Здраво, Дали бета хцг со вредност 160 е мала со оглед на тоа што ми касни 4 дена? На ден на “добивање” мерев и беше 10.
Ајде сите да си ветиме дека ќе бидеме силни и дека нема да се откажеме? Ајде во Јануари сите комплет од тука да се селиме во труднички. Плачам и пишувам и грло и душа ми се стега. Најболното вчера на внук ми роденден и како и по обичај не бевме викнати. Оваа година првпат беше поканета другарка на роднинава бидејќи сега има дете девојката. Утре еден ден кога ќе имам дете , да ме моли нема да и отидам. Баш ми дојде криво, особено што за првиот внук нема нешто што не сум купила и не поминало една недела да не отидам. Ама ако… Ќе дојде време и мене Господ да ми даде дете, знам како ќе постапам. Не сум човек злопамтило, ама ова баш ме повреди. Сакам сите сега да бевте до мене и да се изгушкаме онака најсилно
И нас не не викаат на родендени во игротеки и уште еден пар што немаат деца, некако ептен се гледа дека е поради тоа. Од друга страна па си велам може и подобро нема да ми биде тешко, а не знам си велам може и таа некако размислува да не не повреди дека сите таму си трчаат по децата. Бев така на дете на колешка и само јас останав да седам на масата, сите нешто по децата во игротеката растрчани. Ама ако е ептен на близок те разбирам како ти е.
Како јас да сум го пишувала ова… Многу ми е тешко од последново добивање особено да се гледам со мои блиски што имаат бебиња или се бремени. Ги сакам премногу ама пак ми е тешко и може звучи себично и неразбирливо ама едноставно така ми е во душата. Во најтешките моменти околу мене сите имаа некаков baby boom без никакво мачење, колеги од работа, сестра ми, золва ми, најдобра другарка и веќе не бројам. Социјалните мрежи ми се преполни со gender reveals. Како за некој инает. Се читам сама себе и неверојатно звучам, мислев никогаш нема да дојдам на вакво дереџе да зборам вака, не посакувам на никој лошо единствено сакам и ние да се израдуваме како тие околу мене. Мене дури ни сопругот не ми ги разбира овие негативни чувства, ваљда се должи на тоа што он е најоптимистичен човек што го познавам, насмеан е дури и кога спие и веројатно сака да ми направи позитивна енергија и надеж. Секогаш после средба со бебиња ми е лошо, немам трпение, колку и да има ова контраефект. И кога некој ќе ми каже да не мислам на тоа и ќе се случи или онаа популарната “кога најмалку се надеваш тогаш ќе биде”… Ова толку ме нервира, секој месец исто се надевам, нема повеќе, помалце или најмалце. Еве и овој месец пак имам мала искра надеж. Дадете ми некој лек за трпение, ме изеде ова.
И на мажите им е тешко, ама на нас ни е најтешко, ние поминуваме низ сите процеси, мене страв ме фаќа, само мислам на тоа, и сите кога ќе ми кажат да не мислам на ништо, повеќе ме нервираат, лесно е да се каже, ама никој не не разбира. На детски родендени не ни сакам да одам, ама сигурно криво ќе ми биде сите да ги поканат а нас не. Не сакам да одам ни на повојници, ни ништо, на мм братучед неколку месеци направи, не сме ни отишле, среќа мм не ми ни спомнува, знае дека тешко ќе ми биде.
Да не ве тагнувам и цитирам секој по ред, си знаете кои сте милички Камо да можев сега сите да ве изнагушкам најсилно!!! Фала ви премногу за советите, значи додека ги читав вашите совети веднаш ми е подобро Ама ете, борбата е многу тешка и осамена, дека само тоа гледам и се осеќам како само јас да доцнам, како да само уште јас останав да не сум бремена Нормално дека тоа не е така, еве ве сите вас што сте во иста ситуација јасно ми е, ама вака додека не ти кажи некој нема да знаеш, и ќе се осеќаш само дека ти го минеш тоа, а има многу девојки што го минат истото, за жал. Да би имала супермоќ, би направила само кој како ќе си посака детенце, одма да му се исполни желбата, нејќам никој да се мачи, сите што сакаат да се родители заслужуваат бебенце што е можно побрзо! Ве гушкам силно и ајде да почнеме да веруваме дека нашето време ќе биди во 2024, може така?
Не се секирај ќе останрш и ти бремена,чим еднаш има биднато ќе биде да знаеш. Само да ти кажам јас останав бремена кога скроз се опуштив,ако биде биде,кога почнав да шетам со пријатрлки и да не сум преокупирана со тоа,шетајте излегувајте,знам дека е тешко ама само така ќе ги отргнете мислите,сега се новогодишни празници има и каде да се шета,купувајте за нова година. Ти држам среќа уште овој месец да си го оствариш сонот.
Јас почнав да се боцкам од Саботата, Неделата после боцкање си размислував дали да продолжам или да прекинам, едвај собрав документи за ваучер, едвај чекав да ми одобрат и сега како размислувам, не сум нормална, знам дека не треба вака негативна да сум, ама посилно е од мене.
Ах мила, многу добро те разбирам. Негативна си ради тоа што упорно имаш негативен исход, негативни тестови и нормално сега и за ова си со негативна мисла. Нормално е така да се чувствуваш, знаеш. Имаш преголеми шанси сега со ин витро, барем сега имај барем малку надеж дека ќе биде, а верувам дека од прва ќе бидне кај вас! Ајде биди ми позитивна важи? Толку многу чекаше, еве сега ќе биде вашиот момент, дочекај го бебенцето со позитивност.
Vi ss slucilo da dobiete negativen test na denot koga ste trebale da dobiete cikkus, a vsusnost ste bile bremeni?
Мене не кога и да сум правела тест на ден на добивање ми покажал негативен и нормално добивам.Заради тој стрес престанав да правам нареден пат кога ќе ми доцни 3 4 денаАма низ форумов има читано дека можно е при покасна овулација.
Здраво девојки, го поставив прашањето во темата за инсеминација, но не добив одговор, а не знам ни дали ми е за тука прашањето. После 6 инекции Гонал Ф, денес бев на контрола и имам 4 фолекули. Инсеминацијата ми е закажана за утре. Дали имал некој искуство со инсеминација со толку фолекули. Докторите сите направија изрази на лицето во стил како леле многу се. Не ми е јасно ни зошто воопшто ме стимулираа. Ми направија некако додатен стрес со денешниот преглед. Исто така денес примив и стоп инекција. Би било супер да слушнам различни мислења.
Ви давам најголема поддршка на сите! Во јануари чекам да преплавите со слики од позитивни тестови. ❤️❤️❤️