Во вторникот. Мене проблем ми е што не сум од ск и не можам туку така да идам, итака идев за инсеминација реков да проверам пошто сигурно ќе ми побараат, ама ништо. На приватно скапо ми е ептен, 4200 само за Амх. Тоа е.
Мене не ми е јасно бидејќи не сум од Ск Упатот ми е за ЈЗУ УК ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО - МЕДИЦИНСКА БИОХЕМИЈА. Јас треба на ГАК ваљда матичниот точно ми го напишал упатот?
Не се јавив воопшто од тогаш затоа што не можам пак сега да идам да барам пак слободен ден. Ќе видам, ако не и на приватно ќе проверувам, тоа е.
Може да пишеш дали додека ги пиеше апчиња достинекс го зема и чајот во исто време? Женски чај за регулирањд на хормони е?
И јас сакам да земам чај само во дилема сум меѓу Стојанови или Матија. Да сподели некоја искуство што и помогнал за хормонален дисбаланс?
Ме интересира, шо е следно после Хсг проодни канали? Да почекам еден месец па после да почнам со кломифени или нешто друго има. Матичнава уште ми е иста ама ке ја менувам, само пари зема а нишо аир мора се јас сама.. За тоа и тука ве прашувам и дали ве има вас што сте останале бремена истиот месец од хсг или следниот?
Обично се дава фора уште еден месец мене така ми рекоа после хсг како наводно поголеми биле шансите за забременување доколку не биде да пробаме со инсеминација ова ми беше кажано од страна на докторите од асистирана репродукција на гак. Јас останав бремена со кломифен немав потреба од инсеминации. Всушност сум немала проблем со забременување туку со задржување на плодот многу тенок ендометриум имам и примав кломифен што и тој додатно го тенчи плус естрофем и забременив .
Јас направив ХСГ во Систина кај Бојаџиев, не ми беа запушени каналите и докторот ми рече дека тој и следните 2 месеци шансите ми се зголемени, зошто како незнам, тоа ми го кажа додека лежев на ренгенот и си замина. Првиот циклус иако бевме вредни, добив, сеа вториов правев инсеминација и уште чекам..