Дами, денеска бев на генеколог за пап и чисто да ме види на ехо Ми рече дека на десниот јајник имам фоликул од 10мм на 6ти ден од циклус, на 9ти ден пак ке одам и ми рече треба да биде од 18мм па нагоре Првпат одам на вакво нешто, не ради проблем онака да видам како ми се движи овулацијата после спонтаниот Колку мм треба да биде за да пукне и да настане овулација?
Здраво женска, вака значи јас кога одев на фоликулометрија одев на секој втор ден . Започнав од 7ми ден . Од гинекологот ми беше објаснето дека кај секоја жена различно расте фоликулот , но дека во просек на ден расте од 1,5 до 3 мм. На 13 ден од циклус имав фоликул 18мм (кај мене бавно растеше) и ми кажа наредните 5 дена да се фрлиме во акција со сопругот . Овулацијата најчесто настанувала кога фоликулот бил помеѓу 20мм-25мм. Се надевам колку толку ти помогна одговорот , со лесно нека ти е!
Кои тестови за овулација да ги купам? И кога да го правам тестот? Со оглед на тоа што: Накратко - немам добиено, не знам кога овулирам, ексклузивно дојам 6 месеци, а сакаме второ бебче.
На тестов за овулација има втора линија или јас си замислувам? знам дека ако е толку бледа пак е негативен, како да знам дали деновиве би требало да настапи овулација или веќе е помината? *немам циклус воопшто, дојам
Многу е бледа, тест линијата на тестот за овулација треба да е идентично или потемна од контролната линија за да биде тестот позитивен.
Здраво, ме интересира дали со нередовна менструација може да се забремени,пример моментално ми касни 40 дена а пред неколку дена при однос малку искрварев и толку беше?
Денеска пак бев на фоликулометрија, на 9ти ден од циклус на десниот јајник имам фоликул од 12мм Докторката ми рече мислев дека ќе биде повеќе пораснат ама не е се по пишано Ќе одам во четврток пак, да виде тогаш колку ќе биди Ќе те тагнам тебе @AlchinovaR1979 , дали мислиш дека побавно растат и кај мене мила? Има ли простор да расти уште? Овулацијата ми ја пишува дури на 13ти
Може да се забремени ама потешко, бидејќи не се знае кога ќе настапи овулација и дали ќе настапи тој циклус, најдобро е да се средат хормони па потоа е полесно да се забремени.
Кај мене бавно растеа, можеби и кај тебе е така. На 9 ден од циклус кај мене беше 14 мм. Немој одма да се загрижуваш , до следна контрола може ќе порасне повеќе.
Фала на одговорите мила Ми рече овој циклус ќе следеме само, ако не растат како што треба ќе пробаме следен циклус со Кломифен Имам редовни циклуси од 28 дена инаку Ајде со Господ напред само, се надевам дека за брзо ќе добијам добри вести
Јас бев стимулирана со Кломифен , кај мене природно никако не се случуваше овулација за жал. Штом си со редовен циклус немој да се плашиш , се ќе биде добро . А и да бидеш стимулирана со Кломифен не е ништо страшно.Ти посакувам што поскоро да си добиеш две цртки на тест !
Обавезно да посетиш гинеколог за да се открие причината зошто добиваш на 40 дена . Има шанси да останеш природно бремена , но мора да направиш испитување на хормони за да се знае што и како.
Zeni miskqm deka e pozitiven testot za ovukacija.. prethodnite 3 dena pravev se bleda bsshe linijata denes d ubava..so foa sto od vcerq pocnav da imam tie bolki vo jajnikot .. ono go imam sekoj mesec i ja custvuvam.. vecer ke prbame us ednas so toa sto vejke imavme nezasiten vo petokot .. a vcera eve pocnav da custvuvavm bolkata ... dali ima sansa da se fane od pethkdno primer iako ovulacija nema nastanato...
Супер е линијата . Можете да бидете вредни со партнерот ! Инаку сперматозоидите преживуваат и до 5 дена во телото на жената , што значи дека може и да се фати .
Мене не ми е јасно сега дали кога усетам болката тогаш се исфрла јајце клетката и дур трае треба да се има односи или па од како ке прекине болаката па следни 24 часа .мене пример еве од вчера од левата атрана на моменти пецкање како струја и денеес цел ден..вчера не напрајв тест.. Има некој месец ме фаги болка еднаш краткотрајна појака и толку завршува
Јас сум од оние што правеле тестови за овулација , но никогаш сум немала конкретно симптоми за да ти објаснам што и како. Обично би требало базалната температура да ти е повисока , да имаш секрет,блага болка во јајници.. Откако овариумот ќе ја исфрли јајце клетката таа може да биде оплодена во следните 24 ч. и препорачано е во тој период кога чувствуваш симптоми да имате односи со партнерот на секои два дена ,во период од 6 дена . Кога и како точно се случува незнам да ти објаснам.
Наједноставно откако ќе ти заврши менструацијата почнете со односи на секој втор/трет ден и нема да промашиш, нема потреба од замарање со тестови.