На 28ден т.е ден за менструација од нигде и никаде ме удираат бубачките нешто одвнатре ми вика ќе добиеш кај да е, но срце јуначко неиздржа правам тест после долг период и оп доаѓа оваа слика Незнам дали да поверувам што гледам
Каде се најефтини хормоните на приватно, овие 5те што ги бараат за ваучер, fsh,lh, tsh, e2 и prl. Има ли пакет хормони некаде поволно по приватниве?
Извини што ќе се вмешам, ама баш на приватно сакаш? Зошто на клиника се завршува брзо и 50 ден. е 1 хормон. Ама ако си сакаш на приватно ок, твое си е тоа.
Зависи и за пункција, некои прават без анестезија, ако имаат 1-2 јк. Мене ми правеа без, ми кажа докторот ќе видиме, можно е и без анестезија, сепак ми кажа гладна и жедна да дојдам во случај да требало анестезија. Некои не трпат болка и самите си сакаат анестезија, јас на пример подобро болка ќе трпам отколку со анестезија, не знам зошто ми е страв од анестезија.
Во шок сум незнам дали да си поверувам како и да е утре испитувам бета па петок сум на матичен па дајбоже нека е 100посто точно.
Точен е тестот, секако си бремена, само провери си преку крв да знаеш точно до каде си. Очекуваме висока бета
Ги испитав на клиничка ама естрогените ми се ептен на горна граница. Сакам да ги повторам, страв ми е да не ми побараат амх заради е2 повисоко. Амх ми е намален.
Дали има некоја користено чаеви, билки, капки од кај Лиле Чупчева од Велес за забременување и дали има ефект?
@baguf4e како си драга ? Јас лично искуство немам, меѓутоа имам читано искуства за Лилма така се пишани на фб, билкар исто од Велес Мартин се вика дечкото прави некој мед за плодност и двајцата партнери конзумираат.
@baguf4e драга по грешка те цитирав во претходниот пост, те мислев денес како си, дали издиша малку. Дали собра сила за нова борба ?
Те мислам и јас мила @baguf4e Знаеш дека не си сама нели? Ќе се бориме до крај сѐ додека не сме мајки, па колку и да е трнлив патот! Собери храброст, и те чекам пак во темите да пишуваш, ќе бидне пак за многу брзо ќе видеш , ама овој пат со бебче во раце