Систина и Ремедика не ми текна,баш ќе прашам таму а за Чаир аптеките намерно барав броеви и од тие аптеки сигурно во 5-6 што се јавив ги нема
Пробај со ја среќата со Ремедика и Систина. Обично кај нив се наоѓа тоа што е понедостапно по други аптеки.
Девојки мои Јас денеска правев инсеминација Стимулирана со Кломифен, имав 3 фоликули од кои 2 од 20мм, примав стоп инекција и со 26 милиони обработен материјал ❤️ Само сакам Бог да е со мене, па што биде нека биде, сѐ надевам ќе се израдувам за две недели
zeni kupiv test za bremenost be safe pisuva deka e isklucivo za invitro.... dali ima ne kakva vrska bidejki jas nemam praveno in vitro, probuvame prirodno I deneska mi e 27mi den od ciklusot dali mozi Sega da go napravam ili da pocekam?
Третото фолекулче колку mm беше? На која големина прими стоп инекција? Добро реагираш на кломифен штом се формирале 3 фолекули. Материјалот е исто така одличен. Држам среќа да биде успешна Реално имаш шанси. Мојата успешна инсеминација со близначиња беше исто со 3 фолекули од кои две по 20mm едно 18mm, на оваа големина примена стоп инекција и инсеминација после 36часа од стоп инекцијата. Оплодени беа фолекулите со големина 20mm за време на стоп инекцијата, констатирано на прв преглед, а водејќи се по страната (2х20mm беа на лева страна, таму беа и сакусите). Со среќа
Третото фоликулче беше 18мм мила, исто како тебе. Примив стоп инекција кога двете фоликулчиња беа 20мм, третото 18мм и ендометриум 9мм. Добар е материјалот? И докторот и сестрите ми кажаа дека е одличен, искрено не очекував 26 милиони па пријатно се изненадив. Камоли да биде и кај мене успешно, како што беше кај тебе. Имам читано дека првата инсеминација знае и да не биде успешна, ама сѐ надевам на тоа дека барем на едно од трите фоликулчиња ќе фати
Даа, нас со 20милиони ни велеле дека е одличен, што значи 26 е уште подобро. Процентот на успешност се зголемува со секоја помината IUI затоа се смета дека првата има помалку шанси, но имаме и на форумов со успех од прва. Стимулирана IUI има нешто поголем % на успешност. Поголем број на фолекули од еден исто така е поголема шанса за успех. Материјалот ви е најмалку 3 пати подобар да речеме од тоа што се смета за добро. Ендометриумиот е супер. Уште прогестеронска терапија да примаш, претпоставувам ти препишаа. Така да јас очекувам да се пофалиш за две недели
Фала ти миличка, дај Боже да си во право! Фала ви на сите за поддршката и убавите зборови. Сите ќе сме мајки еден ден
Девојки добро утро Дефинитивно никаде нема Примолут нор и во аптеката на Систина прашав и во Куманово дури во некои аптеки се јавив И пишав на матичната ми кажа дека проверила навистина ги нема и замена за нив ми рече од денес да почнам Добрастон (мислам така се викаа) се надевам тие ќе ги најдам и дека добро ќе ги поднесам не сум пиела до сега тоа Никако да прекине тој кафен исцедок ме мрдна веќе поради таа причина треба да ги пијам 10 дена х2 Ви посакувам на сите убав ден и позитивни резултати на сите кои чекаат убави вести
Па не знам која е таа како се вика,како наоѓав броеви така се јавував сите ми рекоа нема и затоа овие другите да ги почнам денес да ги најдам..Но еве па од денес од утрово веќе го немам тој кафен исцедок скоро па како веќе ич да нема..дали сам ќе престане дали сепак да ги најдам овие и да пијам навистина не знам ќе видам во реков на целиов ден дали само од себе престанува или не
Здраво на сите Имам 32 години и едно дете од 7 години Се обидуваме за второ дете веќе трета година и не биднува Имав една биохемиска бременост пред една година Имам испитано витамини, пап, брисеви, хормони на трет ден од циклус, правено ХСГ, испитано тромбофилија, се тоа уредно и направено мутации Имам неколку мутирани гени и покриена сум со терапија од трснсфузиолог за нив повеќе од пола година, правев и хистероскопија при која беше отстранет мал септум Сопругот има добри спермогами и чиста спермокултура Ги пиев сите можни витамини, чаеви и слично што слушнав дека може да помогнат Дали сметате дека постои уште некое испитување кое би требало да го направам? Ви благодарам