за да ти помогне господ треба и малку сам да си помогнеш,прво хормонски анализи треба,проодност на канали и сперматограм за сопругот,поубаво е со време да се испита да се зане на што да се обрнува внимание во иднина,лекот е 5пари само да се знае што е пробелмот .
Девојки да ве поздравам .. да ви кажам дека сум добро испитав хормони инсулинот е покачен си мијам метформин ендокринологот на мајка ми и кажал да бидам на диета затоа што сум ризична група на дијабетичар и сега си го пијам 2 на ден од 500 .. во мегувреме видов во проспект од зегин дека цинкот помага во подобрување на плодноста и уште едни за подобрување и забрзување на сперматозоидите и си ги купив и еве и цинкот го пијам околу 6 март треба да добијам па ке видиме како ке биде еве една недела пред мензис едвај станувам од кревет половината ме боли од време на време и некои други симптоми но ке видиме бевме доста активни и незнам дали сум пишала предходно дека два пати имав овој месец од 1 феб. до 6 феб обилно крварење за тоа знаете и усте едно од прелика 14 феб .. 2-3 дена кафеаво и така натака хехе се извинувам ама ми олесни на душава со си кажав се ве бакнуваммммм
И јас би ти препорачала веднаш да посетите лекар,година време неуспешни обиди тука нема збор, не треба повеќе да се чека.Се што ќе се открие порано може успешно да се излечи со оглед на тоа дека медицината денес е многу напредна и што е најважно не треба да се губи надеж. За сите вие што се сте во исчекување ви посакувам најскоро да не израдувате и да не се разочарувате кога нема да ги видите двете цртки особено оние тазе мажени..се ќе си дојде и вие ќе се израдувате со бебче само мислете позитивно,зошто стресот многу влијае.Ви посакувам многу среќа на сите,нека месецот на жената ви го донесе тоа што толку го сакате
Тинче мајмунче, мој совет ти е да одите маз ти да си направи спермограм, па ако е и тоа во ред тогас ти направи ги останатите испитувања сто ги немас направено до сега! ние така бевме ко вас, и одев по доктори правев редовни контроли, абе се во ред, и на крај ресивме да направиме спермограм и замисли, бас тука ни бил проблемот, ама кој да претпостави, маз ми силен, здрав, прав, не ни помисливме дека мозе да има таков проблем, и еве година ипол ни требасе да се оправи, со резултатите, затоа девојки не цекајте и не се проверувајте само вие, и мазите васи мора да прават испитувања! срекно на сите!
Лори 30 што е до мене јас проверив скоро све освен проодност на канали мен ми е точна секогаш, а кога ќе му спомнам на мм за на болница не сака да слушне ми вика не се секирај се е во ред не се вознемирувај ке ќе сака господ се ќе биде,плус и свекрва ми ми стои на глава го бара проблемот во мене а е во синот,си оди сама по гинеколози и си прашува,последно ми имаше донесено апчиња цикло прогинова,кога ја прашав зосто ми се ми рече ти испијси ги,а јас апчињата во рака и кај гинекологот што ми ги препишал и ја прашав за што ми се ми рече да ми се регулирал циклусот,јас и викам редовен ми е е па тогаш за хормоните да ти се стабилизираат а мене стабилни само естрадиолот ми беше малку покачен испитании на 13 ден од циклус сега чекам да добијам па да ги проверам на 3 ден од мен да видам како ми се.И ти ја посакувам сета среќа на светов да си ги видиш конечно двете цртички на тестот и да се префрлиш во др тема,бидејќи одамна те читам тука.позз и со среќа и се најубаво
Сакам да прашам дали имаше односи додека се пареше со темјанот или исклучиво после 2 дена парење и еден ден пауза?
