И јас бев кај Трајковски на консултација скорото, а баш пред тој ден бев на хсг, и веднаш ми рече за мене хормони и обавезно хсг ако сум забременила еднаш, и му кажав дека направив, па ја виде снимката и рече супер штом си направила во ред е сѐ. По моја желба отидов, дека се обидуваме од Март и си реков сигурно има нешто. Дури бев силно убедена нема шанса да се каналите дека нели еднаш бремена, па кога ми кажаа се шлогирав, не ми се веруваше. И ете така и беше, кај мене испадна каналите да се запушиле, кај маж ми бактерија и уште нешто ми кажа Трајковски, па му дади да пие Профертил на маж ми. Мој совет е ако можеш да отидеш на хсг. Сега не значи дека кај мене ако се запушиле од киретажата дека и кај тебе е така, ама зошто да не го минусирате тоа како причина. Баш ако одиш пак кај Трајковски прашај го повеќе за ова, мислам дека исто ќе те советува.
Мене јани ми даде меѕил фолат метил б12 и од позитивен тест со клексани сум. Сепак ако имаш мутации мора да идеш кај трансфузиолог да ти каже што да земеш да пиеш
Дали имаше киретажа правено, и аспирин пиеше пред планирање на бременост или само фолна и б12? Мене Јани истиве ми ги даде и плус аспирин преку еден ден, а од позитивен тест клексан. Меѓутоа ми рече пред да се вклучи клексан да проверам димери и хемостаза. Ти проверуваше или одма почна со клексан?
Не немав такво нешто фала му на бога се среди се исчистив сама беше во помали недели. Од вториот спонтан до останувањето (3 месеци) пиев метил фолат метил б12 и аспирин секој втор ден. Од позитивен тест прекинав аспирин почнав клексан не испитав хемостаза тогаш
Фала ти на одговорот. Исто пијам и јас, со господ со нас од следен месец ќе почнеме со обиди па се надевам ќе биде се супер. Лесна бременост имај си
Здраво членки. Сакам да ве прашам за искуство со лапараскопија кај др.Тофовски. Имам непроодни канали од хсг наод и матичниот ми препорача лапараскопска интервенција. Мене ме фаќа паника од самата помисла на анестезија. Имам една операција од слепо црево и лошо поминав пред неколку години и се плашам да не ми се случи истото.. Сакав на ИВФ да одам но матичниот ме предомислува прво оваа интервенција да ја направам.
Јас сакам преку инвитро бидејќи ми е страв од интервенцијата. Едниот канал ми беше малку прооден и затоа рече да пробаме лапараскопски
Sepak ne razbiram ako si za invitro zošto ti se kanalite, edino ako saka prirodno da probaš ili inseminacija, zavidi od dijagnozata što ja imate so soprugot
Матичниот сака природно да проба, а она сака директно ивф поради страв од анестезија. @Rina1992 Јас сум со трауми од целосна анестезија и искрено следниот пат кога бев пак под анестезија ми беше премногу стресно ама си направив муабет со анестезиологот, си кажав искрено како се осеќам и многу ме смири. Сигурно таа интервенција не трае долго колку операцијата од слепо црево и претпоставувам дека би била под некоја кратка анестезија. Направи си муабет со докторите и пробај да го надминеш стравот.
Нека ти закаже матичната термин кај Тофоски, ќе ги види тој снимките и ќе ти каже како да правите. Инаку и пункција при ИВФ кога има повеќе јајце клетки се прави со анестезија, краткотрајна.
Не мора да ти се проодни каналите за ивф. Како што пиша членката, и пункција ако имаш повеќе јк се прави со анестезија. Не знам зошто, ама и мене ми е повеќе страв од анестезија отколку од интервенција.
Ти благодарам што го сподели твоето искуство. Ме убедуваше и матичниот дека не е ништо страшно, минимална интервенција но ете некои панични напади ме фаќаат од помислата на анестезијата. Убаво викаш, со анестезиолог разговор ми треба QUOTE="Skyler, post: 6961623, member: 159440"]Матичниот сака природно да проба, а она сака директно ивф поради страв од анестезија. @Rina1992 Јас сум со трауми од целосна анестезија и искрено следниот пат кога бев пак под анестезија ми беше премногу стресно ама си направив муабет со анестезиологот, си кажав искрено како се осеќам и многу ме смири. Сигурно таа интервенција не трае долго колку операцијата од слепо црево и претпоставувам дека би била под некоја кратка анестезија. Направи си муабет со докторите и пробај да го надминеш стравот.[/QUOTE]
Да да знам за ивф немора проодни канали но матичниот сака да пробаме по природен пат ако може, па крајна опција да е ивф.. QUOTE="Anyshka, post: 6961781, member: 158215"]Не мора да ти се проодни каналите за ивф. Како што пиша членката, и пункција ако имаш повеќе јк се прави со анестезија. Не знам зошто, ама и мене ми е повеќе страв од анестезија отколку од интервенција.[/QUOTE]
Ако каналите може да се средат при лапароскопија ќе постои можност и за природно. Плус при интервенцијата ќе видат убаво што се случува во каналите затоа што ХСГ може и погрешни резултати да даде. А ако на пример причината поради која каналите се непроодни е хидросалпингс, тогаш подобро е да се отстранат затоа течноста која истекува може да го оневозможи имплантирањето на ембрионот во матката. Затоа најдобро е да одиш кај специјалист да види и да ти каже која опција е најдобра.
Ти благодарам драга. Исто и матичниот не му верува многу на хсг наодот и ме посоветува да одам кај Тофоски да се види причината.