Брисеви се земаат на уролог,исто како што ни зема нас гинеколог. Ќе си закажете на уролог и ќе му земе брисеви.
А преку спермокултура и ехо не се гледа дали има бактерија? Мм беше на уролог, ништо не му рекле, му дале некои прашаци за растварање за подвижност на сперматозоидите. Не сум го прашала дали му земале брисеви.
Може да нема бактерија на брисот, да има во сперма и обратно, а може да има и на двете места, некогаш иста, некогаш различна бактерија.
Devojki dali koga se plodni denovi neli toa go vikat belo pranje dali toa e so mirizba ili ne i dali voopšto treba da ima miris
Здраво лепотици... денес правев инсеминација ... ме интересира некоја членка дали има што е останата бремена со обработена сперма 8 мил/мл ... како што ми кажа докторот а и во извештајот пишува дека тоа е малку... но не било страшно до толку... имам надеж и верувам во чуда но искрено и малце се разочарав од тој податок ...
Месецов со маж ми почнавме со обиди за бебе, прашав за совет што да пијам, купив и почнав да пијам. Друго ми е поентава. Никогаш по опседнато не сум се осеќала… мислам почнувам сама да ди стварам симптоми, и тоа уште повеќе ме полудува. Направив и два теста.. негативни се, а уште некој ден треба да добијам. Па ко за инат сите околу мене се или трудни веќе или соопштуваат дека се трудни. Прочитав едно мислење од некоја членка поодамна исто вака се опседнала, на крај баталила све и фатило. Иако само што почнавме со обиди негативни тестови се разочарувачки секако. Сакам само на сите што се мачите и посакувате две цртки, да ви посакам следнава година да ги видите во најбрз можен рок. Да си галкате меше и да си држите бебенце во рака што побрзо. Јас ќе прекинам да се опседнувам, прво заради менталното здравје, па после за се останато. Ви испраќам многу љубов и две цртки што побрзо на сите.
Не да сум опседната, полудев веќе. Знам дека не треба да бидам опседната, ама посилно е од мене. Ја изгубив веќе надежта. И со ин-витро не бива не па природно во мојов случај. Ми направија пункција, ми извадиа јк, чекаа 2 дена и немаше оплодување, ни до ет не стигнав. Да беше се ок овие денови ет и ќе си чекав до тест после празнициве, толку се разочарав што не ми се продолжува, ај да не се жалам ама многу ми е тешко.
Верувам како ти е. Иако го немам почнато патот со инвитро. Уште чекам природно. Ама еве ми касни а тестот за бременост негативен. Ништо не се предаваме.
Мила Тешко е премногу, значи кој не поминал покрај овој исцрпувачки пат не знае колку може да биде осамено. Во септември пробавме со Кломифен, не бидна. Баталив тоа, еден месец само пробавме и толку. Последниов пат, отидов на фоликулометрија, си имаше фоликул и си пукнал, сѐ во ред, па планирај односи спрема тоа, гледај нонстоп по апликацијата да не испуштиш нешто и пак не бидна. До толку сум се разочарала и плачела што реков веќе стоп. И еве си стојам на зборот, ниту знам кога треба пак да добијам, ниту бев на гинеколог да видам што како се дешава, ниту знам кога ми се плодни денови, ниту сум ја отворила апликацијата освен кога добив па да запишам кога. И еве да ти кажам пак ми е тешко, ама барем не осеќам притисок дека ,,е сега баш мора, сега ми е овулација па мора сега” . Малку полесно ми е на душичката. Можеби нема ништо да смени, ама барем не си го малтретирам мозокот со овулации, дпо, симптоми. После празниците решив да направеме спермограм, а за мене хсг и хормони, па што биде нека биде. И да испадни нешто(недај Боже), знам дека има за сѐ решение, па како му дал Господ на многу луѓе дечиња, така се надевам и на нас што копнееме многу по нив. Ете вака со овој mindset решив да бидам во Новата година, оти оваа година се опседнав веќе и почнав да забележувам дека ми смета, како да почнав да го губам умот. И ова ти го пишувам и тебе и на сите кои се чувствувате како мене, за да си смениме мислите колку-толку и да дозволиме коцките сами да се наредат. Ајде да си ветиме една со друга дека нашето време допрва доаѓа и дека во Новата година ќе бидеме заедно сите со мешиња, може? Ве гушкам сите најсилно што се борите со ова, знаете кои сте, ќе успееме ќе видете!!
Го читам постов и солзи сами ми течат, ме расплака, иако немав многу надеж длабоко во себе верував дека ќе стигнам до ет, да ми направеа ет таман пред Нова година барем ќе имав некоја надеж до тест, вака се разочарав, не ми е дојдено ни до празници, ни до ништо, сите ми се чудат како така, ама јас си знам и сите што го оделе овој трнлив пат. Само да беше се како што треба, гајле ќе ми беше за се. Ниту сакам да одам негде да се дружам, ниту да ми дојде некој, ниту да излезам негде, пред некој ден бев кај другарка, не ја ни слушав што ми збори, паметот ми беше на друго место. И постојано се прашувам "Зошто мене ова ми се случува?".
И јас исто не стасав до трансфер.Сабајето ми се јавила дека не оплодено ништо,нормално тешко,плачки ама се собрав и заминав на работа.Сега во јануари се спремам за ново.Знам како ти е,ама не ти се случува само тебе,за жал на многу од нас.Бебето ќе дојде порано или покасно.Јас излегувам се дружам,сакам да сум со луѓе и да сум зафатена така барем нема да мислам на тоа.Не дозволувај да ти поминат така деновите нема ништо да смени само ќе пропуштиш многу работи.Надеж секогаш има,тежок е патот.И една неуспешна борба не значи изгубена војна.Верувај дека ќе биди и мисли само позитивно
Tи благодарам за поддршката, ми значи, не да имаше плачки, еве и сега пишувам и плачам, до ништо не ми е, ништо не ми се прави.
Со некоја причина се се случува не било за сега.Варувај дека ќр се израдуваш еден ден.И имаш една порака поп ја кажувашеДемек идните родители се спремни и чекаат а можеби бебето не е спремно и затоа не доаѓа вреди да се чека.Исплачи се,собери сила нашминкај се излези си со мажот и уживај во твојот живот
12 години брак,бебе немаше,многу солзи,многу плачки,многу разочарувања. Еден убав ден кога Господ сакал ни даде бебенце(со ивф),еве 3 години е. Сакавме и второ,многу размислувавме,дека 42години сум,ама се решивме и еве Господ не уште едно,него уште две ни подари,растат во меше. Долги години штама низ дома беше,досадно,ама еве сега ќе има галама,плачки,каки,радост све во едно. Така да надеж не треба да се губи,Господ си ја знае неговата работа.
За вакви постови како твојот вреди секоја солза, секое разочарување, бидејќи знам дека на крајот од денот и во нашиот дом ќе се слушни галама и плачки. Фала ти за споделеното искуство, да ти се живи и здрави дечињата и свака ти час на упорноста, на крајот сѐ ќе се исплати