Последна менс на 26 јуни...ми иди 26, 27, 28 дена зависи... Односи на деновите што се означени со тоа што и на 7ми имав позит тест за овулација..мислите ли дека се погодени деновите ? Или да одам на ехо нареден месец
Оди си на ехо бидејќи не е секогаш како што е календарот, има и месеци кога изостанува овулацијата, најдобро е да се виде на ехо.
Ако бил позитивен на 7ми, на 8ми веројатно си имала овукација, деновите се погодени. Ама, требало да го чуваш тестот за денес, 12 дена по овулација се поверодостојни дали има или нема бременост.
Со првото вооппто не следев ни овулација ни дрнови ни календар однос имавме еднаш на 13ти ден од циклус и се фана... можеби си во право че почекам и утре деб за недобиваер...тест правев вчера негативен беше
Лепотици,искуство со Естрофем? Ви помогна ли,имавте ли несакани дејства?Од денес го почнувам напоредно со Кломифен.Претходниот месец пиев само Кломифен.
Здраво девојки. После мисед и киретажа, веќе 4 месеци имам чудна менструација, темна многу, многу помалку него претходно и имам како цели парчиња што личат на желатин. Исто така имам и на моменти и спотинг неколку дена пред добивање. Дополнително за прпват не осеќам никаква болка после добивање.. Бев и кај матичната и кај Бојаџиев... брисевите чисти, хормоните ок и двајцата ми рекоа според ехо дека имам добри резерви на јајце клетки... Ме исплаши само матичната на 13ти ден од циклус дека ендометриумот ми бил 6,6мм... Имам 35 години и сега еве чекам пак преглед месецов да мериме пак дебелина на ендометриум. Дали имате некое слично искуство? Преисплашена сум дека рече дека тешко се останува бремена со таков ендометриум. Првенствено ме убедуваа дека се е во ред, а јас сосема поинаку се осеќам..
И јас имав киретажа и после тоа долг период можеби година дена имав тенок ендометриум, кај мене после киретажа се се смени хормонален дисбаланс и немање на циклус а имам 41 година. Секој ден јади ананас по две парчиња, цвекло, моркови и ќе има подобрување по мое искуство
Дали после киретажата имаш проблем да останеш пак бремена? Мене ова ме плаши многу. Јас во март имав киретажа. Прв циклус добив после два месеци и од тогаш е редовен на 28 дена и обилен исто како и претходно. Ендометриум не сум измерила. Колку време е доволно да помине за да се обнови ендометриумот после киретажа реално?
15 месеци после киретажа имам променета менструација. Крварењето ми трае 2-3 дена и тоа е едвај крварење. Повеќе се такви лигави црвени парчиња него крв. И имам кафено уште 4 дена. Кафеното сум го немала речиси никогаш пред киретажата. Првите месеци знам дека немав болка пред добивање, сега имам како што имав претходно. Предност ми е само што овулацијата ја осеќам многу за разлика од пред тоа. После киретажата отидов на ехо уште 3 пати и се беше во ред. Не ми текнува дали ми мереа ендометриум и колку бил. Ми се смачи од гинеколози и од ширење нозе, сега сфаќам дека не сум била една година
Секој месец се обновува, тоа ни е крвта кога добиваме. Тоа го гребат при киретажа. И во него се всадува ембрионот кога ќе дојде до бременост.
Да знам, ама дали некогаш ќе се здебели исто како пред киретажата или треба години да поминат... Мене после киретажата овулацијата ми стана болна, претходно никогаш, сега ги осеќам отечени јајниците и буквално колковите ме болат, дури пазам како седнувам на столче. Не знам ова колку е нормално. Си мислам ендометриоза да не е...
И јас сум со тенок ендометриум. И јас имам одено кај Бојаџиев,ми има правено инсеминација.2 месеца не ми даде ништо за задебелување на ендометриум,а зошто не знам,не и беше јасно ни на матичната,па она ми препиша Естрофем. Консултирај се ако треба со уште 10 доктори и не се плаши,не е нешто што не се решава.
Пред два месеци на 14ти ден од циклус ми беше 7,5. Овој месец не знам колку ми беше не ми кажа матичната ама ми рече многу е тенок,ќе мора терапија. Идеално е да биде над 8 ,од 8 до 15мм некаде да се движи.
Мене сега на 21 ден ми беше 7.3 мм, значи катастрофа е сега после киретажа Пред ин витро ми бил 10мм на 21 ден без терапија. Сега баш се загрижив.
Јас ти напомнав дека после кирета Јас ти напомнав дека после киретажата немам добиено природно циклус помина 1 година и 3 месеци, и сум разочарана сега спремам документи за инвитро...и неможам природно досега да останам бремена, можеби годините се пречка незнам жто да кажам. Претходно бев природно бремена и 9 та недела ембрионот немаше напредок.