Дали имаш испитано нешто до сега? Брисеви, пап, торч, кариотип, тромбофилија, Д витамин, хормони(репродуктивни и тироидна), матка како е?
Да, брисеви, пап, торч имам испитано и нема ништо. По првиот спонтан имав дефицит на витамин Д и тоа го корегирав за до другата бременост. После дознав дека дека имам антитела, хашимото ми дијагностицираа, за трета бременост бев покриена со терапија за тироидна, но пак беше безуспешно. Кариотип и тромбофилија немам испитано.
Мутации, обавезно. Јас две бремености вака изгубив. Едно во 12, друго 8ма. Второто гураше до некаде и толку. Имам генетски мутации и од потврдена бременост сум со клексан и аспиринот уште пред бременост го земам
Обавезно 4д на матка дали имаш некоја преграда да ја видат добро матката јас имав 2 спонтани излезе дека имам преграда од 2.5 см 5 години изгубив барајки решени после 2 спонтан правев хистероскопија ми ја остранија преградат и еве сега имам 4 месечно бебе.
Јас апсолутно немав никакви симптоми кога останав трудна. Кај секого е различно. Мене ми покажа 3 дена пред да добијам оној најевтиниот тест од 70 ден.Среќно.
Исто и другарка моја. Три спонтани имаше. Никој не знаеше да и каже од што. На крај еден доктор виде дека има преграда . Сега има две дечиња.
Женски, секојдневна болка и силна у јајник и болка во половината, без апетит и лошење. Ми се случува само кога ке се разодам. Дури во понеделник ке идам на доктор. Ова ми се случуваше пред некоја година, бев на снимање на абдомен ништо нема. Можно ли е од уреоплазмата да е..?
Женски, како се резултативе за бременост? Инвитро планираме за нареден циклус, ендокринологот ми пиша само "ок се".
Добри се, само бидејќи си испитала глукоза и инсулин, можело и HOMA ИНДЕКС со истото боцкање во истата цена, а од антителата добро е да направиш и anti TG, не само anti TPO. Мене на пример баш anti TG ми се покачени, да не ги проверев и тие ќе си мислев дека сѐ е во ред со тироидната, а испадна не е.
И јас треба да ги испитам овие по препорака од ендокринолог, ама ми кажа после 3 месеци, некаде Септември треба на контрола.
Мене ендокринологот што ми кажа, тоа испитав. Имам историја со покачен тсх (над 3). Кога и ги пратив резултатите, ми рече само ок се.
Што примаш за анти ТГ? Од нив може спонтан? Ендокринолог ми каже дека само од вредноста на хормоните може. За анти ТГ пиев селен и Д вит.
Ништо не ми рече за анти ТГ, помалку стрес ми рече, а јас од тука што читам почнав да пијам селен. Јас претпоставувам дека од тоа ми се случи, зошто сѐ додека пиев декортин си напредуваше како што треба HCG (на три дена мерев), а штом прекинав да пијам декортин баш на следното мерење само порасна, ама ни приближно дупло и после веќе немаше воопшто ембрион и само празен сакус. Тогаш уште не знаев дека имам антитела.