишува дека се спермацоидни. Е сега јас имам потреба да ги ставам и планирам бременост, но моментално партнерот не ми е тука односно е во странство и би се виделе послем еден месец.Прашањето ми е дали влијаат на спермата кога се ставаат или имаат некое влијание и некој период потоа бидејќи ми е навистина важно со партнерот ретко се гледаме и мн кратки се периодите кога можеме да пробуваме и затоа секој момент ми е битен, ако некој знае да појасни, многу ви благодарам
Јас колку што сум запозната, спермацидите делуваат само на односот што ќе го имаш откако ќе ја аплицираш. Логично ми е дека затоа се ставаат 10-20 минути пред секс. Прават како слој од гел што го затвара грлото на матката и ја уништува спермата. Е сега, спермацидите и онака не се 100% заштита, 60-70% штитат од бременост, плус во вагиналети... Што знам колкав процент има воопшто за да би направило штета после еден месец. Консултирај се пак со гинеколог, ама според тоа што знам за спермациди, мислам дека нема никаква штета. Што побрзо да ви се оствари желбата
Никогаш не земај апчиња за овулација на своја рака . Мене ми беа препорачани од доктор ,но наместо овулација кај мене пак настапи циклус. Подобро купи си тестови за овулација и проверувај со нив. Или доколку сметаш дека ти се потребни таблети зборувај со гинеколог , затоа што кога се пијат овие апчиња се прави фоликулометрија (се пратат фоликули) и доколку не настапи овулација (не пукнат фоликули) се става стоп инекција . Доколку фоликулите не пукнат се претвораат во цисти. Опасно е да ги земаш на своја рака. Ти посакувам што поскоро да ти се исполни желбата!
Добар ден, Имам едно збунувачко прашање за мене. На апликација денес ми е 28ми ден. Последна менс ми беше на 06.06 обично добивам на 28-30 дена. Е сеа вчера сабајле кога бев во вц на бришење имав розева крв но имав и мало пецкање. исто ми се деси и вториот пат кога отидов розева крв само на бришење и толку после немаше ништо. Прашањето ми е можно е да е од имплатациско крварење или пак сум фанала некоја тешка инфекција ??
Zdravo zenski, dali nekoj gi razbira rezultatite? Eden e moj a drug od soprugot. Sekako ke zemam upat za kaj doktor
Moze da ti e implantacisko, a moze i da probiva menstruacijata, i mene taka mi se ima sluceno nekolku pati eden den taka damo kako rozevo na brisenje, sledniot isto pa ponaredniot da dobiam. Pricekaj uste dva-tri dena, ako sesute ne ti dojde napravi test za bremenost. Ti posakuvam srekja za sto i da posakuvas
Можно е да е имолантациско, потполно исто имав така на бришење еднаш-два пати светло црвенкаста крв. Пуштам среќа да не добиеш и за 2-3 дена позитивен тест.
Дај боже да е тоа, со години чекаме. Во март бевме и на иуи ама ништо... и сеа ова ме збуни се си мислам дали да правам тест или да чекам...
Почекај, ако е имплантација за 3-4 дена направи тест или испитај бета. Сега и да направиш тест, рано е, ништо нема да ти покажи. Дај Боже да ви се наполнат рацете и срцата.
Еве денес од сабајле ги осеќам некако јајниците, може и ќе добијам ама обилно сум подуена и гради болни деа нема ништо од тоа само јајници на моменти
Незнам дали ова е за овде но незнаев кај да пишам .. имав биохемиска април после тоа немав добиено 50дена матичната ми даде да пијам примолут нор пиев од 6 до 16 јуни и добив на 18 јуни. Бев на контрола на 28 јуни и докторката ми кажа дека се е во ред супер матка јајници ми даде да пијам елова, фемибион 1, селен и витамин д од 2000 ми кажа да ги пијам овој месец и чим добијам нареден циклус може да се продолжи повторно со обиди и се гледаме со позитивен тест и за прво ехо. Да не се грижам ако ми касни овој месец или ако ми дојде порано ради тоа што имам пиено примолут нор. Јас во петокот и еве денес имам на гаките кафејаво и на бришење како лигаво проѕирно со лентички внатре кафејави... ме фаќа паника од што може да е дали некој имал вакво нешто после пиено примолут нор .. да не добијам повторно сега но некако брзо ќе ми дојде од 18 јуни па сега .. извинете за долгиот пост и ви благодарам многу.
