За жал, нема гаранции ни со стимулации дека нема да биде ановулаторен циклусот. Немора да значи дека во фоликулот/фоликулите ќе има јајце клетка. На тоа неможе да се влијае и да се знае, освен при пункција за ивф. Јас би ти рекла да го послушаш докторот, пробајте на природен, па ако случајно не расте доволно водечкиот фоликул, ќе го скокнете тој месец и наредниот ќе пробате другачје. Со среќа
Ама пробај на природен циклус. Сте пробале ли? Никој не ти гарантира дека и 10 фолекули да имаш дека се полни и дека се добри. Може да имаш 10 фолекули, ама ниту еден да не е водечки и од ниту еден да имаш јајце клетки. А со природен циклус може да имаш 1 фолекул од 22-24 мм и да имаш позитивен исход. Незнам како ќе ме разбереш, ама зошто не го слушаш докторот? Сепак е он стручно лице кое многу повеќе знае што гледа и стимулации секој месец не е баш добро. Кломифенот има ефект да, ама долго користење , ги намалува резервите на јајце клетките. Затоа и докторот сака да ти го одмори телото од смтимулации. Плус кломифенот има продолжено дејство. Слушај го докторот. И јас запнував за стоп инекција, ама др.убаво објасни дека на таа големина фолекули во комбинација со стоп инекцијата, ќе направат хаос.
Mene prviot pat za inseminacija mi prepisa doktorkata 1x1 mi rece ajde da ne e jaka terapijata za prv pat
Мене докторот ми кажа и дека не е добро за јајниците од толку стимулации, затоа ми предложи на природен, и нареден пат кога ќе почнам процес, исто ми предложи на природен.
Девојчиња пишав во друга тема ама никој не ми одговори. Дали тсх и пролактинот мора да се испитаат на 3ти ден од циклус?
Не мора да се на трет ден правени било кој ден може, само дента пред да ги правиш да немаш голема физичка активност и мислам односи да се нема вечерта ова посебно за пролактин испитување важи.
А за упат треба да нагласам дека сакам само тсх и пролактин или мора да се сите репродуктивни хормони? Фала многу
Пролактин на 21 ден од циклус пред 10 часот наутро, за тироидна мислам дека може било кој ден ама исто да е пред 10.
Не мора да се сите хормони, јас имам испитувано само тсх, некогаш само тсх и амх. Ќе си кажеш за што сакаш да испиташ.
Не мора сите хормони само тие што сакаш и најдобро е сабајле во 08ч да се испитаат одморена и наспана да одиш.
Здраво девојки, се надевам дека се уште има девојки што ќе споделат искуство тука, односно има ли некој со дијагноза идиопатски стерилитет што добил бебенце? Кои методи се покажале ефикасни(кломифен, инсеминации, ивф или сепак природно)?
Еве сум. Се супер бебе немаше. Имам пробано со кломифен, хипер стимулација ми направи мене. Еднаш инсеманација на спонтан циклус со совршени фолекули, ама ништо. Втор пат инсеменација, само со стоп инекција, скоро 5 ти месец влагам. Најлошо мислам е оваа ситуација , каде е се супер, ама не биднува. Инаку, со препорака од др. пиев метилирана фолна, аспирин ( ова и мм пиеше навечер) и на своја рака пиевме едни апчиња за подобрување на јајце клетки и сперматооиди и за поголем и побрз проток. И кажав на др.дека ги пиеме и ни даде зелено светло. Почмавме со се почеток на декември, на 06.01 позитивен тест. Ти посакувам многу многу среќа
Жени, вчера ми открија дека имам преграда на матката (септум) која мора да се отстрани. Дали некоја го имала истиот проблем и после тоа останала бремена по природен пат? И дали е болно отстранувањето?
Јас имав преграда на матката. Ми ја отстранија кај доктор тофовски во државна. Во тек на интервенцијата си под целосна анестезија а интервенцијата трае 15 мин После тоа си слободна и си одиш дома. Не е ништо страшно Јас сеуште не сум бремена ама имаме и друг проблем . поздрав и со среќа
Zdravo, sobiram dokumenti za invitro i zaglaviv na brisevite 5 pat antibiotik, samo nizleguva nekoja bakterija gubime vreme i bez odnosi (znaci 0% sansi za bebe)i bez dokumenti(ke mi pominat tie 6 meseci za da ne bidat postari od 6 meseci neli) sovet nekoj?