Не,односи треба да имате после денот кога се прави пауза. можеби погоре не објаснив убаво,значи парењето го правиш само два дена,после 5 дена одкако ке ти заврши менст.се надевам дека сум јасна ако не слободно прашај
Има ли некоја девојка што го испроба лекот со тулата и темјанот што ви го предложив,можеби е сеуште рано ама јас многу сум нестрплива ве охрабрувам да го пробате навистина не е ништо комплицирано а зачудувачки успешно среќно на сите па што побрзо да се читаме во труднички муабети
За Тинчемајмунче свекрва ти не е доктор па да ти дава лекови и витамини да пиес, постојат соодветни лица сто учеле за тоа....мој совет не слусај многу други, туку подбери го маз ти да се провери! најди начин како да го убедис, кази му дека читас по форуми оти има многу случаеви каде мазите се проблем и така мозеби ке го убедис! инаку и маз ми се срамесе да тргне по доктори, ама верувај кога тргнавме , па знаес ли колку многу парови има сто чекаат по салите заради проблеми за добивање бебе...колку бев изненадена, не ми се верувасе, ајас мислев ние сме едни од единствените! верувај тоа е како да тргнес на лекар за грло кога ке те боли, па и сама :итас по форумов колку не има сто мака мачиме да добиеме бебус! само опустено и не се отказувајте, натерај го да се провери! поздрав и среќно
Јас синоќа пробав прв пат, ја загреав тулата, го ставив темјанот и капнав од оцетот, но мислам дека не беше баш успешно бидејки чад имаше многу малку, првите неколку секунди. Дали треба цело време да чади темјанот?
без гајле не треба да се гледа никаков чад повеќе се осеќа миризбата, денес загреја на најсилно 40мин за повеќе време да држи топлината.
Здраво девојки Јас одамна сум на форумов, само не пишувам многу често! Јас лани во март имав спонтан во 7 недела! и од јуни па еве до сега, пробуваме ама никако не сака! Јес да некои месеци и не сме биле баш активни, ама пак! Се плашам да не неможам пак да останам бремена! Што мислите вие, до кога треба да чекам за подетални анализи?!?
Мој совет е да не чекате и двајцата.Треба да посетите доктор да се утврди што е проблемот.Може проблемот да лежи и кај мажот и тоа подеднакво како кај жената.Читам срамно било мажот да отиде да се провери.Глупости!Јас тука не гледам ништо срамно.Така да што порано тоа подобро,шансите се поголеми знаејќи дека со старосната граница се намалува и плодноста.Сега ти рече не сте биле најактивно може и тоа е проблемот што не сте се посветиле доволно,но сепак посетете доктор
Немој да се плашиш, најбитно е да бидиш опуштена и по се изгледа да не мислиш премногу на тоа. најлесно ќе се опуштиш ако посетиш добар гинеколог, и така ќе знаеш најдобро на што си. Јас откако одам во Плодност, некако се чувствувам и посигурна и посамуверена. Верувај мн влијае тоа навистина да знаеш дали реално постои проблем или само преувеличуваме сите кога станува збор за нешто што ни е едноставно битно...
Здраво девојки како сте ми? Не сум ви пишала одамна да ви дадам поддршка, но претходната недела бев болна, а послем тоа си дојдов кај мажето (нели бев во мк).. Баш ми е жал што нема нова трудница Ви пуштам среќичка за овој месец Ви благодарам на сите што ми бевте поддршка додека да ги видов моите две цртки. Сега сме 6 ипол недели. и за сите
Во иста ситуација сум и јас Laura87, и јас имав спонтан во 6-та недела а и пред тоа се помаЧив скоро цела година да забременам. Еве сега неколку месеци после абортусот како се обидуваме и не ни оди, да ти кажам и јас се пласам од истото ,,дали ке забременам повторно? И поЧнав да си правам филмови како ке сум безЧедна и ред др.глупости. Имам испитано се, мм правесе и спермограм се е во ред незнам зосто несака да фати? По се изгледа голема улога кај нас има психата. Те поздравувам и се надевам дека Господ има план и за нас двете и за сите др.на форумот сто се во исЧекување
Здраво на сите на форумот.....Ептен сум тазе па се надевам ќе си имаме најубава дружба Инаку јас веќе подолго време се обидувам да забременам но некако тешко ни оди, на мажот ми му најдоја некоја бактерија... Сега веќе одиме во Плодност во Битола на вештачко па со господ напред се надевам за брзо ќе има новинка....И ќе ве израдвам и вас....Др.Таше е оптимист па и јас со него....
И јас сум со вас девојки...после спонтаниот во октомври-усте немозам да забременам...незнам сто да правам! се надевам ке успееме набргу