Феминки јас да се пожалам малце од Димитриов(Систина), може сум во грешка ама очекував поинаков пристап. Закажав кај него термин за консултации пошто е специјалист за неплодност и според тоа што читав има доста задоволни од него на форумов. Нашата историја е 3 години борба со неплодност(нема настанато бременост). Ги понесов со мене сите документи што ги имам за ехо, брисеви, пап, хсг, фоликуметрии, спермограм, спермокултура, тромбофилија, мутации, имунолошки антитела, хла типизација, две инсеминации. На почеток ме прими општи прашања за циклус, односи во плодни денови и ги разгледа хормоните спермограмот и снимата од хсг, кажа дека е се ок уредно, ама другите резултати не сакаше ги разгледа ми ги фрли што ќе ти се тие, тие не се ништо. Му давам резултат со антиспермални антитела да го види пошто ми се покачени ми ги фрли немаат врска тие, пиј секој ден аспирин ми кажа. Нели аспирин е за кога има згрутчување во крвта каква врска има со антиспермални антитела. После ми вика ти си уште на почеток. Како може да ми вика на почеток сум кога поминале 3 години, што треба уште 5 години да поминат па да се заинтересира за мене?? Јас отидов со проблем и сакав да биде разгледан од секој аспект не само хормони хсг и спермограм. Кога не настанува подолг период бременост мора да се направат повеќе испитувања за да се види што претставува проблем затоа што и инвитро да правам ќе помине доста време и парии на крај може да не успее. Негов одговор беше дојди за инсеминација. Јас му кажав дека секоја втора недела патуваме со сопругот во друг град поради работа и дека е тешко да ги погодам плодните денови да сум во ск за инсеминација и дека затоа направив повеќе испитувања за да ја најдеме причината. Ми вика ајде дојди понареден месец за инсеминација и си отиде ни поздрав ни чао. Јас не отидов кај него за да ми каже прави инсеминација тоа го знам и можам сама да си закажам. До сега имам 2 неуспешни инсеминации и претпоставувам дека и наредните ке бидат неуспешни пошто каналите се 100% проодни, спермограмот е нормозоспермија, очигледно не е тука проблемот и не гледам зошто да пијам кломифен кога секој месец имам водечки фоликул што расте со нормално големина. Знам дека ќе кажете секогаш имај надеж и дека со инсеминација може да се фати ама сметам дека не така во мојот случај. Така да моето прашање е дали има и дали постои во скопје специјалист за неплодност што ќе седне и ќе ги разгледа сите анализи?
Најтешко е кај нас што докторите немаат индивидуален пристап кон пациентите. И не, не постои доктор што ќе седне и ќе бара проблем во идиопатски стерилитет. Само сама мораш да истражуваш и даваш предлози, и да најдеш доктор кој ќе те сослуша и ќе ги прифати твоите предлози.
За жал кај нас докторите...особено оние што ги сметаме за најстручни не се баш благи,посветени и сочувствителни со нас што како жени што се бориме малце не погодува... Јас имам искуство со Димитров и бидејќи бев пратена преку моја познаничка која се крсти во него ми напомена не очекувај дека ќе плачете заедно, дека ќе трае средбата долго и ќе збориш ти а он ќе слуша и пишува забелешки. Така и отидов кај него уште во ремедика со цела папка резултати наредени но во глава со најважните 2 прашања и насоки. Седнав, вкупно 5мин бев внатре ( до сега сум била кај него 10тина пати, вклучувајки и контроли по хистероскопија и сите биле по 5минути). Кај мене друга проблематика па затоа ја виде папката и ми рече имате кариотип? Не само тоа не, епа не е САМО тоа.. одбивам да те оперирам додека не видам резултат од тоа (јас настојував одма да ми закаже хистеро зошто така друга докторка ми рече, дојди неделава одма) кај мене се беше ок сите резултати кај двајцата ок, не му давав да ги чита усно му ги кажував на секое одење да се потсети на случајот, на крај после 4ца врвни трансфузиолози и 3ца гинеколози ми рече ти ќе примаш клексани од прв тест, јас викам треба и ќе примаш. Аспирин почни уште со обидите, така направив, останав бремена и еве прв пат успешно сум скоро 4ти месец. Поентава на долгиов пост не ми е да се фалам ни да го бранам, туку да ти помогнам да бараш во докторите само стручност не сочувство.. бидејќи одев кај докторка што буквално заплакуваше со мене а кога ќе ми кажеше нешто, после не и верував и одев на 2ро мислење. Тежок е патот и се надевам ќе успеете..но во вашиот случај поради должината на неуспешни обиди верувам ти предложил инсеминација пак.. не тргнувај со таков негативен став :знам нема да успее, штом природно потфрла мора да се потпомогне со друга метода. Имаат тие некои математики колку пати што да се проба.. Јас сум слушала за Иванов/Ивановски не знам точно презиме од Систина дека е стручен за инвитро но исто така ладен како Димитров.. Можеби Александар Бојаџиев? Еднаш се погодив итно кај него, многу убав впечаток ми остави и доста го фалат исто Систина Ви посакувам што поскоро да се израдувате