Абе сега за втор пат знам ама кога прв пат се соочуваш со нешто незнаеш што да правиш и што и да ти рече докторот ќе го послушав ама лекција ти е ова како и да е со спермограмот ќе барам и второ мислење сепак фала за одговорот
Да така е, јас воопшто не наоѓам вина во тебе, требало доктор да ве упати. Го потенцирам тоа 6 месеци дека не е ништо за да не се секираш
Да де е сега кој е следен чекор да не треба покрај сето ова да се направи уште некое испитување или да чекаме резултати уште од спермограмов ?
Направете си спермограм и ќе видите, нема потреба да се малтретираш со испитувања пред спермограм. Ако е во ред спермограмот, мој совет одбери си некој од специјалистиве за неплодност, и со сите резултати кај него, најдобро ќе те упатат што следно. Хормони си испитала, амх испита ли? ХСГ исто е важно ама ти го имаш направено тоа. Брисеви, торч? Витамин Д, инсулинска резистенција, кариотип, МАР, ДНА фрагментација, антитела, мутации… има многу, ама мој совет прво спермограмот.
Сопругот правеше во септември во лабораторија Генеа на приватно, резултати истиот ден имавме, ми се чини плативме 1500 или 2000 денари.
А зошто кариотип кога нема терапија за тоа? Јас мислам ако сака да биде ќе биде. Не се однесува на тебе, читав многу членки за кариотип, зошто кога нема терапија?
За кариотип нема терапија, но доколку кариотипите се со хромозомски промени или едниот од нив е, и ако заради тоа се зачнува плод со хромозомски промени, телото или ќе го препознае и ќе проба да го исфрли (абортус) или бременоста ќе се одржи, но ќе има плод со синдром (многу веројатно, но може и плодот дс е здрав а тоа би се потврдило преку НИПТ или амнио) една од опциите во ваков случај (доколку абортусите се чести и повторувачки) е ивф со предимплантациско испитување и селекција на ембриони. Тие што се здрави, ќе ги вратат назад во вид на трансфер. Ама кариотипот е битен да се направи кај често абортуси, да се види дали причината е тас што ја наведов погоре
Благодарам. Значи јас сега за сега не би требало да правам, немам абортуси, ќе се консултирам со инф докторот.
Немав ни јас абортуси кога испитував и ниеден доктор не ми кажа да испитам. Едноставно кога веќе тргнав по тој пат, сакав се’ што можам да испитам. Кариотипот и те како е важен, многу убаво објасни @Konstrakta погоре.
Да, ама знаеш какви се докторите, тие не ни кажуваат ни за генетски мутации да испитаме, само после 2-3 абортуси. Јас од тука читам па испитувам, и во МАНУ ме прашаа зошто правам генетски мутации, да не сум имала абортуси. За на приватно не треба упат така, само се закажува?
Ако прашуваш за кариотип за на приватно, сигурно е многу скапо. Ако сакаш да направиш, следи термини на мој термин и кога ќе има слободен, матичен гинеколог ќе закаже за тебе, општиот матичен на маж ти за него
За приватно не ти треба упат, се јавуваш само и закажуваш, ама со оглед на тоа дека пред 4-5 години било 18.000 ден. сега можам да замислам колку е… Термини во клиника обично пуштаат на почеток од месец, нека следи матичната и нека ви закаже, доколку сакаш да испитуваш. Инаку и мене никој не ми кажа ни за мутации, од форумот се информирав… едино Лазаревски од сите доктори ми побара да види кои мутации ги имам за соодветна терапија.
Јас правев во систина сега септември месец за двајцата партнери беше 12.000 денари резултати од 7 до 10 дена